Сенколовци [Shadowhunters] (2016)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од MagsDestiny, 13 јануари 2016.

  1. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    1.844
    Допаѓања:
    16.302
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    [​IMG]
    Преводов на македонски ми е некако без врска, ама посоодветен не ми текнуваше.

    Имено, доколку сте го читале серијалот од 6 книги „The Mortal Instruments“ на авторката Касандра Клер, или пак сте го гледале филмот „The Mortal Instruments: City of Bones“ (2013), кој за жал не доби свое продолжене, тогаш веќе имате претстава за што станува збор во оваа ТВ серија.
    За оние кои не знаат еве краток опис:
    Серијалот книги го следи животот на младата Клери, која навидум има сосема нормален живот со мајка си Џослин и најдобриот другар Сајмон. Но, она што Клери не го знае е фактот дека таа не е обичен човек (mundane), туку е сенколовец (shadowhunter), како и нејзината мајка - получовек/полуангел. Мајка и избегала од животот и обврските на сенколовците и ја родила Клери далеку од вечната борба меѓу доброто и злото. Но, со случаен пресврт на настаните во кој мајка и ќе биде киднапирана, Клери ги запознава Џејс, Алек и Изабел (исто така сенколовци), и заедно со нив и најдобриот другар Сајмон се впушта во тој мистичен свет во кој „сите приказни се вистинити“, свет на сенколовци, демони, вампири, врколаци, самовили и вештери.
    Филмот „The Mortal Instruments: City of Bones“ ја обработуваше само првата книга, меѓутоа делумно поради фактот што многу работи беа изменети, но најмногу поради тоа што скоро и да немаше никаков маркетинг доживеа тотално фијаско со многу мал рејтинг на гледаност и не успеа да си го поврати ни вложениот буџет, по што продукцијата на второто продолжение беше запрена.
    За среќа сега добиваме шанса на ри-мејк на овој фантастичен серијал, овој пат во вид на телевизиска серија, во која ликовите се неколку години постари отколку во книгата за сета приказна да е поверодостојна, поопасна, посекси и повозбудлива. Најважното можеби што се презеде во врска со серијава е тоа што уште од самиот кастинг на главните ликови се отпочна со масовен маркетинг преку сите социјални мрежи, сопствен веб-сајт и слично, по што првично се снимени само 13 епизоди, во надеж дека ќе има доволна гледаност за да продолжат да снимаат и понатаму.
    Ако сте за нова серија со возбудлива содржина, неизвесност и вкрстување на нормалниот младешки живот со сите суштества од митовите, тогаш дајте и шанса на „Shadowhunters“.

    Серијава е во продукција е на FreeForm (поранешен ABC Family), истиот канал кој е задолжен и за мега-хитот „Pretty Little Liars“, а премиерата на првата епизода е вечерва, веднаш после премиерата на сезона 6Б од Pretty Little Liars, и може да ја погледнете преку live stream на следниов линк: LiveTV
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  2. teddi

    teddi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2011
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски
    Голем фан сум на книгите ,вчера останав до 3 сабајле за да ја гледам .Се соочив со фактот дека дејствието нема да биде како по книгите целосно и планирам да ја гледам како и да е.Дефинитивно задоволна сум од кастингот особено за Алек и Магнус и другите се добри.Првата епизода беше интересна ама веќе беше видено се од тие промотивните клипчиња ,како бонус ја стави ја на нивниот сајт и втората епизода.Реално мислам дека ветува многу и ако не ги држите книгите ептен до срце и не прифаќате промени може да ја гледате.Инаку првата епизода беше откривањето на светот на shadowhunters и запознавање со ликовите.Мислам дека актерите сериозно си ја сфатиле работата и навистина се потрудиле да ги претстават ликовите на големиот екран онакави какви што се. A причина плус за гледање на серијава се згодните дечки Matthew Daddario :inlove:,Dominic Sherwood ...
    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]
     
