Многу слаб фидбек има, не би ти препорачала да ја нарачаш. Лично, сенки немам нарачувано. Гледај го фидбекот како предност да е поголем и да има слики, а вака само со 6 задоволни лица не ми е уверливо. Инаку ако ти се допаѓаат овие бои, подобро дади повеќе пари ќе си земеш на nyx или inglot сенки.
Senkite na mybelline se mnogu ubavi gi kupiv na popust 499 den vo DM bas sum zadovolna nema da zgresite ako gi kupuvate
Ај велам се откажав од Анастасиа, не е за мој буџет, а од МУР колку одат сенките и каде би можела да ги најдам?
Ако ја земаш на MUR земи ја таа новата на Sophie ја има во Голден Роуз ептем му е добра новава формула многу подобра од предходните.
Во голден роуз од 380 до 900 ден отприлика. Има различни палети и убав избор на нијанси. @ванилала сенкиве се одлични. Многу убава пигментираност, не се ронат, убаво се сенчаат. Бојата после 6,7 часа бледее ама јас не ставам база, можеби со база би биле потрајни. Последната шминка во вашата шминка ми е со нив ако сакаш да погледнеш. За 190 денари ова е и повеќе од одлична палета.
@Rose96 која е цената на MUR x Soph палетата? Вреди да се порача од интернет или да ја купувам од продавница директно?
Extra Spice ми е подобра и од Morrocan Spice (единствена high end што ја имам). Нема утка, предобра е. На Бјути Беј имаат попуст, па сакам да ги нарачам на ABH Модерн Ренесанс и Subculture. Првава ја меркам со години, вторава откако излезе, ме мислат негативните критики, ама колку негативни, толку и позитивни има Инаку дечки, најисплатливо ви е на МУР производите директно од нивната страна да ги купувате, а моментално многу од нивните производи се на попуст на Бјути Беј. Екстра Спајс е 7.88 евра, исто и првата палета, на Софи палетата со хајлајтери е 6.27 евра, Re-Loaded сите се по 3-4 евра, Newtrals vs Neutrals е 5 ипол евра, Амплифајд палетите Socialite и Commitment им се по 11.73 евра Со нарачка над (мислам) 18 евра има бесплатен шипинг. Друго да си прашам. Дали имате некоја палета на Juvia's Place? И тие се скоро сите на попуст, ама не знам баш какви се. Знам на ЈуТјуб Ники ги фали. Исто на Зоева има добри попусти, по 15 евра им се големите палети, 10 евра малите. Најнова им е оваа Spice of life, на слика е преубава, баш е Christmas time
@CameliaMiller Јас на ABH ти ја препорачувам Soft Glam палетата е предобра и нема утка. Инаку на Zoeva ги користи една другарка моја и многу е задоволна.
Мене Софт Глам ми личи на бронзено-кафеава... Некако бои кои не ги носам баш. Пре неутрална е за мој вкус
@Rose96 ги имаш ли пробано палетите на Huda beauty? Јас сум заинтересирана конкретно за оваа , другите им ги гледав во Сефора ама такви бои розеви , зелени и други дречливи , не користам и баш. Во последно време се `загреав` да се подновам со некоја палета овие на Худа се 70 евра и не знам дали вреди толку пари да дадам за една палета , ајде на Анастасија таа ти што ја имаш е 50 евра и баш ми се допаднаа боите , а баш за таа гледам доста добри критики. Има во продажба и една нова палета Sultry , ама боиве ми се по нападни од таа другата Софт глам Сега сите производи на Urban Decay плус палетите ги ставија 25% попуст , чув дека некои ќе повлекуваат од продажба , ама нема воопшто добри крититки за нив , не знам зошто и некако , што знам , никогаш не ме привлекувале нивните палети. Од друга страна па гледам наскоро ќе донесат нови палети на Too faced , новогодишни , а за нив немам збор , две што имам дома ги користам секојдневно , врв од бои и пигментираност. И сега дали да чекам да земам од нив , не знам. Морам да признаам дека и пакувањата им се доста слатки
Овие со елката ме потсеќаат на Кет Вон Ди Алхемист Исто и мене баш на UD не ми "фаќаат око" посебно новава Цреша, мислам, преубава е за око, ама не знам колку баш различни изгледи би се добиле. А не се ефтини искрено. За оваа на Худа има многу добри рецензии, ама ептен, ептен е скапа за жал.
@koritsaki 2 Палети имам на ABH и ми се најдобра инвестиција. Too Faced ми се преслатки особено таа палетата на првата фотографија е од лани и ми е преубава и криво ми е што не ја купив. Имам користено нивни сенки и супер се ама не се споредува пигментација со овие на Анастасија. На Urban Decay имам една палета и целата е со сенки со металик одсјај нема мат добра е ама со четка не се нанесува најдобро мора со прсти. Предолготрајни се дури и без база. Оваа палета на Huda ми е љубов на прв поглед, другите не ме привлекуваа многу дека боите не ми беа по мерак ама оваа нема утка. Многу се 70 евра и тоа ме кочи од купување хахах @CameliaMiller Мене ептем ми се погодени боите и секој ден си ја користам ама да топли се можеби не ти се по вкус. Јас ретко кога се шминкам со по впечатливи бои за преку ден.
Апсолутно топли, ама повеќе на црвенкасто, розевкасто се шминкам Топли, ама “поживи“ За тие што сакаат понеутрални или ладни, Sultry e измислена. А јас вака кога ја гледам, тоа портокаловото едно само ми привлекува внимание
@Rose96 фала на деталното објаснување Па тогаш на Анастасија да пробам некоја од палетите , зошто да не. Ајде до кај 50 евра ок е за палета а тие на Too faced ќе бидат над 50 евра сигурно..