си ги користам сенките од авон по 4 што се, до сега користев само мат сега си нарачав со светки и многу се убави имаш 4 сенки за 300 ден, или ако ти дадат со попуст излегуваат 240, не се размачкуваат и не се ронат по образите како некои други, јас сум задоволна http://www.google.com/imgres?q=%D1%81%D ... 29,r:0,s:0
http://popara.mk/2011/interesno/unikatna-vrvna-moda-niz-fotografiite-na-robert-jaso/ Незнам дали е за тука овој линк од ПОпара... Но искрено мене ми се допадна како се разиграни сенките кој ги има на овие слики ... за мене воооов ефект особено црнкињата со сината сенка
Мене ми се погодија сенките од Орифлејм, бои, трајност, од се' сум задоволна. Мат се, без светки, баш такви какви што сакав. А и ефтини беа, 69 денари. Исто задоволна сум и од оние на Голден Роуз - за толку ефтини пари, квалитетот е баш на нивоу. Прилично се стари, па не можев да најдам сликичка од нив по нетот.
Ке бидам оф топик сакам да прашам каде можам да најдам убави четки за сминкање?? А иначе задоволна сум од Аура сенките преубави се
Од старите и јас сум задоволна, имам некои дома, а од овие новите не сум баш задоволна, ни мат, ни со светки, не се многу пигментирани, да немав база за сенка, кој знае како би стоеле.
Денес се подновив со сенки за очи, купив од Голден Роуз, 210 денари - ми се видоа доста ефтини бидејќи има 5 бои (од крем и четири нијанси на кафево - баш какви што сакав). И одма си ги пробав, баш се нежни, мат, одлични за дневна суптилна шминка, а и за навечер се убави секако Вакво паковање се:
Имам секакви, и на крај пак им се враќам на триото за smokey eyes на Bourjois И на мое големо задоволство открив дека во космо донеле Rimmel козметика, па изнакупував сенки пред некој ден. Се покажаа како одлични
Искрено не ни видов бидејќи крем+кафеаво барав, така и кажав на продавачката и овие ми ги покажа. Ама сигурно има и други комбинации што би ти одговарале
Исто од Голден Роуз ми се сенките само моите се поинаква нијанса. и многу ми се бендисуваат таман се за smokey eyes
Купив од Голден Роус една сенка, ми се допадна бојата. Ама жива катастрофа е. Ич не остава боја, како со прашина да сум помината. Не беше скапа, 90ден. (ама сепак за џабе парите). Многу ми се убави сенките од Арт Деко.
Го имам истито трио на сенки само моите се бела, сива и црна боја. Ептен се добри, буквално цел ден стојат на очи како што туку да си се нашминкала. Кога ги земав си реков Боже Аја дали си ти нормална даде 290 денари за Кетрин Арли? Сега дефинитивно не се каам, ептен пријатно се изненадив не очекував толку добар квалитет.
А овие на Римел убави се?Јас па не сакам мат,сакам малку да ми се седефасти а оваа на таква ми личи.Ја имате пробано?Колку се кај нас?
Користам сенки за очи од авон и имам една голема кутија од Орифлејм Претежно користам темни бои како кафена,црна и сива.Понекогаш ги комбинирам светлите со темните за да добијам посакуваната нијанса.Но во никој случај не ставам само светли бои.
Seventeen сенките се одлични! Ги користам долго време и сум ептен задоволна, како од боите така и од квалитетот.
Девојки кажете кај да си најдам ваква сенка да биде со некоја просечна цена , не ми се шета по парфимерии па ако знаете која марка , колку е , ако сте задоволни од некоја совет ?
Да видиш на Флормар, има една линија на техно бои, од розева, лилакова, плава итн, евентуално нешто на Аура, Дебора имам видено, Севентин можеби.
Пробај од овие на Дебора на кафеава варијанта, даваат таков како воден сјајен ефект на окото. Јас користам од Дебора еднобојните и мат што се. Имам и од Авон на кафеава нијанса и цел сет од Живанши. Повеќето се на кафеаво, сино, црно, темно лила и некои светли варијанти за овие основи.