  3. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    1.844
    Допаѓања:
    16.302
    Пол:
    Женски
    Мене делумно не ми се допаѓа тоа што не се водат 100% според книгите (пример, какви ќе беа филмовите Хари Потер ако не се водеа според книгите), ама од друга страна пак, ми се допаѓа фактот што основата на приказната и ликовите си е како во книгата, а ги менуваат оние работи кои прават приказната да е "пореална" а со тоа и уште поинтересна.
    Плус, ова е жанр на серија и тип на приказна која може да ги привлече и задржи и фановите на книгите, но и луѓето кои немаат никаков предходен увид во тоа за што станува збор, треба само да и се даде шанса.
    Инаку, еве линк за двете епизоди (без превод): Putlocker
     
    На teddi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    649
    Допаѓања:
    997
    Не планирам да ја гледам серијата бидејќи прво го имам гледано филмот и искрено предходните глумци ми се подобри.Сепак сакав да дадам шанса затоа што не знам новите какви ќе бидат но кога го видов трејлерот,ефектите им беа разочарувачки и смешни во споредба како беше направен филмот..Инаку целата приказна е добро смислена па можеби само заради приказната некогаш ќе се премислам :D
     
  5. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    1.844
    Допаѓања:
    16.302
    Пол:
    Женски
    Кога ги прикажаа и првите 4 минути како sneak peak за 6Б од Pretty Little Liars имаше ужасни ефекти (да не ја споменувам мизеријата со Спенсер и сцената со „Белата Куќа“ зад неа), па ете во епизодата таа сцена беше поправена, не беше она кое беше првично прикажано.
    Како и да е, муабетот ми е во тоа што такви трејлери, sneak peaks и слично скоро никогаш не се дел од финалниот продукт бидејќи сето тоа оди низ финална дообработка, тргање/вметнување на сцени, ефекти и такви работи.
    Плус (непишано правило), пилот епизодата од секоја можна серија реално е хаос. :rofl:

    Во врска со актерите, само Robert Sheehan (Сајмон од филмот), ми беше подобар од Сајмон во оваа серија. Го имаше тој некој изглед кој си го замислував додека ги читав книгите. Alberto Rosende (Сајмон од серијава) ми е некако како овчичка, ама ајде, ќе се навикнам. Сите други актери ми се баш на место, а особено ми се допаѓа тоа што се вложи екстра напор буквално да го доловат изгледот на секој лик. На пример, Jamie Campbell Bower (Џејс од филмот) беше толку слаб и исушен како гребло, што онаа сцена кога е без маица изгледаше смешно и очајно, како во секој миг да ќе се прекрши, што е иронично зошто сенколовците од деца ги тренираат да бидат воини; во споредба со тоа, Dominic Sherwood и Matthew Daddario (Џејс и Алек од серијава), заедно со другите актери, поминаа безбројни часови во вежбање и тренирање на подвизи за да го доловат ликот на сенколовци.
    Затоа, токму како што напишав погоре, приказната е одлична, само треба да и се даде шанса на серијата. :)
     
    На rhcpfan му/ѝ се допаѓа ова.
  6. teddi

    teddi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2011
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски
    Од претходните актери од филмот ми недостасува само Jamie Campbell Bower едноставно многу ми се допадна како го глуми Jace.Верувај ми и јас не сакав да ја гледам серијата заради актерите но случајно гледав нивно интервју и навистина ми се допаѓа соработката помеѓу нив.Во делот се ефектите дефинитивно во филмот многу повеќе ми се допаѓаше Институтот и City of Bones ,иако сегашната верзија на институтот е малку по претставена во денешно време.Како што напоменав реално филмот беше исполнет со многу промени.Додека ја снимаа серијата беше напоменато дека поважните работи ќе бидат задржани но ќе има и промени за да се задржи интересот на гледачите кои ги прочитале книгите со цел да има повеќе изненадување.Ги гледав првите две епизоди очекував многу повеќе некако мислам дека има недостатоци во сценариото бидејќи дијалогот помеѓу одредени ликови е ставен на минимум сметајќи дека не е важен ,но ајде сепак се надевам на подобро .
     
