1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сергеј Варошлија

Дискусија во 'Мода и стил' започната од IvanaJenner, 8 ноември 2018.

  1. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.697
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Која цена се маичките со хаштаг?
     
  2. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Интересен е да го гледаш 2-3 пати, ама кога сфаќаш дека цело време истото го збори- здосадува.

    И баш би сакал да ја искоментира таа колешкаму од Ексклузив што комбининира у секоја емисија споротски дуксер со штикли и сукња.
     
  3. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.029
    Допаѓања:
    26.540
    Па дај да видиме фотки од тие комбинации,те молам. :D
     
    На maja8 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    45572550_2162682473744190_1974906085315706880_o.jpg 45860098_2168255493186888_2678969916551331840_n.jpg 47189884_2197326966946407_4015018450018631680_n.jpg
    Untitled.jpg
     
  5. JanaMrava

    JanaMrava Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2018
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Мене искрено многу ми се допаѓа нејзиниот стил. Сакам испробување и спојување на неспојвливи работи или матерјали како што тука се штиклите дуксот и сукњата
     
    На theowndemon и J@cqueline им се допаѓа ова.
  6. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Мене девојката ми е модна катастрофа, инаку преубав лик има :)
     
  7. Elenpelen

    Elenpelen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    819
    Пол:
    Женски
    Јас па мислам дека баш Сергеј ја стилизира екслузивкава и сега е далеку посредена отколку кога се појави. Косата и беше посебен крш со суви прамени и завршетоци (убава девојка ми е). Инаку последниве години у мода е да се комбинира дуксер/блузон и сл. со штикла, кондура, панталони, класична сукња...
     
    На J@cqueline му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.706
    Пол:
    Женски
    Понекогаш е интересен со изведувањето на одредени гестикулации и припаѓања во несвест,да не речам драми во негов стил,ама не е воопшто објективен,и многу навредува...
     
    На Elence93, J@cqueline и TutiFuti им се допаѓа ова.
  9. Galaxia

    Galaxia Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    94
    А каков е тој изглед ‘како што треба’?Издгледот е индивидуална работа и секој си има индивидуално мислење за тоа ‘како треба’.Да и јас имам речиси идентичен вкус со Сергеј,никогаш не би се облекла ниту сликала така.Но кои сме ние да кажуваме дека тоа ‘така треба и мора да биде’?Зошто да мислиме дека мора да се наметне нашиот вкус на некој кој има скроз поразличен.И јас не би сакала некој кој има поинакво размислување од мене за тоа ‘како треба’ да ми каже дека треба да си го сликам задникот посебно не па на таков начин.Доколку не ви се допаѓа некој како изгледа немојте вие да изгледате и да се сликате така или евентуално дадете им добронамерен совет(без да пробувате да го наметнете вашето мислење) во краен случај избегнувајте ги личностите кои не ви одговараат и со кои не сте на иста фрекфенција.Ругањето на јавна телевизија(најголем број од сликите не се ни полнолетни девојчиња)е далеку од добронамерен совет туку групно перење на мозок и принудување од страна на господинот Варошлија сите да почнат да изгледаат и прават така како што он мисли дека ‘треба’ или во спротивно ќе бидат ругани на јавна телевизија.Доколку некој сака да слика задник,нека слика задник,доколку сака да носи бисер хулахопки нека ги носи и така натаму.Секој си има право сам да си се изразува себе преку изгледот и единствен кој ги сноси последиците си е тој самиот.Ама последицата да биде јавно ругање и тоа на обични девојчиња со затворени профили со цел ‘да почнат да изгледаат како што според нас треба’ ми е бесмислена и болна.Секој нека си изгледа и живее како сака,на крај секој си завршува во групата на луѓе до кои се на иста фрекфенција и имаат исто мислење за тоа ‘како треба’.Не ја сфаќам поентата некој јавно да проба да ги смени сите кои не се на негова фрекфенција посебно не на таков начин.:)
     
