Да, задоволна сум. Сенките се супер, иако со овој ум повеќе би ја избрала палетата која има само мат сенки. Али тоа е личен избор Ја земав од Голден Роуз во ГТЦ, цената беше 790 ден.
Би ти ја препорачала мат сенката од Flormar, мислам дека е околу 150 ден, одлична пигментација, малку се рони ама мене воопшто не ми претставува проблем. Од сите црни мат сенки што можат да се купат кај нас таа ми е најблиску до квалитетот на Makeup geek corupt i mac carbon..
Дали може некоj да ми каже за шминките на deborah, дали се добри? Ги гледав нивните големи сетови...му фрлив око... Или да ми предложи др марка...
Искрено по квалитет ми се тука некаде со Мејкап Револушн. Со добра база се пигментирани и двете,издржуваат добро без да се соберат.. По доста пристапна цена и полесни за разносување на ваму на таму..Дебора ми се премногу масивни.
@Lorins јас мислам дека на Дебора , се преценети , прескапи. Мислам дека 2000 денари се големите палети , премногу е , јас сенкиве на Сефора ги наоѓам за околу 20 евра а врв се немам збор , квалитет екстра. Зашто не пробаш на Мејкап револушн , многу феминки ги фалат дека се супер , а не им се скапи палетите
Која палета на мејкап револушн би ми ја препорачале? Сакам повеќе земјени тонови, неутрални, моуви, бордо... не користам сребрени, сини и некои јаки бои. Нр очекувам палетата да ми бидр скрос погодена, али не сакам пола да ми останат нечепнати.
Мене Дебора ми се преценети. Не се споредуваат баш со Мејкап Револушн, според мене МUR се каде-каде подобри и поквалитетни од Дебора. Тргнете од пигментацијата - Дебора се многу слаби, додека пако овие другиве се доста интензивни дури и без база. Да не зборам за тоа дека MUR сенките ми траат додека не исчистам шминка од лице, без разлика колку време сум била нашминкана, а Дебора без база се губат за доста кратко време и се враќам дома без шминка. Преценета козметика се, јас пре би дала 2000 денари за Мејкап Револушн, отколку за Дебора.
Малите се 395 денари. Јас имам една со такви бои какви бараше, види во темата Вашата шминка низ слики. Јас пак би си купила MUR од поголемите палети. За дебора имам слушнато дека се ронат. MUR доста траат.