Сенколовци [Shadowhunters] (2016)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од MagsDestiny, 13 јануари 2016.

  1. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    1.846
    Допаѓања:
    16.317
    Пол:
    Женски
    Shadowhunters is picked for another season by FreeForm.
    Season 2 here we come!
    Ептен се нарадував на веста, колку и да имаа пропусти се може да биде поправено и унапредено, и плус и онака серијава ни е втора шанса да го видиме тој прекрасен свет како оживува пред наши очи, така што it can't get any better than this! :party::party::party::party:
     
    На Victorian и teddi им се допаѓа ова.
  2. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    1.846
    Допаѓања:
    16.317
    Пол:
    Женски
    Everyone: So, is Alec from another dimension straight?
    Alec: Gayer than ever.

    Макар и во друга димензија, сепак ги добивме Chairman Meow и Church!
    Изи целата nerdy, Алек отворен во врска со својата сексуалност, Џејс сопственик на JavaJACE, Лук сопственик на книжарница, Џослин и Валентајн one big happy family со презиме Моргенстерн... лудила. Ако ништо друго, дури и во друга димензија Сајмон си беше Сајмон, немаше ама баш ништо променето во врска со него. Само, дали беше случаен пропуст или не знам што, ама како што знаеме (тие што ги имаме читано книгите), Џ.С. (братот на Клери), во нормалната димензија е „загинат“, ама во другава димензија, штом Валентајн си беше нормален и во брак со Џослин, по некоја логика требаше и брат и да е „жив“, а него никаде не го видовме.
    Алек од нормалната димензија, душичка моја напатена. Навистина никој кон него не е фер. Тој и онака е целиот збунет во врска со себе, сета одговорност е врз него, па уште да нема никаква поддршка, сите да му работат зад грб и тој да се наоѓа буквално на средина од настаните... навистина е за жалење. Дури и Џејс, кој му е парабатаи, не го слуша за ништо. Секако дека Алек направи некои брзоплети, непромислении и смотани одлуки, ама некој сепак требаше да биде покрај него. Џејс ја запозна Клери и реши да и верува и сите се со тоа ОК, Алек ја запозна Лидија и реши да и верува и сите веднаш го нападнаа? Епа fuck logic. Не е ни чудно што врската им е толку слаба, само се надевам дека нема да сторат нешто за да ја доуништат.

    [​IMG] [​IMG] [​IMG]
    [​IMG] [​IMG] [​IMG]
    [​IMG] [​IMG] [​IMG]
    [​IMG]
    My poor fangirl's heart is too weak for this shit. :lol::inlove::$
     
    На teddi и Victorian им се допаѓа ова.
  3. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.191
    Допаѓања:
    9.091
    Пол:
    Женски
    Само што го изгледав филмот видов дека има и серија.Прво морам да се помирам со фактот дека Jamie Campbell нема да го гледам во серијава, второ актеркава што ја глуми Клери не ми е погодена некако, но приказната ми е многу интересна и затоа ќе продолжам да ја гледам.Сега за сега ја имам изгледано само првата епизода :)
     
    На teddi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    1.846
    Допаѓања:
    16.317
    Пол:
    Женски


    Па мене срце ме стегна само од промо видеава, до наредна недела не знам што ќе правам, ама кога конечно ќе ја изгледам епизодава има да си умрам...
     
    На teddi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. teddi

    teddi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2011
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски
    [​IMG] [​IMG]
     
    На MagsDestiny му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.380
    Допаѓања:
    6.865
    Пол:
    Женски
    Ја меркав серијава две три недели,конечно и дојде редот.Книгите ги немам читано,оној филмот го изгледав тогаш кога испадна,ама некако не ми остана во сеќавање.
    Тоа настрана,првите 3 епизоди баш ми беа океј,иако можеа малку повеќе да го објаснат Светот на сенките и сите суштества,вака треба да ја мислам кој што е,какви моќи има.Немаат уште кажано и каков е Валентајн,го зборат само,ама не му е разработен ликот.Како Волдеморт ,само страв имаат :D

