@celineparis @Panthera Јас ја имам палетата,мат нијансите се добри,пигментирани,лесно се блендаат.Седефастите се тие што праат проблем.Изнапробав секако да ги нанесам,на прстите оставаат како фолија што прекрасно изгледа ама не се лепи на окото.. Им го најдов чарето,со четкичката што е внатре поминувам низ сенката па тапкам на окото и така вадам највеќе пигмент.
Си ги пребарав мислењата за да ја најдам сликава зошто заборавив како се вика. Порано ја имаше на бит пазар, дали некој ја видел во скоро време некаде и цена дали знае? Од ruby rose е инаку.
Ја имам гледано во локални парфимерии, сигурно ја има и на бит пазар мислам дека беше околу 350 денари, ама секако цената зависи од каде ја купуваш
Девојки, пак јас со базите. Препорачајте база за сенка некоја. Радиант е одлична и ми е при крај, но со сенките на Sleek малку потешно се сенча бидејќи е леплив. Авон и артдеко не сакам. Нешто од други козметики за мрсни капици?
Ми требаат многу пигментирани сенки, сјајни. Препорака некоја? А за базиве, никпгаш не сум користела па сакав да прашам за начин на котистење. Јас за полесно блендање ставам камена или пудра во прав. Како се блендаат со база?
Mur можам да ти ги препорачам, имаш разни палети. Одлични се. Инаку базите не се блендаат, базата ти е подлога за да не ти се собира сенката и да ти трае подолго сенката.
Не сум се изјаснила убаво. Мислев како се блендаат сенките врз базата? Инаку ги имам мур ама ми требаат повеќе пигментирани сјајни сенки
@Emotional123 обично прајмерите се лепливи, нели за да се залепи сенката на него и да не мрда. Јас лично прајмерот секогаш го сетирам со камена/пудра во прав, или па со неутрална боја на сенка. За мене блендирањето е многу полесно така, отколку директно врз прајмерот. Ако не го сетирам, знаат да останат линии без разлика на тоа колку квалитетни сенки и четки користам. Неутрална/месо боја сенка или пудра во прав/камена за мене е одлично решение Што се однесува до одлично пигментирани светкави сенки, ти ги препорачувам Morphe сенките и пигментите (pressed pigments). Ова се чисти пигменти во форма на сенка и се одлични. На Beautybay ги има, и се живо џабе, некои 4-5 фунти се пигментите, а се феноменални. Исто, палетите им се одлични, препигментирани. Која и да ја земеш нема да погрешиш, имаат цели светкави, цели мат палети, а и микс од мат и светкави нијанси, така што изборот е огромен. Прогуглај ги пред да купиш, ќе ги видиш нијансите на нет. Make Up Geek исто имаат одлични светкави пигменти, и исто и нив можеш да ги најдеш на Beautybay. Исто, имаш и топла препорака од мене за пигментите на MAC, апсолутно се врв. Tan ми е омилен на сите времиња, прекрасна rose gold нијанса. За поинтензивна боја на светкавите нијанси јас лично користам MAC Fix+ фиксирачки спреј, но ако немаш, и обични капки за очи или било каков фиксирачки спреј ќе ти завршат работа. Само прсни ја четката пред да нанесеш сенка на неа и интензитетот ќе се зголеми тродупло
А некои што не мора да се нарачуваат? И уште едно прашање, кога го сетираш прајмерот, си ја врши ли работата?
@Emotional123, да, дефинитивно. Голема е разликата со сетиран прајмер, барем за мене. Мазна е површината на капакот, што значи дека имам совршена основа за блендирање и така не ми се собираат сенките и траат цел ден. Јас не можам да не го сетирам прајмерот, многу поубав резултат добивам вака. А убаво пигментирани светкави сенки кај нас сеуште не сум нашла, за жал. Seventeen ми се убави општо како сенки, ама светкави нијанси немам пробано, така што не би знаела. Седефасти да, тие се супер, и матот не им се лоши. Сепак мислам дека на нет има далеку подобар избор отколку кај нас, за жал.