Мене од Аура ми се многу убави. За светли очи можеш темно зелената да ја пробаш, мноогу убава нијанса е. И лилавите убаво би стоеле, ама тие се со малку послаб квалитет за разлика од другите нијанси. Исто и сребрените нијанси убаво стојат на светол тен и очи. Грл до вкусовите е сепак, еве Лудото не ни е задоволно Во парфимериите има тестери, па најубаво е сама да го видиш квалитетот и текстурата.
http://rubyrosecosmetic.com/ руби роуз имам јас една сенска т.е 4 сенки се на кафеави бои и крем боја, за 70 денари на пазар ја купив супер е http://baolishi.en.alibaba.com/productg ... l#products baolishi некоја си кинеска марка, за 100 денари ги купив и не биле 3, 5 боички биле одете на пазар побарајте сенки, ќе разгледате ќе видите кои се квалитетни кои не, се разбираме ние во козметика сликиве подоле, не се мои на нет ги најдов
Од Италија ми се купени додуша, можеби затоа... *Едит: Од Дебора конкретно до сега ништо си немам купено од МК и не би знаела да кажам дали е истиот квалитет.
Јас од Аура ги имам овие сенки (оваа сега приметив дека ми се раздробила, не беше ваква ) и сум задоволна од нив. За сенчање ја користам и оваа зеленава од Кетрин Арли ( ваква е раздробена бидејќи само што излегов од парфимерија сакав да ја отворам а носев со мене еден куп работи, и ми падна и се тркалаше добри 3 метри по улица, ама си ја прибрав ) Задоволна сум и од неа, знам да си измешам некои овие нијанси за смоки ајс - иако овие златниве послабо ги користам, само за внатрешните рабови на окото најчесто Кога нанесувате сенка не се плашете да експетиметирате, не нанесувајте само една нијанса на капакот и готово, мешајте, сенчајте- или ќе се воодушевите од резултатот или ќе ве чекаат за излегување , ама се е пракса, и според мене најважно е да користите четка за санка, со апликатор не се добива истиот ефект Еве дел од нијансите на рака, иако апаратот малку лаже за нијансите
BH Cosmetics е едно, а Coastal Scents е друго. Coastal Scents имаат посебна страна. Патем, не ви е страв да купувате од пазар? Јас никогаш не би купила сенка или било каков вид козметика од таму. Се друго, само нешто што ставам на лице не. Уште нешто, каде ги продаваат сенките на Аура? Јас во аптека имам видено, ама не знам во која.
Сепора сенки на аура имаш во Зегин (во ГТЦ). Зборам за еднобојните, а за тие со три бои не сум сигурна. исто така и во Јуник има аура
за сите што сте љубители на светли и тренди бои за сенки баш гледав и на фемина дека ќе се ин оваа сезона ги има во авон сенките 4 за 250 јас сум презадоволна еве ви сликички http://www.google.com/imgres?imgurl=htt ... 29,r:9,s:0 еве како изгледаат http://www.google.com/imgres?imgurl=htt ... 29,r:2,s:0
Многу ми се допаѓаат сеникте од авон.И мислам дека секој сто ги користи е задоволен од нив.Има и убави нијанси и трајни се и не се многу скапи
ги користам голден росе во прав.....како светкаат ммммм најдобри ми се и не се скапи околу сто и несто денари а ми траат години
МАС има и во Солун. А ги има ли некој користено трибојниве сенки за очи на Макс Фактор И дали воопшто ги има кај нас?
Благодарејќи на ЛивингГлам и нејзините совети решив да ги пробам аура моно сенките и можам да кажам дека се одлични. Ги зедов нијансите 26 и 28. И двете се нежни бои и во комбинација изгледаат прекрасно
Марамке не знам дали имаш известено веќе, ама јас да си прашам: Ти стигнаа? Која палета ја нарача? Директно за Македонија нарачуваше?
Морам и јас да упатам благодарност до Ливинг, благодарение на неа ги пробав исто сенките на Аура и одлични се! Задоволна сум ептен Инаку ги употребувам стандардно кватро сенките на Гош и презадоволна сум и со нив. Баш овие нијанси ги имам. Ама тоа мислам дека спомнав веќе во козметичкото катче.
Веќе подолго време ги употребувам сенките на Gosh и премногу сум задоволна, сега за сега не би ги менувала. Инаку најмногу користам и најмногу ми одговараат сенките во посветли бои.