    На rhcpfan му/ѝ се допаѓа ова.
  7. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    649
    Допаѓања:
    997
    Таков впечаток имав од ефектите и навистина ми беше разочарувачки а можеби ќе ги подобрат но сепак ми изгледаше ептен нереално не знам зошто.Во филмот се изгледаше пореално.
    За Сајмон (новиот) прочитав многу позитивни коментари дека глумецот бил совршен со глумата.Мене дефинтивно Џејми ми е перфектен Џејс затоа што перфектно го донесуваше тој сарказам и ми имаше некоја посериозна фаца,позастрашувачка додека Дом ми е многу благ и сладок за Џејс без разлика што има многу подобра градба на телото од Џејми.А и новите Џејс и Клери ми немаат толкава хемија како што имаа Лили и Џејми е сега не знам дали на тоа влијаеше самото тоа што беа во врска.
    Можеби понатаму ќе и дадам шанса на серијата,сакам прво да ги видам реакциите :D
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    4.885
    Пол:
    Женски
    Го гледав филмот ми се допадна и баш се израдував кога видов дека ќе има серија. Знаев дека нема да бидат истите актери и ми се допадна изборот на повеќето, ама улогите на Клер и мајка им се тотална УТКА !!!
    Колку е само антипатична и неприродна Кетрин МекНамара еден господ знае, може ја бива за други улоги ама за оваа дефинитивно не !!!
    Значи мајка и е киднапирана, таа гледа работи што никогаш у живот ги нема видено, се што знаела во нејзиниот живот е лага. Ама битно има згоден типац у нејзина и одеднаш се и е нормално и она е супер бедас и окезена и искри летаат помеѓу нив двајца - NOT !!!
    [​IMG] [​IMG]
    Би сакала да ја споредам со Лили Колинс ама НЕМА споредба !!! Не сакам ни да почнам со споредба на Лена со сегашнава Џоселин !!!

    Иако сум сигурна дека Доминик Шервуд може да има хемија со секого, тоа не е случај со погоре споменатата госпоѓица. Па со актерката што ја игра Изабел има повеќе хемија,физика и математика отколку со неа. Се надевам дека ќе се подобри во наредните епизоди а и да не се случи тоа...истрпев 6 сезони од Елена Гилберт (which I miss now, ама е комплетно неповрзано со темава) ќе ја истрпам и оваа.
    Сајмон и Изабел :inlove:
    [​IMG] [​IMG]
    [​IMG] [​IMG]
    [​IMG] [​IMG]
    [​IMG] [​IMG]

    Се друго ми се допадна, и ефектите не беа толку очајни!
     
  9. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    1.844
    Допаѓања:
    16.302
    Пол:
    Женски
    Мислам дека првава епизода скоро цела ни беше видена од преходните трејлери и sneak peaks, па не беше ништо ново. Ефектите беа онака, ОК, секако дека може да бидат подобри, ама си се држам до тврдењето дека пилот епизодата на секоја серија е хаос. Кетрин и мене не ми е реално добра за ликот на Клери; точно дека сега и ја погодија бојата на коса и ја измалтретираа тренирајќи ја, ама многу ми е ситничка и нежничка, и има такво пискаво гласче и ми е некако fluffy & cute, два збора кои никогаш не би можеле да се поврзат со вистинскиот карактер на Клери Фреј. Плус, Доминик ми е за Џејс топ, само сите разговори меѓу него и Клери ми беа некако здрвени, вештачки и некако монотони, не се виде ни Х од хемија.
    Како и да е, емитувањето на првата епизода доби број од 1,1 милиони гледачи што ја става на #1 во гледање преку интернет во последните две години, и #4 во гледање преку кабловска ТВ во изминатава година, така што се надевам дека ќе имаме можност да видиме повеќе од само една сезона, а со тоа во тек на времето и самите актери ќе имаат време и можност да се запознаат и да профункционираат меѓусебно подобро, а со тоа ќе се подобри хемијата, и плус и продукцијата ќе има можност да пишува подобри разговори меѓу ликовите и да прави подобри ефекти за сцените. :)
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Idealista

