1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сенколовци [Shadowhunters] (2016)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од MagsDestiny, 13 јануари 2016.

  1. BayernKa

    BayernKa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    1.078
    Пол:
    Женски
    И јас ги изгледав првите 2 епизоди поради филмот кој ми се допадна ама за сега слабо некако, кастингот мене воопшто не ми се допаѓа, поготово Клери па дури и Џејс некако не ме бендисува:(
    Единствено интересни ми се таа црната типка и другарот од Клери :D
    Ама ќе ја изгледам сезоната, ќе и дадам шанса па ако не се оправат ајт со здравје8)
     
  2. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    18.125
    Пол:
    Женски
    Се уште сум надежна за тоа дека со текот на епизодите глумата ќе се подобри, а хемијата меѓу ликовите ќе се зголеми, ама сега за сега најзадоволна сум од музиката, имаат некои одлични избори:









    :rock::inlove::clap:
     
  3. PiaMia

    PiaMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2015
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    626
    Пол:
    Женски
    Денеска ја изгледав и третата епизода. Малку се разочарав, многу слаби им беа ефектите. Делот кога Клери и Џејс се возат на мотор ми беше врв, комедија. :|
    Се надевам ќе се подобрат во следните епизоди...
     
  4. BayernKa

    BayernKa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    1.078
    Пол:
    Женски
    Не знам, јас не верувам дека ќе се оправат овие :^) Се некако ми е тапа почнувајќи од глумата на Клери па и Џејс, до ефекти и приказна :puke:
    Од ко излезе The Vampire Diaries само се обидуваат да направат слична серија ама се утки некако, Убавицата и Ѕверот, Тинејџерски Волк, па една со вонземјани што ја прекинаа после 1 сезона и да не набројувам |(
     
  5. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    18.125
    Пол:
    Женски
    Леле, леле! Ми се причинува или навистина почнаа да се оправаат?
    Епизода 4 - дефинитивно најдобрата досега.
    Во спредба со предходните епизоди оваа имаше 984358927063 пати подобри и поуверливи ефекти, Изабел не се однесуваше промискуитетно цело време, Алек имаше да каже повеќе од 2 реченици, а 80% од она што го зборуваше Магнус беа извадоци од книгата наместо новокомпонирано сценарио! Хемијата меѓу Џејс и Алек како парабатаи беше видлива, болката на Алек кога Џејс го виде споменот кој демонот го зема од него можеше дури да се почувствува, и Алек целиот збркан и без зборови околу Магнус беше најслаткото и најсмешно нешто досега.
    На почеток и на крај на епизодава Клери беше здрвена и пискава како и предходно, меѓутоа она што ме изненади беше тоа што на средина на епизодата, кога беше најголемата акција, всушност успеа накратко да биде уверлива и ОК.
    Ако продолжат вака во нагорна линија, а се надевам дека ќе продолжат, мислам дека општото мислење за серијава многу ќе се подобри и ќе се исполнат очекувањата на фановите, па можеби ќе добиеме и втора сезона. :)
     
    На teddi му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Deadhalf

    Deadhalf Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Добра беше 4ва епизода се надевам вака ке продолжат,но сепак вреди да се гледа поради алек :inlove:
     
  7. SweetHeart12

    SweetHeart12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2014
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    На почетокот актерката што ја глуми Клери беше ужасна. Сега се подобрува, но не може да се замени со Лили Колинс.
     
  8. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    18.125
    Пол:
    Женски
    Мене последниве две епизоди (5 и 6) срцево ми се полни кога ќе ги видам Алек и Магнус (Malec always and forever). Сонцки невидени ми се, и едвај чекам да видам како ќе им се развива врската понатаму. :inlove:
     
    На teddi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. teddi

    teddi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2011
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    202
    Пол:
    Женски

    Исто исто ги обожавам :inlove::l: не знам мене ми станаа се подобри и подобри епизодиве инаку реално не знам Доминик не ми е Џејс едноставно барем не ги исполнува моите очекувања , а за Алек ала да му од епизода во епизода се подобро во кните го сакав Џејс повеќе ама во серијава дефинитвно не[​IMG]
    [​IMG] [​IMG]
     
