Сенколовци [Shadowhunters] (2016)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од MagsDestiny, 13 јануари 2016.

  1. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    1.846
    Допаѓања:
    16.317
    Пол:
    Женски
    Јас се уште не сум во состојба за никакви коментари, цел ден сум во шок после дешавкиве, можеби дури после ден-два, кога конечно ќе ми легне ќе можам да прокоментирам што и да е... Се што можам да кажам сега е дека секакви сценарија очекував, а ова што го добивме беше макар 1000 пати подобро од се што можев да замислам.
     
    На Srckata28, Marossa и srhsejbsk им се допаѓа ова.
  2. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.380
    Допаѓања:
    6.865
    Пол:
    Женски
    И јас нема да коментирам многу,само ќе кажам..ПРЕЈАКА ЕПИЗОДА!!

    Леле ќе почнам да го демнам по социјалните мрежи овој глумецот што го глуми Алек,преубав ми е,преубав!!!
     
    На srhsejbsk и Srckata28 им се допаѓа ова.
  3. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    1.846
    Допаѓања:
    16.317
    Пол:
    Женски
    Нема да најдеш многу селфиња, јас одамна го демнам. :$
    Сарказам на твитер и разно-разни животни и инсекти на инстаграм. Што кажа за него на едно интервју Алберто (Сајмон): "He's either very philosophycal or bat-shit crazy". :rofl:
     
    На teddi, Marossa и srhsejbsk им се допаѓа ова.
  4. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.380
    Допаѓања:
    6.865
    Пол:
    Женски
    Прејаки му се сликите на инста,ама баш ја ѕирнав женска му,многу си одговараат и имаат цел куп слики заедно :D
    Ќе помисли чоек дека живот немам :D :D :D
     
  5. Srckata28

    Srckata28 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    2.059
    Допаѓања:
    7.759
    Пол:
    Женски
    ^Која му е женска?
    Мене ми е всушност многу интересно што и Мет и Хари (Алек и Магнус) се стрејт, всушност Хари е во брак, и мислам дека има деца, а, поентата ми беше што многу добро глумат, и не се чувствува никаква непријатност меѓу нив бидејќи се геј пар туку една прекрасна хемија.

    П.С.


    Aко наредна епизода добиеме дејт - што не верувам - ќе си умрам од чувства. Не можам прекрасни се. I've never fangirled for a couple harder before. :D
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.380
    Допаѓања:
    6.865
    Пол:
    Женски
    @Srckata28 Па мислам дека не е некоја позната,не знам ни како се вика,случајно беше тагирана некаде на инстаграм,па ја забележав и и отворив профил.Милион слики има од нив двајцата,само тоа видов.А типот стварно само животинки си фаќа,ама се гледа дека ептен ги сака,My kind of man :D
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    1.846
    Допаѓања:
    16.317
    Пол:
    Женски
    Што им е филмот на скоро сите автори? Ќе им се прослават книгите и одеднаш стануваат толку лакоми за уште пари, слава, што и да е... глупости.
    Така Џ. К. Раулинг секој ден измислува нови ситници за Хари Потер, обично книжуле го расцепкаа во филм од три дела, направија претстава во која Хермиона е црнкиња, уште што нема да и падне на ум.
    Така сега и Касандра Клер, ги има продадено само правата на The Mortal Instruments и на The Infernal Devices и наоѓа се некои ситници кои и пречат во врска со серијава иако легално не смее да се меша. Најново од редицата мрчења од нејзина страна сега, било "грешка" на продуцентите што Магнус во 1х12 го споменува Имасу. Тој дел од минатото на Магнус бил од The Bane Chronicles а тие права таа ги немала продадено. ОК жено, разбравме, земи бар продади ги и тие, бутни уште некоја пара в џеб и остави тимот да си ја врши работата а фановите да бидат среќни, аман. (facepalm)
     
    На Marossa, teddi и Victorian им се допаѓа ова.
  8. teddi

    teddi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2011
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски
    И јас прочитав за ова стварно срамота.А финтава беше дека во The Bane Chronicles имаат дејт Алек и Магнус и сега овие не смеат тоа да го искористат .Стварно сум разочарана од писателката не знам како не ги сфаќам луѓето наместо за поубаво да биде се она е некако личноста што не држи назад од некој поголем прогрес
     
  9. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    1.846
    Допаѓања:
    16.317
    Пол:
    Женски
    Епа сега муабетот е во тоа дека ако/додека не ги продаде правата за The Bane Chronicles, доколку сакаат да вметнат сцени од минатото на Магнус, или Малек состанок, тоа ќе мора да биде нешто сосема новоизмислено, нема да смеат да користат ништо од книгите.
    И кога ќе видиш од една страна тон луѓе се жалат зошто некои детали се сосема изменети, а од друга страна продуцентите и да сакаат не можат да ги направат исти. :@
     
