Која и да ја пробаш, пуштај рецензија една тука Ако ти фаќа око, јас ти ја препорачувам Morrocan Spice, некако не добива многу љубов а според мене е прекрасна, освен сивата сите други сенки ги користам постојано Мада сивата ја искористив за сенчање за Халовин, така што ни таа не остана неискористена Светкавите сенки се предобри, суви се предобри, мокри блештат Ѕирни ја и таа во Сефора, јас ја купив само што излезе 54 евра, можеби е сега поефтина. Тогаш планирав на АВН да земам, ама ги немаше, па случајно ја здогледав и беше љубов на прв поглед
Над 50 евра се ама добиваш плус маскара и кармин или нешто друго. Ама да земи Анастасија вредат многу. @CameliaMiller Да те разбирам тогаш Modern Renaissance е како за тебе измислена. Се согласувам за новава дека е со ладни нијанси а мене никако не ме привлекуваат тие.
Sultry мене ми е преубава, уште се мислам дали да си ја нарачам, ама изгледа ќе биде. Инаку, UD мене ми се прекрасни, многу квалитетни и трајни. Море претрајни, би рекла. Без прајмер стојат цел ден, и тоа со истиот интензитет како и кога ги нанесувам. Оригиналната Naked ја имам и одлична е за секој ден, јас си сакам неутрални нијанси. Ја мерачев со години , па дознав дека ќе ја повлекуваат од продажба засекогаш, веќе нема да се произведува и ја купив. Shimmer нијансите со прст не се нанесуваат убаво, ама затоа со четката што доаѓа во палетата се преинтензивни. Обично за вакви сенки секогаш прст ми е најдобра опција, ова е прва палета кај која со четка се добива бум интензитет. И така
Ова се пигменти, конкретнава слика е една од нијансите од марката Focallure. Можеш да порачаш од AliExpress, безбедни се и квалитетни, а и ефтини
Фала многу, тогаш може да си ги порачам. А тука кај нас знаеш каде има? Мислам дека еднаш видов во ДМ на Wet n Wild, други не сум заприметила.
Искрено пигменти не сум разгледувала одамна, ама мислам дека едно време имаше и од Essence и од NYX, па можеш да провериш дали уште имаат нештo слично
Јас имав таква од Катрис, многу беше добра. Само пакувањето е лесно кршливо, а јас несмасна, па заврши во канта.
Јас ја нарачав bouncy нијансата од colourpop, беше некаде околу 3$ со бесплатен шипинг,денес ми стаса порака дека ми ја пратиле сенката. Се прерадував ко мало дете. Нијансата е преубава, ја меркав едно време и се накани прилика баш ненајдено и непланирано. Кога ќе ми стигне ќе пишам мислење.
Што мислите? Попигментирана е од lemonade craze? Што е одлична за секој ден, така да, за мене нема лоша палета, сѐ си наоѓа примена. Работата е поинтензивна да е.
Јас ја имам оваа палета и стварно е многу пигментирана, мислам дека е најдобрата палета во мојата колекција. Со lemonade craze не можам да споредам бидејќи ја немам, ама на тестери кога ја пробував само жолтата и една бакарна нијанса беа пигментирани другите а со другите воопшто не можев ни swatch да направам.
Женски кај да најдам живи бои на пример црвена,зелена,жолта,плава убави и пигментирани освен на морфи не ми се чека ќе ми помине меракот.