Каде ги има палетите на makeup revolution,во која Голден Роуз продавница? Имаат ли Фејсбук/Инстаграм профил,каде што можам да видам кои од продуктите ги имаат? @Mishela ,@Rose96
Веќе ги има насекаде, само изборот е различен во секоја продавница. Во Рамстор е многу оскудно, Сити Мол исто некој скромен избор, а во ГТЦ се најснабдени.
феминки купив сенки на голден роус мат, на тестерите беа феноменални сега кога земав да се шминкам не се познават никако на очите исто како да немам сенка.. дали постои и дали може да се става нешто внатре за да бидат малку повидливи... ?? чекам одговор во најскоро време..
Сенките што не се доволно пигментирани јас ги нанесувам со влажна четка, може ако имаш фиксатор за шминка да прснеш на четката, или со обична вода. Многу повидливи се а и подолготрајни. Пробај
фала ти срцка, само што пробав со фиксатор и со течноста за одстранување на шминка и нема којзнае колку ефект но пак се познава подобро заразлика од претходно... утре ке ставам и вода.. но мислам колку што е повлажно, толку подобро... иначе прикачениот фајл неможам да го отворам.. ми пише „грешка“...l:
Јас ставам или од фиксаторот од авон или прсам овична вода од шишенце со распрскувач, и секогаш има ефект.. Инаку сликите се од палета со 5 бои од Golden Rose, ти сликав со сува четка и со влажна, ако не ги отвора ако сакаш пак ќе ги прикачам
стигнаа и ги видов, супер.. јас ставив директно од фиксаторот на алверде врз нив и со четката пробав и има ефекти, од утре и јас така ке ги намокрам четките.. сега ги купив и не сакам право да ги фрлам и затоа се разочарав, но ете имало решениееееее ..
Добри совети ти даде @lusii , ќе додадам само совет да користиш база за сенки, многу ја појачува бојата и ја прави потрајна.
Ги имам користено на essence,па можам да ти кажам дека воопшто не сум задоволна,воопшто..немаат пигментација,не се блендираат и едвај добивам боја на четката,a и самото пакување ми е некако чудно.Catrice ти е подобар избор. Еве јас само што се вратив од мал шопинг и наминав во една парфимерија и ги здогледав новите сенки на Меис и решив да ги пробам.Има 6 сенки 2 мат другите светкави.Пигментацијата одлична и можам да кажам дека формулата им е нова и подобрена.Имам и други нивни палети кои се добро пигментирани но премногу правливи,а овие не се толку многу.