Препорачајте ми некоја убава палета со многу бои. Сакам некоја со светкави сенки и некоја со убави живи бои ама убаво да се пигментирани. Да ја има во Скопје и не премногу скапа. Се распрашав, ми викаат на Битпазар имало убави за океј цена ама сепак прво тука да си прашам.
MUR trends mischeif mattes пигментирани се juvia's place zulu violet voss flamingo bh cosmetics take me back to brazil ///// rio edition Не знам какви подтонови бараш, топли, ладни? Сите на МУР ти ги препорачувам, посебно поновиве, оваа на Софи мене ми е предобра и ми е секој ден (и ноќ) во рака, навистина немам забелешка. Убави се и светките, убави се мат боите. Постарите палети на МУР не се нешто баш, ама поновиве се одлични. Исто и на Вет енд Вајлд се апла ефтинки а добри, мислам на овие
Овие последниве ептен ми се допаѓаат, баш вакви сакам. Фала ти, конкретно на кои места може да ги најдам, да не лутам за џабе?
Во ДМ ги имам видено, ама некогаш таму знае да се out of stock на сѐ, па имај тоа во предвид Најснабдени ти се ДМ Капитол и ДМ Сити Мол, веројатно и ГТЦ, ама од таму немам купувано.
Мислам дека ја има во Голден Роуз, само на Тами ја немаат затоа и не ја предложив. Сите палети што се 10-11 евра онлајн, во ГР кај нас се околу 800 денари. Секако е поисплатливо онлајн, на Револушн страната е минимум 45 евра за фри шипинг, ама на Бјути Беј е 25 евра, па е поисплатливо
Пред некој ден во Голден Роуз баш прашав за цената на палетата на Софи, 860 денари и е редовна цена. Сигурно околу нова година пак ќе имаат некој предновогодишен 20% попуст како и секогаш, па тогаш ќе е околу 600 денари, така повеќе се исплати
Женски да ве прашам за мислење. Палетиве на Maybelline(втората) и Wet n Wild(првата) се намалени во Дм.. Дали вреди да се вложи во Burgundy или пак да си ја земам поевтината на wnw? Не ми треба за секој ден, туку сакам да пробам да ставам сенки, до сега избегнував затоа што имам спуштени капаци и бев убедена што и да ставам дека не ми стои или не ми се приметува
За втората баш вчера изгледав 3-4 рецензии на јутуб бидејќи и јас ја меркав. Повеќето не беа задоволни, посебно од светкавите нијанси, а јас баш за нив сакав да ја земам. За првата до сега сите имале позитивно искуство. Која цена е?
Јас сум многу задоволна од Бургунди бар, оваа што ја купив пред некој ден ми е втора по ред. Ги потрошив повеќето сенки, ни една не остана непипната. Солидни се и двете палети @maaraa96, јас би одбрала кои бои ми требаат најчесто или повеќе, па таа палета би ја купила. Ако ја сакаш Бургунди бар, има поисплатлива акција - 599 денари со плус маскара Леш Сензејшнал. Тоа повеќе се исплати според мене, во случај да се решиш за таа палета.
Јас сум многу задоволна од бургунду бар посебно од пигментираноста на светкавите сенки. Ако сакам појака пигментација на четчето прскам фиксатор и поминувам низ сенката.
Da mi preporacuva nekoj prajmer za senka ,obicno koristam korektor ama mnogu brzo mi se troshi pa mislam deka eyeshadow primer bi trael podolgo , nekoj od golden rose Dali ima I Cena
Немој да ги фрлаш парите на Голден роуз се собира посебно ако имаш мрсни капаци. Подобро земи го тој на радиант.
Бубаче јас ја имам палетава ама некако не се баш пигментирани боите, не знам зошто така. Гледам блогерки што ја имаат кога се шминкат ептен се пигментирани, дали до мене е не знам.
Така прочитав на рецензиите, затоа и тука прашав. Не сакам да фрлам пари за џабе да ми седат во фиока само.
Таа од wet n wild ја имам и ја користам некое време и сум со поделени мислења. Мат нијансите се одлични, многу убаво се сенчаат, пигментирани се и најчесто посегнувам по нив. Од друга страна останатите сенки се така - така, посветлите се одлични, но со потемните треба многу работа. Јас најмногу ја земав за зелената и за црната со различни светки внатре ама имаат очајна пигментираност. Другата не сум ја пробала па не можам споредба да направам.