Дали некој има користено палета на Revealed? @koritsaki можеби? Да ми кажеш како си задоволна и дали вреди за парите .
Нијанса како оваа на Make up geek-cocoa bear?Ми треба кафена сенка, со топол подтон и црвеникави нијанси во неа.Или ако знаете палета со топли земјени тонови, мат, споделете.
Девојки решив да си го обновам козметикото катче, ама со оглед на тоа што малку сум послаба со пари периодов решив да побарам ваше мислење за сенки за очи нарачани од Алекспрес. Искрено до пред некое време бев скептична во врска со ова затоа што сум многу пребирлива кога станува збор за шминка и за тоа што ставам на лице и очи. Но, пред некое време дознав дека во еден салон во родниот град кај што често се имам шминкано всушност покрај оние на MAC и на NYX користеле и сенки нарачани од Али. Со оглед на тоа што немав никакви проблеми а ни иритации на очите би сакала да ги пробам. Ме интересира вашето искуство и конкретно ако може да ми пратите од кои нарачани производи сте биле задоволни.
Јас би ти рекла, подобро купи си палета од Голден Роуз (чисто информативно, стандардна палета со 12 тонови од Makeup Revolution која патем има врвен квалитет од типот на Артдеко (барем за мене) козметиката, ти е 395 денари, ќе ја користиш цела година па и повеќе дури), него ли да нарачуваш сомнителна козметика од Алиекспрес). Од еднаш-два пати шминкање во салон може нема да ти се случи нешто со лицето, ама не си дозволувај вака да користиш козметика со сомнително потекло на долг период. Ова сфати го како најдругарски совет, немам ништо против козметиката која ја продаваат кинезите, ама пре би да играм на сигурна карта. П.С. Една „проста“ математика во однос на горенаведените продукти од MUR - 395 денари палета сенки и 350 денари палетата 3во1 (руменило,бронзер и хајлајт) и опремена си за во наредните 24 месеци за помалку од 1000 денари.
Не се согласувам. Јас имам сетови од Дебора и се прееедобри. Пигментација без база одлична. Ми траат 10тина саати и кога ќе дојдам дома што се вика едвај ја бришам сенката со отстранувач за шминка.
@Irreplaceablee чинам ти имаше слики со една сенка од мода и често се шминкаше со неа, мислам сино нешто имаше или ја мешаше со сина сенка. Памет ми остана на таа сенка, ако можеш пиши бројче или стави слика од сенката...морам да ја купам
Ако мислиш на оваа сенка, еве: Ама не се шминкам често со нејзе и не ја мешам со сина. Може си ме помешала со некоја девојка.
Да, стигаш од пазарот до атлантик и од антлантик на самата раскрсница лево, на 10 чекори е таа продавница.
Moze da mi preporacate paleta od 3-4 senki, mat i ubavo da se pigmentirani, vo zemjeni tonovi? Doma imam nekoi od Essence i Deborah ama i pet kila da stavis, samo svetki se poznavaat... Ke si kupam i cetkicki, se resiv nesto "produktivno" da pravam raspustov.
Не нaјдoв сликa oд сенките Нo вo пoследнo време гледaм некaкo нежнo нaшминкaни сo светки не oние ,,мрсни,, сенки. Некaкo кo дa имaт сaмo светки нaфрлaнo пo кaпaкoт. Некoј дa не знaе сенки тaкви,кaкo мaт дa имaaт и oдoзгoрa не мнoгу честo нaдрлaни светки???