    За актерите не знам дали се совпаѓаат со ликовите од приказната,ама оваа портокаловата Клери појма нема од глумење.Значи толку е антипатична,една иста фацијална експресија,се надевам ќе се оправи.Моментално ми нема хемија со никого,иако очигледно ќе ја спојуваат со Џејс.
    И тој не ми се допаѓа премногу,згоден е и има прекрасна насмевка,глумењето му е така така.
    Најдобри дефинитивно ми се Изи и Алек,како и Магнус.Изи е провокативна мачкица и таков прејак став ми има,сакам само неа да ја гледам.
    Алек ми е омилен,значи озбилно сум заљубена во него,ако е геј :D Ненормално е колку е секси чоекот,значи да го гледаш и дишењето ти се забрзува,да шекне чоек :D Со Магнус се гледа привлечноста,осеќам срцки ќе бидат.
    Мора и Сајмон да го спомнам,бидејќи јас скриено си обожавам секси nerds ,тој баш е во таа категорија,сега гледам вампир ќе стане,тоа некако и го очекував.

    Добри се сега за сега,ќе видам како ќе тераат,ама секако си следам натприродни серијали,така да зошто да не и оваа :D
     
    На srhsejbsk и teddi им се допаѓа ова.
  7. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.191
    Допаѓања:
    9.091
    Пол:
    Женски
    Ја изгледав и 11 епизода, но морам да прокоментирам за серијта и кастингот,Бидејќи не ги имам читано книгите, серијата ќе ја споредам со филмот.

    Прво како што разбрав од филмот Џејс треба да е самобендисан малце, малце повеќе, што во серијава не сретнав ништо такво.Се што видов од Џејс во серијава е рандом дигнат сељак :D
    Дали не можам да се помирам со фактот дека не можат да бидат истите глумци ама Jamie Campbell Bower и те ако подобро го соживеа ликот и неговото место е во серијава.Dominic Sherwood е убав, згоден ама не е тоа тоа.

    Второ, како што кажав во првиот мој коментар на темава, Katherine McNamara воопшто не си одговара со улогата што ја има.Мене и грда ми е.Можеле да се потурдат малку повеќе и да одбереа подобра актерка.Девојкава си нема хемија со никој и не може да ја долови улогата...
    large.jpg sorry but...
    Трето, не знам како е во книгите, но идејата Џејс и Клери да се брат и сестра не ми се допаѓа.Се сакаат и сакаат и на крај иста крв абе ајде...

    Четврто, институтот многу повеќе ми се допаѓа во филмот.Се е убаво, хармонично да ти е мерак да бидеш внатре.Во серијава не видовме ништо освен модерна технологија, две спални соби и непотребни луѓе кои се мотаат цело време во позадина.

    Што се однесува до Иззи, е кај неа се ми се допаѓа.Секси, паметна, јака, ѕверка е.Исто и Алек, сон на секоја жена, колку е само секси, со Магнус се сонцки, никогаш не сум сакала толку геј пар како овие.
    Сите други актери ми се на место освен Валентајн, повеќе ми се допаѓаше во филмот.

    Морам да искоментирам за сцената кога Џејс и Клери се возеа на мотор :^) ме потсети на спотот за песната Escape од Enrique Iglesias, визуелни ефекти од пред 15години :rofl:
    Исто и за крвта што ја пијат вампирите, како мелен домат е :rofl:
    Имаше пишано во првите постови дека одткако искочи Vampire Diaries сите се обидуваат да направат нешто подобро ама не им успева.
     
