Што мислите за Сергеј? Дали го подржувате, го пратите ли, што мислите за неговите коментари итн итн.. Изјаснете се
За Сергеј и неговата емисија Имам видено на youtube неколку делови од неговата емисија и сето тоа негово исмејување не ми се допаѓа... И со тоа ,,Ќе ми пукне душата" оток е
На почеток интересен беше, ама има ли кај нас шоумени што сериозно би си ја знаеле работата? Досаден е веќе, секој ден исти фори, дури и со истите зборови ги кажува. А и во последно време изнасилена ми изгледа целата емисија, па уште кога ќе ми текне на какви луѓе ,,пали" таков вид хумор... Инаку Сергеј како модна фигура ми се допаѓа ептен, има чувство за тоа, се гледа. Малку е влезен во филм, ама нормално е тоа.
Јас тој Сергеј ни како кловн во циркус не би го запослила....човек без никаква харизма, убавина..абе тотална нула
Не го гледам, а отприлика делам мислење со Лела. Спојлер Се надевам дека он не си ја нарачал темата, а јас наседнав да му посветам внимание со коментар Just kiddin'. Уживајте.
Имам гледано неколку епизоди . Принудена бев Внучка моја која е 4 годинки секој ден го гледа . За Анџелина Џоли вели дека се сестрите на Пепелашка ,па дете ужива и одвај чека да се пуштат тие делови . Не ми текнува која принцеза беше Мерлин Монро А Сергеј е принцот со балони Јас навистина не знам кој има нерви да го гледа и слуша . Мене ми е иритантен ,одвратен , грд..... Никаков ми е ! Емисијата ми е без никаков концепт . Да критикуваше јавни фаци па ајде да речеме има некаква смисла ( иако и тоа мине без врска ) ,ама за рандом девојчиња ( од кои некои и ќерки може да му бидат ) да употребува такви термини ми е баш без врска
Интересен е ама се истите коментари во круг: Сестрите на пепелашка, ќе ми пукне душата, како пред 20 години, мачки ја дереле, лепи брени итн..
Некако too much ми е. Сергеј вели девојчињата да не изиграваат топ модели а тогаш зошто ги критикува, па тие не се топ модели. Секој има право да прави со себе што сака и може да се слика како сака и никој нема право да го омаложува. Океј е да коментираме ама не и да навредуваме.
Мислам дека не е во ред тоа што го прави, во стил што го исмејува народот како се облекува. Но, кога ги гледам емисите сфаќам дека се работи за навистина карастрофални комбинации (без вкус). Го поддржувам од страната што може да ти "укаже" како не треба да изгледаш, дава и девојки кои се навистина убаво облечени кои се всушност пример како да се облекуваш. Сепак тоа исмејувањето и навредување не е во ред, би можел барем да ги прекрие лицата за да не мора да се знае за кого точно се работи.
Толку му е паметот и културата штом си дозволува такви муабети. А и медиумот кој дозволува вакви емисии без соодветна цензура е несериозен медиум.
Кај Сергеј има работи што ми се допаѓаат и што не ми се допаѓаат. Интересен ми е, урбан лик, со големо познавање на модата и голем сензибилитет за мода, одлични совети дава, ама... Одвратен ми е моментот што коментира личности, кои без зезање, ми изгледаат како да имаат психички проблеми... Треба да крие лица на непознатите кои ги руга или фали. За јавните ок. Не е изговор-ама се ставиле јавна личност и ај ќе тераме сеир, некултурно е. Неговиот стил ми е супер, само има еден проблем, ич не му стојат тесни панталони/фармерки, ниту фризурата (добра е, но не на него).
Емисијата повеќе му е за тема во насмевка На почеток ми беше интересен, нешто ново, онака trashy хумор чисто за релаксација. Ама во вторава сезона веќе ем здосади, ем навистина претера во етичка смисла. Во првата, од не-селебрити коментираше особи на инстаграм што барем си ставиле public figure/personal blog на профилот. Сега веќе изложува баш секакви најрандом лични профили и од инста и од фб, и ги коментира сликите од професионален фотографски аспект, како да треба да се соодветни за модна кампања или едиторијал. Плус ми ја премина границата на slut shaming, па и сексизам. Сум приметила 95% критикува девојки... Ако става на ѕид на срамот екстремен кич низ Македонијава, наспроти женски со вкус како за Звезде Гранда - зошто не опфати и кринџ типци сликани со крстови на врат, пури во уста, пиштоли и такви ствари? А пристрасноста кон јавни фаци блиски нему и на Боки како сопственик на телевизијата, веќе си е посебна приказна Така да веќе ич не му гледам цели емисии, само повремено реакциите поединечно од кои му прават reaction memes на инста и јутјуб. А како модна фигура воглавно ми се допаѓа со неговите комбинации, се гледа дека се разбира и е компетентен во работата.
Од една страна ми е океј, се најде некој кој им плескаа у фаца на сите оние квази девојки што се замишљаат ултра секси па уште и паблик се опнале.Ма да пабликот не значи дека треба и на тв да ги има, бар фаците и имињата да ги скрие. On the other hand...НадицО Ѓеорѓиева, каде ти беа очите
Типот е одвратен во секоја смисла на зборот, концептот на емисијата е исто одвратен Јас разбирам да дава конструктивни критики и совети, ама ова не личи на ништо. Тој не личи на ништо. Срамота е да се дозволат вакви дегени и емисии на ТВ. Страшно. Типот е за под психијатриски надзор дефинитивно.