    На teddi и Victorian им се допаѓа ова.
  10. teddi

    teddi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2011
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски
    Мислам дека време е фановите да сфатат дека некои работи што ги сакаат не може да се случат не поради продуцентите туку поради авторката:(
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    1.846
    Допаѓања:
    16.317
    Пол:
    Женски
    Како и да е, мене лично ми одговараат сите промени (освен вишокот луѓе низ институтот кои не прават ама баш ништо). Серијава е базирана на книгите, не е копија од книгите. Плус, не ни може да биде копија од многу причини, од кои настрана финансиски/технички, не би можела да биде копија поради тоа што на екран некои работи едноставно не би имале смисла (пр.: мене лично многу повеќе ми се допадна овој начин на претставување на Валентајн како „татко“ на Џејс, цело време да бил со ликот на Мајкл Вејленд, додека во книгите беше нелогично како е можно Валентајн да си бил со својот лик додека го одгледувал Џејс а Џејс никогаш да немал видено слика/чуено опис од него?).
    Да не правиме муабет и за ред други серии кои траат со години и имаат милионска публика (пр: The Vampire Diares и Pretty Little Liars), кои се исто така базирани на серијал книги но не се воопшто слични (TVD ја гледам уште од почеток, а книгите пробав да ги читам, не стигнав ни до пола од првиот дел и се откажав зошто ми беа толку нелогични и досадни).
    Крајно, секој има различен вкус, и секогаш ќе има некој кој ќе се прилагодува кон измените, како и некој кој слепо ќе удира со глава в ѕид и ќе ги бара сите најмали детали од книгите. Само, прашање: што ли би се случило со Harry Potter, Twilight, The Hunger Games и слични блокбастери, доколку фановите ги правеа истите проблеми од кои Shadowhunters не може никако да се откачи? Понекогаш не е проблемот до никој од екипата, проблемот е до публиката, зошто на крај, таа е онаа која го крева/спушта рејтингот на филмот/серијата, а тоа е за жал клучен показател за (не)успехот на истата.
     
    На Victorian, Marossa, teddi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    1.846
    Допаѓања:
    16.317
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    [​IMG]
    Хахахахаххаха е не можам веќе еве :rofl::rofl::rofl:
     
    На Marossa, teddi и Srckata28 им се допаѓа ова.
  13. Srckata28

    Srckata28 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    2.059
    Допаѓања:
    7.759
    Пол:
    Женски
    Кога ке ја видам вампиркава на screen:
    tumblr_o572h60EJm1r5egopo3_500.gif

    |(
     
  14. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.198
    насловот ме потсети на newspeak од 1984
     
  15. teddi

    teddi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2011
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Инаку не сум сигурна за вторава сезона дали се гласини или вистина ама Will Herondale is gonna make an appearance :inlove: и исто така Jamie Campbell Bower ќе имал некаква улога и можеби ќе започне некаде во септември ,ама како што реков не знам дали е вистина или се гласини
     
  16. Srckata28

    Srckata28 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    2.059
    Допаѓања:
    7.759
    Пол:
    Женски
    ^Вистина е дека ке има втора сезона со 20 епизоди.
    Ке излезе во раните денови на 2017.

    Shoot me and wake me up then, please.
     
    На teddi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    1.846
    Допаѓања:
    16.317
    Пол:
    Женски
    Не е вистина. Како и секогаш, куп измислици од загреани фанови. Џејми си е зафатен со бендот (а и онака не верувам дека би прифатил улога во серијава, после филмот), а Вил не гледам како би го вметнале во серијава (освен во некое сеќавање на Магнус, ама тоа би било кратко и не многу значајно за самата приказна во моментов). Како и да е, Полино Нуњез (Роберт Лајтвуд), кажа на твитер дека сето ова се само гласини во кои нема никаква вистина зошто се уште немаат почнато со пишување на сценариото, и никој не знае што ќе се случува понатаму.
    А за тоа дека ќе излезе во септември, исто така се гласини. FreeForm официјално изјавија дека ќе почне некаде на почеток на 2017та, ама не е точно прецизирано кога, може да биде порано.

    П.С.: Колку и да ме радува побарувачката од 20 епизоди, сепак сум и малку разочарана. Shadowhunters го собори рекордот на Pretty Little Liars, па сепак нивната прва сезона беше 22, а сите понатамошни 24-25 епизоди.
     
    Последна измена: 8 април 2016
  18. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.191
    Допаѓања:
    9.091
    Пол:
    Женски
    Конечно ја изгледав епизодата. Валентајн го има пехарот, ајде да видиме до каде ќе тера. Сакам Малек дејт! Мило ми е што Џослин е будна, се прашувам од колкава помош ќе им биде.

    И сега оваа е последна епизода за сезонава? Кој ќе чека до наредна година паа :(
     
  19. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    1.846
    Допаѓања:
    16.317
    Пол:
    Женски

    Одамна не сум се пресмеала вака, легенди се :rofl::rofl:
     
    На srhsejbsk му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    1.846
    Допаѓања:
    16.317
    Пол:
    Женски
    За сите кои ги имате читано The Infernal Devices и знаете која е Теса:

    Бидејќи Џејс е во сродство со Теса, а Габриел е венчан со сестрата на Вил и преку тоа е во роднинска врска со него...
    Ако Теса никогаш не ги запознаеше Вил и Џем, никој од The Mortal Instruments (освен Магнус и Сајмон) не би постоел. Џем би умрел без дрогата, а од болка и тага по него би умрел и Вил, со тоа прекинувајќи го презимето Херондејл, а Сесили никогаш не би го запознала Габриел. Исто така, без Теса, Бенедикт би го презел Институтот во Лондон. Ако тоа се случеше, Софија не би почнала да тренира за да стане сенколовец, Гидеон не би се вратил од Шпанија и не би ја запознал, со тоа прекинувајќи го презимето Лајтвуд. Шарлот и Хенри не би имале бебе (а доколку би имале тоа би го носело презимето Бренвел), со тоа прекинувајќи го презимето Ферчајлд.
    Теса буквално е најважната личност во сите серијали за сенколовците.​
     
    На teddi му/ѝ се допаѓа ова.