    На Marossa и BayernKa им се допаѓа ова.
  8. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    1.846
    Допаѓања:
    16.317
    Пол:
    Женски
    Можам само да ти препорачам да ги прочиташ книгите, верувај нема да зажалиш, одлични се.
    Што се однесува до ликот на Џејс не го погодија 100% ниту Џејми ниту Доминик, ама и двајцата си вметнаа нешто свое и тоа е ОК (со тоа што Доминик и физички е реално подобар, колку и да ми е срцка Џејми сепак беше слаб ко гребло).
    Лили од филмот беше чиста утка за ликот на Клери, Кетрин тука физички одговара ама дефинитивно и требаат часови по глума (иако во последниве епизоди е далеку подобрена за разлика од првите, сепак е далеку полоша од сите други актери).
    Институтот во филмот беше оригинал како од книгата, во серијава е премногу изменет, "унапреден" и со куп рандом луѓе кои не прават ама баш ништо (пр.: им влезе forsaken, Хоџ и Алек се бореа а другите само си се шеткаа во позадина како да не приметуваат што се случува, fuck logic).
    Валентајн не беше погоден физички ни во филмот ни во серијава (треба да е платинесто рус и крупен), иако во серијава е погоден по однесување - total psycho.
    Џејс и Клери не се брат и сестра, и ова не е новоизмислен "шок-фактор" туку го има во книгите и е огромен дел од заплетот па затоа не беше можно да го исфрлат. Точно е дека Валентајн го одгледал Џејс ама не му е биолошки татко. Клери навистина има брат (чии иницијали се впишани на кутијата од мајка и - Џ.С.), ама тоа е сосема друга личност која се уште не е појавена во серијава.
    Алек, Изи и Магнус нема што да се коментираат, подобро одбрани актери немам видено.

    Се на се, серијава не се труди да ги имитира TVD ниту било која друга supernatural серија туку си следи баш свој свет и приказна.

    П.С.: во врска со крвта...
    [​IMG]
     
    На teddi, Marossa и srhsejbsk им се допаѓа ова.
  9. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.191
    Допаѓања:
    9.091
    Пол:
    Женски
    И јас сакам да ги прочитам книгите, всушност секоја серија/филм што е направен според книга, преферирам да ја прочитам прво книгата, па ако се преведени на македонски, каде можам да ги најдам? Може да бидат и на англиски само дали ги има во нашиве книжари или морам од интернет да ги порачувам?
    И фала ти за спојлерот, многу ми требаше да го прочитам тоа :D
     
  10. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    1.846
    Допаѓања:
    16.317
    Пол:
    Женски
    Јас си ги симнував на таблет во pdf. и така ги читав. На македонски се уште не се преведени, на англиски ги има во Академска Книга (кликни), меѓутоа оттука не би ти ги препорачала зошто во сетов фали последната, шеста книга, па подобро би ти било ако веќе дефинитивно сакаш да ги имаш да си ги порачаш комплет од интернет (или едноставно да си ги симнеш во pdf.).
    И да ти препорачам, ако го читаш серијалот The Mortal Instruments, прочитај ги и останатите серијали од оваа авторка, сите се поврзани меѓусебе и се одлични, а според мене далеку најдобри се трилогијата The Infernal Devices. :)
     
    На teddi и srhsejbsk им се допаѓа ова.
  11. BayernKa

    BayernKa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    403
    Допаѓања:
    623
    Пол:
    Женски
    Факт е дека всушност после Twilight излезе и ТВД а по нејзиниот успех и многуте обиди за слична серија, не иста приказна. Еден куп серии излегоа со вамприри, врколаци, па ѕверови па еве сега сенколовци и самовили и што ти ја знам :?: Ама сите некако слабо успешни. Посебно оваа, сенколовци, значи прво глумата на двајцата главни ликови е слаба, не ги доловуваат ликовите како што треба, нема хемија каква што треба... И нешто што најнмогу ми смета се глупавите и претерани ефекти. Значи стварно се претерува со ефекти. Серијава е сконцентрирана ми се чини само на што повеќе ефекти, слабо на приказната. Ја знам и јас приказната ама серијава не ми ја доловува ни неа ни ликовите како што треба.
    Реков еве ќе и дадам шанса до крај на сезона, ако не се оправат не се замарам повеќе.
     
    На srhsejbsk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.380
    Допаѓања:
    6.865
    Пол:
    Женски
    Луѓе,натприродни серии секогаш имало,само што порано не беа толку популаризирани и беа покажани од друг аспект.
    Charmed на пример,не е со вампири,ама има вештери и демони.Потоа Buffy the Vampire Slayer од 97ма,Supernatural еве ја 11 сезони уште трае,а и таа е поврзана со вампири,врколаци секакви демонски суштества и ловци.
    Имаше една и со самовили,The Lost Girl,ја даваа на AXN.

