Здраво дали знаете алтернатива за нанесување на глитери без онаа базата? ВО мојов грљад неможам да најдам нема никаде..некои ми велеа прво стави гел за коса на очите глитерите и потоа фиксатор дали постои некоја друга варијанта?
Ги купив сенките на makeup revolution и ставрно се добри еве од сабајле ставив, 12 саати не мрднаа,топ за тие пари,и пигментираност и издржливост
Ве молам женски кажете ми, дали освен онлајн од една страна на фб можам палетава да ја најдам по парфимериите во ск и во која? Фала.
@BellaS оригиналната палета ја нема општо во Македонија , единствено можеш да ја најдеш онлајн od beautybay.com , овде знам дека се 100% оригинал , од друго место немој да земаш поготово не од тие наши страни на фб каде што продаваат фејк Мак , Нејкед и др
Jaс ja имав пред 2-3 години, ja нарачав од Али Експрес за 4 долари , сигурна сум дека и овие на Facebook од таму нарачуваат. Ja нема каj нас никаде. Оваа копиjaта ми предизвика тешка очна инфекциja, подобро купи си некоjа друга палета (Catrice, Maybelline, Essence имаат фини nude палети).
Се согласувам со @LollySky , имаш фини палети и на Make up revolution можеш да разгледаш и од нив во продавниците на Голден роуз
Makeup revolution имаат палети што се како копија на овие и се со солиден квалитет. Цената е околу 400 ден. и ги има во ГР.
Лак за коса може да биде потенцијално катастрофална опција зошто лакот е нешто што би можело да му наштети на очите и кожата (особено околу очните капаци каде што е најнежна) и може да не ги држи светките кои пак така можат да завршат во окото и да ја изгребат површината. Некои велеа дека можело и со капки за очи иако мислам дека тоа се однесува за сенски за нанесување со сува и со мокра четка. Обиди се само со фиксатор за шминка.
Мене ми се многу фини оние трио-палетите, посебно кога се шминкам минимално. За секојдневен изглед се добри, но нанесени без база, некои посветли тонови не ми се познаваат воопшто на окото. Со малку база се далеку подобри и така ептен ми се допаѓаат. Искрено, за таа цена, Есенс имаат подобри сенки. Алверде можеби имаат подобро избалансиран состав, меѓутоа не ми се допаѓа како изгледаат на око без претходно нанесена база.
Препорачајте ми некоја палета ( кај нас достапна) со топли кафени тонови? Слична на оваа Ја имам Naked 2, но сите кафени сенки се со ладен подтон и некако очите уморни ми изгледаат.
Max Factor sumptuous gold се прекрасни од кога ги имам непрекинато ги користам за секојдневен изглед. Нијансите се прекрасни топли, долготрајни се и супер пигментирани од мене 10 имаат.
@Avery, Не е палета ама зирни ги divine eyes единечните сенки на Аура. Нијанси: Sun Kiss, Cafe Au Lait, Snakeskin Исто и Sunset Brown e прекрасна топла препигментирана нијанса Мислам дека Cafe Au Lait и Sunset Brown особено ќе ти се допаднат! Ако ти фатија око, повеќе за сенкиве може тука да си прочиташ