  10. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    18.125
    Пол:
    Женски
    Нека ме направи кој сака мрдната (дека нели, во општество со таков менталитет живееме), ама јас јавно, јасно и гласно си признавам дека најмногу навивам за геј парот од сите можни парови во серијава!
    Метју ми е толку шармантен, и сладок, и харизматичен, абе не можам, срценце ми е, толку си го засакав. И со оглед на фактот што и двајцата се хетеро (Метју има девојка, Хари е женет), а сепак имаат оогромна хемија, срцево мислам нема да ми го издржи моментот кога Алек конечно ќе си признае и себе си, а и на другите, што навистина чувствува (и кон кого). :wasntme::$

    За госпожава што ја глуми Клери уште од прва епизода се разочарав и некако се помирив со тоа, ама за Џејс искрено очекував многу повеќе. Плус тоа, Доминик го имам видено и во други улоги и знам колку е навистина добар, ама што знам, дали некако не се пронаоѓа доволно во оваа улога, или што и да е, ама не ја гледам онаа саркастичност и доза арогантност типична за Џејс, премногу е здрвен и на моменти изгледа дури како да му е крајно неудобно. Најдобри сцени (според мене), му се оние кога е со Алек (со нивната парабатаи врска), и се ми се чини како причина за тоа да е Метју, кој пак изгледа дека е такво типче што да треба да снима сцена и со вреќа за компири истата ќе излезе добра.

    П.С.: Последнава слика што си ја прикачила, Магнус со прст кога го замолчува Алек, Метју кажал дека таа сцена не била во скриптата туку дека на Хари така му дошло, ја импровизирал, ама испаднала подобро од очекуваното па затоа ја оставиле во финалниот продукт. Абе мачиња ми се! :inlove:
     
    На Victorian и teddi им се допаѓа ова.
  11. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    18.125
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    [​IMG]
    #ќумрам :rofl:
     
    На Victorian и teddi им се допаѓа ова.
  12. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    18.125
    Пол:
    Женски
    Ако де, сама ќе си коментирам во темава, не е ич забегано. :lol:
    1. Дали само мене ми беше иритантен моментот, во институтот влегува еден „проколнат/напуштен/немртов/леш/зомби“ (не знам како да го преведам forsaken), и само Хоџ се бори со него се додека не се појави Алек да му помогне, додека во позадина се гледаат еден куп луѓе како мирно си поминуваат и никој не му помага, како тоа да е секојдневие за нив. Досега и ме нервираа и не, сите оние „модели“ кои се тотално рандом расфрлани низ институтот а не прават ама баш ништо освен што се ѕверат во мониторите, ама ова веќе беше претеризам, изгледа се тука само за да го пополнуваат просторот. (facepalm)
    2. Ми беше нелогично што Клери воопшто размислуваше дали да го закопа или прободе Сајмон. Оние кои ги имаат читано книгите знаат колку Клери е самопожртвувана, и колку Сајмон и значи, па кога друг би сакал да го прободе таа би застанала на патот на колецот, а не пак самата да го има тоа како можна опција. Исто и боксот што и го мавна на Камил. Вампир стар со векови, глава на Њујоркшкиот клан, а девојчево туку-така си дошета до нејзе и и ѕвекна еден право меѓу очи, а таа не стори ама баш ништо поради тоа. Секакооо, крајно уверливо. :punch:
    3. Што по ѓаволите беше со оној сок од боровинка што Рафаел му го даде на Сајмон, откако овој излезе од гробот? Кој и да е одговорен за таа заебанција, некој дефинитивно мора да го подучи како изгледа вистинска човечка крв. За почеток, доволно е да му укажат дека: а). крвта не е виолетова, и; б). не е течна и провидна како вода. Во целата таа напната сцена, тоа беше врвот, Сајмон се посипува цел со сокчево, и потоа, следна сцена, на маицата нема ни капка. Па дури и од сок од боровинка остануваат флеки, не пак од крв. :rofl:
    4. Предлогот за брак кој Алек и го упати на Лидија не сакам ни да го коментирам. Се си мислев дека на тој предлог ќе го натераат мајка му и татко му, а не дека тоа ќе биде лично негова фикс идеја, патем сосема погрешна и непотребна. :^)
    5. Еден од најубавите моменти меѓу Џејс и Клери од книгите, моментот кога тој и ја раскажува „приказната“ за детето и соколот, го претворија во рандом уфрлен момент, раскажан во тотално погрешно време, а Клери прво реагираше на тоа со: „Зошто по ѓаволите сега ми раскажуваш приказни?“, за следна реакција да и биде потсмев? Е ќе си пукам во лево крило, еве не можам. :@
     
