Да се поправам, оваа шо ти ја пишав не е само мат сенки, туку има и светкави. Сум ја смешала со Flawless matte
Женски, да ми препорачате златен глитер? Само да не е со порачување од некаде оти итно ми е. И да не е многу скап. Фала
Доколку некој е заинтересиран, colourpop.com уште некој саат има free international shipping. Имаат фантастични сенки за очи.
Ме интересира дали од MUR има палета со 6 или 9 сенки? Јас сегде имам гледано огромни палети со 30тина бои, а јас си користам само неколку нијанси и немам потреба од толкави палети..
Можеш да порачаш од нивната официјална страна , а незнам во Мк дали ги има истиве https://www.tambeauty.com/en/Makeup...dow-Collection---5-Amazing-Shades/m-1756.aspx
@BellaS Ги имаш овие пигменти во Александар козметикс , јас лани баш земав две бои , 250 денари е една
@koritsaki со (каква) база ги нанесуваш? Јас имам такви од Севентин,ама самостојно некако не се "лепат" на окото
@softy1 , јас ја имам базата на Радиант , оваа е поточно Ја има во Космо мислам дека е околу 350 денари , јас мојава не ја земав од Мк , а е многу добра сенките со часови стојат , без база кога ке ми текне јас порано кога ставав сенки бидејќи плус имам масни капаци по 2 часа линија ми се правеше на окото. Оваа база е најдобра од сите што сум ја користела , ти ја препорачувам
Не ми дадоа во Golden Rose да ги пробам Makeup revolution, не им биле тестери ... Не знам што да правам, сакам некока палета квалитетна пошто планирам и за матура сама да се шминкам. Ја гледав morphe 35O, палетата е прекрасна, сите овие јутуберу Jeffree star, Nikkie tutorials, Tati и мн други ја испофалија ептен, цената е 2400 со се шипинг, не знам што да правам...
Јас сега ќе си ја порачам, другарка ми ја има и верувај ми поубаво нешто нема. Мислам дека се исплаќа затоа што имаш 35 сенки кои ќе траат со години. Барем мене ми траат со години. A планираш и сама да се шминкаш за матура, така да јас сум за. Секако за квалитетен шминкер ќе платиш поскапо и вечерта ќе ја избришеш шминката.
Фала за советот, најверојатно деновиве ќе си ги порачам и јас. Инаку дали има некој идеа за добри mauve сенки т.е бордо, лилакови? Гледав catrice, aura, golden rose имаат ама не знам што да земам?