Ги има некој пробано палетиве од Аура? Пигментирани ли се? Вредат? Или да барам нешто друго? Многу ми се допаѓаат боиве
Предлог за црна сенка со светки? Имам неколку ама сите ми маваат на gunmetal сребрено или имаат мастило плави светки. Неможам да прикачам слика па еве линк https://goo.gl/images/phFw8p
Ова ти е сенка па бели светки одозгора. Овде имаш ефект на сликата па во живо до толку не знам дали ќе прецизираш успешно. Јас имам со светки црна ама ваков ефект не остава.
Си ја купив палетава, и само сакав да ви доловам со слика како изгледаат сенките. Имајте во предвид дека не сум многу усовршена технички. Можам само да кажам дека боите се блендаат многу убаво. Спојлер: Слика Спојлер: Сенки Се надевам ова ќе биде од корист на некого. Палетата ви е на акција во Космо инаку Ве молам пратете ми некои видеа/слики од различни комбинации на вакви бои сенки, немам инспирација како да ги спојам, за различни изгледи. Од nudes не сум мрднала до сега
Дали знаете каде можам да најдам вакви сенки со кремлива структура? За подарок се а не никогаш не сум користела.
Дали сте запознаени со овие палети: https://lurellacosmetics.com/product/35-color-pallet/ ? Ми гледаат доста исплатливи. И ме интресира bh cosmetics дали имаат јака пигментација.
Да не бидам офтопик во другата тема за Голден Роуз, кај што ја водевме „дискусијата“, ама само да кажам дека ја најдов палетата која ја барав. @marama, не била MUR, туку Аура. Како ми останала Софи во глава не знам, ама еве ја лично и персонално оваа со четкичка. Значи, Аура Romantic Sunset. Си ја купив денес, на акција е во ДМ (најверојатно до крајот на месецот), сите три палети од линијата се намалени, секоја по 399 денари. Боите кај сите се преубави, ама јас ептен се заљубив во оваа корално розевата со светки, па изборот падна на неа. Благодарам за коментарите на @Luminary уште еднаш, ја пробав и навистина е прекрасна. Единствена замерка ми е тоа што некако многу мали ми изгледаат сенкиве внатре, ама па скоро сите палети што ги имам се таа грамажа, така што не е ни битно. За цената се исплати, плус четчето е многу убавко. Боите се прекрасни сите до една, со душа чекам да се нашминкам малку така 'full glam', да ја пробам најтемната сенка. Со волку темно нешто се немам нашминкано од дарк фазата во средно.
@Mishela те замолувам многу да ми пратиш слика од шминката. (Или пак пиши ми лп, ако имаш идеја како би ги користела боите за различни изгледи) И мене ми е ептен мерак ама до сега само со нуд нијанси сум се шминкала па овие немам баш идеи како да ги искомбинирам. Многу ми е мило што ти се допаѓа инаку, со здравје да си се шминкаш
Да видиме дали ќе ми успее замислата, или ќе изгледам како панда со темната сенка. Сакам да ги искомбинирам 01, 07, 08, 10 и 12. Не знам дали го чуваш тоа пластичното со имињата и бројките, ама тоа се отприлика двете најсветли од лево, па втората, четвртата и најтемната од горниот ред. Се надевам ме разбра. Сакам нешто mauvy-black отприлика, ама поим немам дали ќе ми успее. Исто, имам замисла да ги пробам 01, 07, 04, 05. Друго комбо, така како што одат по четворки, по две од горниот и две од долниот ред. Ова би му дошло отприлика вака: - 01, 02, 07, 08 - 09, 10, 04, 03 Последните четири ми се премногу светкави за да ги искористам сите во една иста комбинација, ама искрено оваа 11-ка како база би ја ставила можеби и после може кои било светки. Убаво би изгледале коралните со златните, ама сепак треба да видам. Денес за проба ги ставив 07, 08, 03. ептен убаво испадна.
Ее одлично, баш ќе пробам кога ќе имам време. За подобро да се истакнат боите би ти предложила да ставиш коректор на капакот, како основа под сенките, мислам баш убаво ќе изгледа
Јас сакам да ја нарачам оваа палета. Дали ја има некој? Има доста позитивни рецензии поготово за розевата нијанса. Има и слики а и не е скапа.