  13. teddi

    teddi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2011
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    202
    Пол:
    Женски
    се уште ја немам гледано епизодава планирам во петок зашто распоредот ми е фул па ќе ти се приклучам и јас :)
     
  14. teddi

    teddi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2011
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    202
    Пол:
    Женски
    Ја гледав 8ма епизода и таман се опораваа пак почнаа на некои глупави работи да прават утки.Дефинитивно се согласувам со погоре мислењето за најромантичниот ,онака моментот кога Џејс за првпат се отвора и споделува нешто од неговиот живот колку го уништија:@ тој момент и го направија најпрво awkward па потоа и целосно го уништија мсилам тоа беше погрешно време а и место да се вметне оваа прекрасна приказна To love is to destroy and to be loved is to be the one destroyed.Морам да признаам музиката севкупно во серијава ми се допаѓа особено за моментот ког го закопуваа Сајмон едноставно се совпаѓаше и да го пофалам актерот кој го игра Сајмон ми се допадна изведбата мислам дека е совршен избор.Лидија ја немаше во книгата ама сфаќам зашто е ставена во серијата за малку повеќе драма која ја немаме во Malec .Ми се допаѓа како лик ама сепак нејзиното место не е до Алек.Сцената со Магнус и Алек ми беше некако чудна не знам зошто досега имаа добра хемија ама ова ми беше некако поинаква но не во добра смисла.Го сфаќам Алек целосно за одлуката која ја донесе но сепак не ја одобрувам едноставно Malec shipper и мислам дека доволно се има пожртвувано за неговото семејство.За нападот на институтот мислам катастрофа барем да не се гледаа сенките (facepalm)а и ми се допаѓаше концептот на Институтот во книгата се знаеше колку луѓе има а не вака само за украс се останативе.А да го спомнам и Макс душа моја ми се крши срцето кога го гледам.:u:Се на се една епизодите кои најмалку ми се допадна за жал ама едвај чекам да дојде 12 епизода па да се надеваме дека ќе се поправат:)
     
  15. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    18.125
    Пол:
    Женски
    Остај што приказната беше на скроз погрешно место, во скроз погрешно време, туку и најважната реченица од сета приказна: „To love is to destroy, and to be loved is to be the one destroyed.“ - воопшто не ја ни споменаа. Тоа требаше да биде момент на слабост за Џејс, момент во кој ќе реши да се отвори пред Клери на начин на кој што пред никого досега не се отворил, да и открие дел од своето минато, и да и укаже на тоа зошто е таков каков што е, ладен, саркастичен, арогантен.
    Од сета лоша глума, од сето упропастување на институтот и вметнување на сите тие непотребни луѓе во позадина, во сите измени на настаните, ама во баш се, ова беше моментот кој најмногу ме разочара од цела серија. Па бре, колку и да беше лигава онаа сцена со прскалките во филмот, сепак и оддадоа чест на приказната на Џејс и ја вметнаа токму онака како што беше во книгата (прскалките беа за полигаво-романтичен ефект, ништо повеќе); во серијава не добивме ниту толку.
     
    На teddi му/ѝ се допаѓа ова.
  16. teddi

    teddi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2011
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    202
    Пол:
    Женски
    Ја гледав новата епизода и уште не сфаќам што се деси онака во целост.Емоционално ме растури особено Malec scene;(;(;(;(:u: омилените колку беше Магнус разочаран и повреден душичка.Мислам дека Алек малку ја претера го сфаќам и се ама не знам ептен се одолговлечи со Лидија и сите тие заплети.Не очекував дека свршувачката на Алек и Лидија ќе внесе толку многу заплети реално мислев ај ќе помине ќе се среди ама не барем не за 2-3 епизоди .Како и да е Сајмон како и секогаш актерот се внесува во улогата и мислам дека скоро се со трансформацијата на вампир беше претставено и во серијата.Планот им беше одличен се внесе малку повеќе акција и ми се допаѓа како претставија дека има класи или слоеви во Shadowhunter's world бидјеќи реално Shadowhunters се супериори а другиве поради тоа што имаат демонска крв не се еднакви со нив и секогаш се најдолу.Исто така сцена што ме потресе беше Alec and Jace fight бидејќи тие се парабатаи и мислам многу луѓе не сфаќаат колку парабатаи е важно ( и јас бев во оваа група ама не после читање на Infernal devices) .Во целост plot целосно се смени и не знам во која насока ќе оди, ама приметив дека Hodge ги погледна чудно кога им овозможи излез од Институтот а од книгите знаеме дека е поврзан се уште со Валентајн. А заборавив да напоменам дека Џејс смета дека причина за се ова и одлуките на Алек е чувтсвата кои ги иам спрема Џејс :doh:
    [​IMG][​IMG]
    [​IMG] [​IMG]