    Муабетот ми е дека Twilight не ја почна опсесијата со натприродното,туку ја направи профитабилна и ги направи добро познатите чудовишта малку подобри,посоцијализирани и похумани.
    Така се и Вампирските Дневници и Оригиналните,еве и оваа со Сенколовците,сите си живеат во мир.Не се сакаат,ама не се убиваат.

    Иако не е со темава,еве и новата серија Луцифер,покажува друга страна од кралот на Пеколот,борба за правда,љубов и човечки емоции.
     
    На Victorian, srhsejbsk и MagsDestiny им се допаѓа ова.
  13. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.191
    Допаѓања:
    9.091
    Пол:
    Женски
    Кога веќе го спомнавме Twilight, зар City of Bones беше толку ужасен што не можеше да има подобри рејтинзи од од оваа Бела/Едвард глупава, не добро изглумена драма? Навистина би сакала да видам продолжение од филомот, но во најмала рака барем имаме серија.Се надевам нема да ја прекинат и неа :)

    Патем, го симнав првиот дел од книгите, прва книга што ја читам на англиски, до некаде сваќам, ама има некои термини не можев да ги протувачам.Се надевам со тек на време ќе се усовршам :)
    И да, ликовите се многу посликовито опишани, дејствието, местото на настаните итн.итн.. :D
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    1.846
    Допаѓања:
    16.317
    Пол:
    Женски

    Jesus take the wheel this is too effing much to handle right now!!​
     
    На teddi му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Srckata28

    Srckata28 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    2.059
    Допаѓања:
    7.759
    Пол:
    Женски
    Мислам дека толку многу ги сакам Алек и Магнус како пар што не е нормално.
    Сериозно - премногу ги сакам.
    Едвај чекам за наредна епизода која е инаку по име MALEC.

    Серијава е аматерска, се гледа од километар. Но глумата на Хари (Магнус) е одлична! Тој ми е всушност омилен лик. Исто така ја обожавам Изабел, а и Алек не е лош.

    Клери или мислам дека повеќе актерката ми е крајно антипатична, не ја можам. Можеби заради лошата глума.

    Мислам дека серијава со времево ке се подобри и ке биде одлична!

    п.с.
    ако нема Malec kiss во среда, ке се облечам во бело и ке жалам и пцујам цел ден.
     
    Последна измена: 27 март 2016
    На Victorian, teddi и srhsejbsk им се допаѓа ова.
  16. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.380
    Допаѓања:
    6.865
    Пол:
    Женски
    Ама е убава свадбата,прекрасни се сите,дури и Лидија ми е лепотица.
    Ама Магнус..... Го љубам и него заедно со Алек.Бакнеж мора да има,мора!!!
     
    На Srckata28, teddi, srhsejbsk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    1.846
    Допаѓања:
    16.317
    Пол:
    Женски
    Не можам да го најдам видеово на YouTubе, тукушто го видов на Tumblr и не можам да се соземам што ли ќе биде кога ќе ја видам целата епизода?!?!?
    КЛИКНИ МЕ
    Emotions are never black and white. They’re more like symptoms.
    [​IMG] [​IMG]
    [​IMG] [​IMG]
    [​IMG] [​IMG]
     
    На Victorian, teddi, Marossa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. teddi

    teddi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2011
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски


    :inlove::inlove::l::l:
     
    На srhsejbsk и Victorian им се допаѓа ова.
  19. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.191
    Допаѓања:
    9.091
    Пол:
    Женски
    MALEC MALEC MALEC!!!! YEESSS! АА сонцки сее, my shipper heart :sweat::sweat:
     
    На teddi и Srckata28 им се допаѓа ова.
  20. Srckata28

    Srckata28 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    2.059
    Допаѓања:
    7.759
    Пол:
    Женски
    :inlove::inlove::inlove::inlove::inlove::inlove::inlove::inlove::inlove::inlove::inlove::inlove::inlove::inlove::inlove::inlove::inlove::inlove::inlove::inlove::inlove::inlove::inlove::inlove::inlove::inlove::inlove::inlove::inlove::inlove::inlove::inlove:
    I released my inner fangirl. <3
    tumblr_o4uelrEd0k1thti8go4_500.gif
     
    На teddi, Marossa и srhsejbsk им се допаѓа ова.