Овие се првокласни, ама екстравагантни. Ми треба старовремски, за директно да се грее во него, не за да се служи само од него.
Најпрвокласни и фенси имаш во Villeroy&Boch, само се ненормално скапи: https://villeroy-boch.mk/product-category/kafe-chaj/ LaSoy се специјалисти на темата кафе/чај, чајниците и сите садови им се права уметност: https://lasoy.com.mk/product-category/аксесоари/чајници-и-сетови/ Во Технополис имаш ако сакаш порцелански, стаклени со цедалка или гусени: https://tehnopolis.mk/p/4359/set-za-chaj-hh-lifestyle-9807500 https://tehnopolis.mk/p/4832/chajnik-eh-q80000410-1100ml https://tehnopolis.mk/search?query=чајник Во Comodita се наоѓа по нешто интересно, нема нешто многу избор: https://www.comoditahome.mk/?post_type=product&s=чајник Нешто поевино може да најдеш во Базаро, Homax и такви слични продавнички, ама бидејќи бараше нешто поквалитетно, не побарав што имаат Се надевам ќе ти помогне ова
@Mishela @Annath имате сетови од Луминарк во Лусо, повеќе варијанти на плаво има, башка и попуст. https://lusso.mk/tag/luminarc/page/4/
@Mishela случајно налетав, ги имаше во изобилие. И секундарно се присетив на темава. Да ти праќам по карго
Светло сини се моите. Ама ништо, ќе почекаат чинииве зашто стварно немам кај да чувам толку голем сервис. Ќе треба и јас како баба ми, во подрум да ги чувам и таман, ќе заборавам и дека некогаш сум ги купила.
Како на последната слика ако се наредени, најчесто на парче одат, не цел сервис. И така е поскапо да се купат, иначе секаде ги има Рамстор, Веро, Тинекс... Не се продаваат секаде како цел сервис.
Ги имаше и како на последната слика, а и како сервис (првата слика). Сервис 1480 беше од 18 парчиња. И самите вработени ми спомнаа кога препраашв дека на парче поскапо испаѓа.
Да те прашам, дали се гребат овие сините на Луминарк, дали се познаваат траги од нож? Многу коментари читав дека се познавале траги на црните и белите сетови, дали и кај синиве е така? Јас не сакам да има такви траги, имам други чинии од Луминарк, воопшто не се оштетени од прибор и се перфектни како и првиот ден кога се купени, а други од аркопал (од друг производител) се како изгребани, и апликациите избледуваат од миење во машина за садови. Уште се думам како да ги исфрлам старите сервиси, оти трагите од ножеви ме нервираат. Да не биде исто и со овие синиве.
Добри беа сè додека не купив нов прибор за јадење во кој ножевите се доста понарецкани од старите. Овие нема што не ми уништија. Веќе почнуваат да се познаваат гребаници, ама дека ние си ги користиме не им се замарам многу. Можеби со понежни ножиња би издржале и подолго ама којзнае. Еве имај го на ум и тоа.
Јас имам црни сјајни, се познаваат трагите ептен. На мајка ми и зедов тиркизни пред некоја година, не се оштетени, ама она и не ги користи секојдневно. Ако можеш земи 1-2 чинии на парче и користи ги некое време, па ќе видиш како ќе се покажат.