    Ама она што уште повеќе ме изненади е промото за следната епизода не знам ама како и да е не изгледа на добро изгледа ќе се обидат да ја раскинат parabatai bond помеѓу Алек и Џејс ако се случи тоа мислам дека ептен ќе ме налутат зашто реално тоа не е толку лесно ама ќе биде и екстремна мерка :(;((n):@
    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]
    АААА и паралениот свет тоа е интересна идеја ќе имаме Sizzy moments како и да е мислам дека секоја наредна и наредна епизода не остава во искушение за што побрзо да ја видиме.
     
  17. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    18.125
    Пол:
    Женски
    Еј промо за наредна епизода никогаш не гледам дека си ги симнувам епизодиве во лаптоп и така ги гледам, а торентите ја содржат само епизодата, без промото што го даваат на крај, ама после ова што си го пишала сега одма ќе го побарам.
    Мислам дека ќе имаат проблеми дури да се вразуми Алек, меѓутоа да ја раскинат парабатаи врската нема шанси, бар јас колку што имам сфатено после неколкукратно читање и на TMI и на TID, таа врска се раскинува само кога едниот од нив ќе загине (секако, во серијава веќе сменија толку многу работи што е можно и ова да го сменат, ама доколку е така навистина веќе ништо нема да има смисла, не за џабе парабатаи врската е "еднаш и засекогаш", ако направат да може да се раскине тогаш зошто вооошто би им била потребна.).
    Туку баш пред да се степаат, што беше тоа што Џејс почна да го зборува, ама Алек го удри и го прекина, не се докажа? Дали сакаше да му рече дека се однесува така само затоа што е заљубен во него? Значи ли тоа дека она од пред неколку епизоди: "You love me, so what? We're parabatai." - беше глума, и Џејс сето ова време сфаќа дека Алек го сака на начин многу повеќе од парабатаи? Тоа најмногу ме копка од цела епизода.
    Иналку за другово, абе хаос. Лидија вели дека работи според законот а се однесува како целиот Институт да е нејзин, Мелиорн уапсен, Џејс и Изи на една а Алек на друга страна, Клери ги обединува вампирите и врколаците... се е лом.

    Најсмешна можна работа од цела серија досега:
    [​IMG]
    JACE-FUCKING-SWITZERLAND
    *Petition to start calling him Jace Switzerland since no one knows his real last name anyway (Wayland/Lightwood/Herondale/What-fucking-ever)*
    ***Едит: cамо што го изгледав промото, тотален mind fuck e, за разлика од мислењето дека Алек пробува да ја раскине парабатаи врската, јас мислам (поточно, се надевам) дека раната на раката што ја доби од оној forsaken што ги нападна, некако е инфицирана и животот му е во опасност, а тоа Џејс преку врската го чувствува, па затоа двајцата се довикуваат (стискам палци да е вака, само да нема никакво проклето раскинување врски).***​
     
    Последна измена: 9 март 2016
  18. teddi

    teddi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2011
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    202
    Пол:
    Женски

    Да така е всушност за Алек да не се стресува и да се нервира повеќе Џејс глумел дека нема поим дека Алек има роматични чувства кон него.Убав гест ама сега му го лупна во фаца зашто Алек малку излезе од контрола со неговите одлуки .Инаку има нови слики од 12тaта епизода Malec
    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]

    Сликиве и насловот на епизодата се иронија ама се надевам дека има причина добра зашто така ја именувале или едноставно сакаат да не доуништат:^)

     
  19. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    18.125
    Пол:
    Женски
    До мојот екран е, до моите очи е, или не се облечени во златно? Мене ова ми личи повеќе на бело/шампањ, ама не ми изгледа на златно. А ловците се облекуваат во бело кога жалат, златно носат на свадба. Озбилно, се водат ли прецизно бар по едно единствено нешто од книгите? Многу ме нервираат вакви ситници, ме нервираат многу повеќе отколку големите измени зошто сепак, светот на оваа приказна се содржи во ситниците како ова.
     
  20. teddi

    teddi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2011
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    202
    Пол:
    Женски
    Едвај се приметува дека не е чисто бело и потполно се согласувам со тебе.