    Idealista Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2013
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    550
    Пол:
    Женски
    Прво морам да кажам дека си се посмеав на преводов ама па кога ќе размислам, како би го превеле на друг начин:lol:
    Инаку, книгите ги немам прочитано, само филмот го имам гледано и воопшто не ми се допаѓаше а и тој глумецот што беше Џејс ми е страшно одвратен. Серијава не планирав да ја гледам ама си викам ај да и дадам шанса и морам да кажам дека ми се допадна повеќе одколку што мислев дека ќе ми се допадне. Знам излегоа 2 епизоди, за втората не можев да најдам торент вчера ама еве сега гледам на kickass ставиле. Единствено нешто што не ми се свиѓа е глумата на оваа Клери, ептен лошо глуми ама се надевам дека ќе се поправи во понатамошните епизоди.
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  11. PiaMia

    PiaMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2015
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    626
    Пол:
    Женски
    I'm happy to join the club! :D
    Исто и јас како членката над мене се смеев на името, па предлагам да се смени името во "Ловци на сенките", можеби звучи подобро... :?:
    Искрено, на серијава и дадов шанса само заради глумците. Мислев ќе биде катастрофа, многу полошо од филмот, но не се покајав што ја пуштив. Ми се свиѓа како е се осмислено, ефектите и глумата се на место.
     
  12. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    1.844
    Допаѓања:
    16.302
    Пол:
    Женски
    Nahh, ловци на што-и-да-е звучи уште полошо. Тоа е работата со книги/филмови/серии од ваков жанр, понекогаш си многу ограничен со наоѓањето на соодветни термини за одредени зборови. И тоа не е само зборот shadowhunters во прашање, тука се и: mundane (ќе го преведеш „човек“, ама човек исто така е human), seelie (ќе го преведеш „самовила“, ама самовила исто така е fairy), warlock (ќе го преведеш „вештер/ка“, ама вештерка исто така е witch). :^)
    Не велам дека не звучи малку приглупо, и јас додека се мислев како да го преведам си се смеев, ама на крај, „сенколовци“ сепак се најсоодветен превод. :?:
     
    На PiaMia му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.278
    И јас мислам дека најсоодветно би било да се смени името во Ловци на сенки,зашто вака ми звучи смешно.:D
    Инаку ја пратев серијава уште од кога ја најавија дека ќе се снима и во глобала океј е кастингот освен глумицата која ја глуми Клери,очајна глума,никаква хемија со Џејс и искрено одбивна ми е серијава само заради неа. Лили Колинс беше далеку подобра.
     
    На jacqueline.s и Victorian им се допаѓа ова.
  14. allaround

    allaround Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    680
    Допаѓања:
    1.430
    Пол:
    Женски
    Мене ми се допаѓаше и филмот и кастингот на филмот,малку Џејс му беше утнат со тоа што беше преслаб глумецот.Повторно го изгледав филмот и сега првата епизода од серијава , и направив споредба и двата кастинга ми се допаѓаат посебно Џејс и Алек во серијата се топ,ама искрено Лили Колинс е далеку подобра во улогата на Клер. Ќе видиме можеби ќе се подобри.Сепак во главно, и серијата ми се допадна.И ќе продолжам да ја гледам.
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  15. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.624
    Допаѓања:
    11.720
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со тебе и со другите феминки. Алергична сум на буквален превод :) ''Ловци на сенки'' е македонски литературно, и звучи природно. Сенколовци прво ме асоцира на Селанковци.... не знам оти така прво го читам, хахаха, а и македонскиот јазик не трпи премногу кованици.
     
    На j......s и PiaMia им се допаѓа ова.
  16. allaround

    allaround Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    680
    Допаѓања:
    1.430
    Пол:
    Женски
    И јас мислам дека треба да се смени името во Ловци на сенки поубаво звучи, а и мислам дека е поосодветен превод отколку Сенколовци.Мене пак ме асоцира на Снешковци :D
     
  17. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    4.885
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира дали сега во вторник ќе има нова епизода или пак втората ќе ја дадат :^)
     
  18. teddi

    teddi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2011
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски
    мислам дека втората ќе ја емитуваат :( треба да чекаме уште една недела за третата
     
  19. PiaMia

    PiaMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2015
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    626
    Пол:
    Женски
    Не би било логично пак втората да ја даваат, јас сепак мислам дека третата ќе ја емитуваат. Па ќе видиме... :?:
     
  20. teddi

    teddi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2011
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски
    промо за третата епизода :)

     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.