Многу ретко ставам сенка на очите а кога ставам тоа е од една сенка од орифлејм кафена боја е ама ич не е убава одвај пушта...треба по 100 пати да си ставам за да се познава
Ги сакам овие од сликава Во Америка се 50 долари (на попуст 25). Преефтини се за вакви преубави и професионални шминки! Братучед ми на сестра му и донесе од Америка, презадоволна е + како што имам заприметено на сите туторијали за шминки на јутјуб се шминкаат со овие. Наредното лето, здравје Боже, пред да си дојде обавезно му нарачувам! Инаку шминките што си ги имам дома најчесто ми се од Артдеко и Аура, задоволна сум. Но, за цената 3 сенки од Артдеко ќе ја имам оваа палета од 88 бои! ВРЕДИ!
јас ги имам овие баш истите мајка ми ми ги донесе од австралија презадовноа сум од големиот избор на бои а и тешко се бришат
Хм.може мислам дека повеќе,ама најприфатлива е црната,сивата,поточно темни нијанси,бидејќи очите се светли Али убаво стојат и светли сенки http://www.easymakeupguide.com/eyemakeupcolors.html види тука нешто ако те интересира подетално
И кафеава еве. http://www.youtube.com/watch?v=mVAVFwTCLU4 http://www.youtube.com/watch?v=jbdGjyPj0Yk Светли очи најубаво се истакнуваат, со кафеава, темносива или во бојата на очите, ако се зелени зелена или ако се плави плава и лила сенка.
Женски, ај кажете каде да најдам и од која фирма да е црна сенка за очи, ама да нема светки воопшто, да не е мрсна.. Поминав многу парфимерии, секаде со светки беа црните сенки.. E ваква: ?
Има вака нешто на Голден Роуз во Рамстор, мат се и вака со еден допир гледам доста пигментирани има и црна А на Гош не виде тие имаат мат сенки.
Менди ја имам оваа палета на голден роуз и последната сенка е таква. Можда е минимално пигментирана, ама не се приметува, ете можеш да видиш и на сликата. Околу 250 денари чини Спојлер
Па сега зависи која цена ти одговара,ама Менхетен се добри еве вака изгледаат а инаку во која било парфимерија да влезеш и да прашаш сигурно ќе ти понудат повеќе и поефтини и поскапи Јас имам една на Габрини ја купив 30 денари и супер ми е исто мат,ама јас ги купувам во продавница на големо,мислам по парфимерии дека се околу 60-80 денари.
мене најубави сенки ми се артдеко дефинитивно!!!! само ги имам милион и никако да се одлучам да им купам кутија никако!!!!!
Засега имам еден прекрасен комплет од Дебора со сенки и со ружеви,си ги земав од Космо намалени кога беа на 900 денари.12 сенки се,и има 2 руменила.Боите па како ми се погодија абе мераци!И многу се квалитетни,не се собираат на очните капаци после некое време(тоа страшно ме нервира). И паковката им е супер,елегантна лакирана црна. Иначе имам и на Авон и тие се добри,имам на севентин и на голден роус,али Дебората ми се нешто посебно!Порано имав од Дебора палета со 3 бои,сигурно сте виделе е тие воопшто па не ми се свиѓаа.
Моментално ја користам оваа палета на сенки,бидејки најнова ми е и сите бои гии имам тука,така да другите ги баталив,Инаку преубави се,трајат доста време и не се собираат на капакот....
Презадоволна сум од Carlo di Roma, но во скопјанка во beauty shop ми кажаа дека ја затвориле фабриката и дека веќе немало да добиваат од нив.Дали имате вие некаква информација со ова?
Ми се допаѓа квалитетот на сенките на Gosh и Seventeen. Кога се шминкам сакам да добијам БАШ боја, а не да ми остави само прашина па на фотографии излегувам како да не сум нашминкана. Овие на Gosh се доста солидни, а пак сенките на Seventeen пријатно ме изненадија колку се кавилетни а прилично евтини, оставаат многу боја и се задржуваат долго. Ги купувам единечните, цената е околу 200ден, но се прилично големи- 4g. Не се лоши ни тие во прав. Но одамна ги мерачам тие во прав на Gosh, преубави се! Сакам да ги пробам и сенките на Artdeco. Ми делуваат доста квалитетни но многу ми се скапи за мој џеб... Овие нијанси од Gosh ги користам: Ептен ми се погоди и едно сенкиче од една лимитирана новогодишна колекција на Manhattan, бордо-лила боја со златни честички. Ако се нанесе еднослојно, излегува како розе сенка: На времето имам купувано често сенки од Орифлејм, и едвај чекам да докупам уште некоја боја од другиве козметики, за да можам овие на Орифлејм да ги џитосам. Просто кажано- катастрофа!