Дали знае некој слична сенка на златнава од Диор (не можам да ја земам од Диор бидејќи ми е прескапа)? https://www.dior.com/en_hk/products...onal-eye-shadow-spectacular-effects-long-wear
Женскиии ве молам предлог за ваква палета на сенки како на сликата, може да има и некои посветли праска нијанси ( да се мат и да се пигментирани). Или пак единечна.
На голден роуз единечните по 125 денари. Една страна поназад имам прашувано за нив има и слика. Јас земав зелена и сум задоволна од неа.
ги има во Голден Роуз 125 денари е една.Баш ја имам оваа на сликава и одлична портокалова нијанса( пожива е него што изгледа на сликава).
Ја најдов на алиекспрес https://www.aliexpress.com/item/Chi...lgo_pvid=4b7b452f-797b-4eac-86f6-2bacab7843fd
Оваа е фејк. Ретко зимам сенка од алиекспрес. Пред две недели нарачав една црвена по рецензиите се гледаше огромна пигментација. Оригиналот го најдов 40 евра + - нешто ама ќе си чекам попуст.
Види ги палетите на Мејкап револушн, од овој тип што се. Јас ја имам оваа и сум презадоволна, но нијансите се поцрвенкасти. Горниот ред ги користам за секој ден, а останатите навечер. Имаше и уште една понеурална, а до сега можеби донеле и нови во Голден роуз. Ги има и онлајн на https://www.revolutionbeauty.com
Јас ја имав оваа на Аура и искрено за парите не е ништо посебно, премногу е скапа за тоа што е цената мислам им е 400-500 ден. сенките немаат многу пигментација посебно тие што се посветли ич не се познаваат а тие со светки се катастрофа. Има многу подобри палети што се поефтини на пример сенките на Wet and Wild или Makeup Revolution.
Презадоволна сум од двете сенки, кога ќе имам повеќе време ќе пишам во соодветна тема. Сега сакав со слика да доловам.