1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сенки (Shadows) [2007]

Дискусија во 'Филмови' започната од blueeparadise, 6 декември 2016.

  1. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    6.306
    Последниов период сум ептен заинтересирана за македонската филмографија, почнав да гледам од најстари до најнови македонски филмови (за постарите, некако, имам подобар впечаток) ,но има и некои од поновите кои ми се допаднаа. :)
    Сенки го имам гледано поодамна, но сега ми текна да проверам дали има тема на Фемина за него, видов дека нема, па решив да отворам една. Со ова ја отворам традицијата на македонски филмови овде, секој ден ќе има по нова тема од мене за по некој филм. :P

    Знам дека на многумина, Сенки и не ги воодушеви нешто многу, со мислење дека идејата е добра, но реализацијата лоша или пак дека тематиката е веќе многу пати обработена и овде, и во странските филмови. Мене пак, кога го гледав првиот пат, на крајот ме остави буквално без зборови. Не ми се веруваше дека заврши, и сакав уште, некако не ми беше доволно. Кога малку пораснав го гледав уште еднаш, па неодамна и трет пат. И секој пат кога го гледав, го доживував на поразличен начин од претходниот, и го сфаќав на некој друг начин. Се сложувам дека не е врвно достигнување на македонскиот филм, далеку од тоа, има многу подобри, но мене ме допре на некој посебен начин, глумата ми беше ок, а Менка ми беше на контрадикторен начин - омилена и одбивна во исто време. :D

    Кое е вашето мислење за Сенки, и воопшто за македонските филмови, особено оние што што излегоа во скоро време? Џган, можеби, 2016 излезе? Ама ништо, за тој нова тема ќе ви отворам. :P
     
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.039
    Пол:
    Женски
    Сенки го имам на цд и го гледав неколку пати. Интересен е, но изобилува со сцени кои не ми се допаѓаат... :) А темата и идејата се добри, исто и актерската екипа и глумата.
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.207
    Допаѓања:
    30.903
    Пол:
    Женски
    Ми се допадна, неколку пати го имам гледано и секој пат впечатокот е позитивен. Иако тематиката можеби е веќе позната, сепак ми се допаѓа начинот на кој е разработена а и позитивна страна е тоа што крајот и неможе баш да се предвиди пред време. Баш како што рече, можеби не е некое врвно достигнување но и тоа како вреди да се погледне. Актерската екипа е супер а и локациите за снимање се добро одбрани.
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Miki4eca

    Miki4eca Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2019
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Женски

    Najdobar Makedonski film
     
  5. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.181
    Пол:
    Женски
    Филмот е смешка. :D Ни режисерот не знае кој жанр беше ова. Европски уметнички филм, хорор-лимонатка холивуд ванаби, или владина пропаганда. Неуспешен обид, што и да бил случајот.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.