    На Septemvri, crimson и Rama им се допаѓа ова.
  10. Eni.r

    Eni.r Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2018
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    2.006
    Пол:
    Женски
    50-50 сум со мислење. Ако јас ставам слика со дукс карирани панталони и бела штикла ке пукне брука ама водителкава е супер( сигурна сум дека тој ја стилизира) демек тоа им е работа така да изгледаат. Сите знаеме дека ЈК и Цеца не се во добри односи и дека тој е верен фан на ЈК. Во една емисија ја извреѓа Цеца како никогаш не се облекувала убаво најлошиот пример била ама затоа за ЈК само пофални зборови. ЈК што е гола нема везе тоа и е работа. Која работа бе аман..керките на училиште ги носи полугола, па не и е работа да изгледа како ***** за обичен ден носење на керките на училиште ако и е работа да е гола на сцена, за разлика од Цеца што знае да се облече пристојно а тоа да изгледа многу добро а не к*рвинско..си ги подржува оние што си ги сака а обичниве ние смртници не сме за ништо. Ги одбрира оние со навистина недолична гардероба ама знае да се најде меѓу нив и нешто што е ок а тој измислува секакви глупости за да излезе негативно, можам да замислам што би кажал кога би ги гледал моите слики,де пердиња у позадина, де тепих, телевизор, кревет, јебига немам сликар до мене да ме напикува у убави агли да ме слика :wasntme::P(facepalm)
     
    На Elence93 и Rama им се допаѓа ова.
  11. J@cqueline

    J@cqueline Активен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    Мене супер ми делува, баш е добро уколпено со стил.

    Ги споредуваш ЈК и Цеца? ЈК ја копираа и Ким К. и Бијонсе и Џ.Ло ли беше. Зошто мислиш дека ЈК не ги подржава нејзините блиски како Цеца а? ЈК не ми е омилена ама почитувам жена со стил која е докажана со уникатност, ексцентричност постојано руши стереотипи а Цеца тоа па тоа е, се и е сигурно испробано, алишта песни се.
     
    Последна измена од модератор: 7 декември 2018
  12. Eni.r

    Eni.r Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2018
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    2.006
    Пол:
    Женски
    Не ги јас споредувам девојче Сергеј ги спореди во емисија.
     
  13. J@cqueline

    J@cqueline Активен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    Јас не го гледав што коментирал само прокоментирав на твој коментар.
    Го почитувам твоето мислење но не се согласувам со него.
    А Сергеј па тој намерно си придава поголемо значење и вредност во модниот свет отколку што вистински има.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.772
    Допаѓања:
    46.344
    Сега ја гледам водителкана. Само првата комбинација ми се допаѓа. Точно е дека сега се експериментира со formal и casual, меѓутоа нејзиниве парчиња од сликиве се прилично не експериментални.
     
    На MayDiamonds и Rama им се допаѓа ова.
  15. Eni.r

    Eni.r Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2018
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    2.006
    Пол:
    Женски
    Те разбирам и ок е да имаме различни мислења. Ама според критериумите на Сергеј ЈК е квази старлета, ама на него му е омилена и затоа е супер.

    Инаку не ми е јасен исто така коментира дека треба да ни се узор познатите а ако види некоја облечена како една од нив лом ке ја направи, незнам што е за него ок како да изгледам ако не сум јавна личност..јас носам џемпер што е како фустан до над голена а високи чизми над колена простор меѓу нив е од прилика најмн. 10 цм. За негови критериуми тоа е аут, простор треба да има 2 цм најм. Или да нема воопшто,да се поклопуваат што мене лично не ми се допаѓа и што има да изгледам моден погодок за него пффф.
     
    На Rama и J@cqueline им се допаѓа ова.
  16. J@cqueline

    J@cqueline Активен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    Сергеј е селективен во критикувањето. Непознати личности ги руга а другарка му Лила е поим според него. Е баш Лила често е за никаде. Така да Сергеј не е толку меродавен за модна критика па ти носи си облека како си сакаш и ти прилега според градбата на телото.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  17. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.634
    Пол:
    Женски
    Првата комбинација да на девојката со розевиот дуксер а другите тешка модна катастрофа кој следи модни списанија или го интересира такво нешто ке свати дека со облеката нешто не е во ред на нејне на останатите слики :)
     
  18. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.577
    Допаѓања:
    5.706
    Пол:
    Женски
    Можам да ја сфатам целта која Сергеј сакаше да ја постигне со емисијата. Да бидеме реални 70% можеби и повеќе девојки од државава на инстаграм и фб се straight up онлајн спонзоруши, и не, не го кажувам ова со цел да навредам некого, секој за себе си знае и си има свое мислење за експонирањето на социјални мрежи, но мене лично ми е многу лигаво и создава погрешна слика за поимот ''девојче'' и ''жена'' ( мое мислење ), Мислам дека поентата на емисијата беше да се покаже што се третира како мода ( не како стил, индивидуално, туку модата како широк поим ) и што е сексибилност и како се прави тоа на добар начин - на кратко, емисијата да биде едукативна. Но тука згреши Сергеј, имаше толку голема можност да направи нешто големо ама почна да биде досаден со неговите клише фрази и наместо да се обрати културно како познавач на мода и човек со разбирање за стил, професионалец за својата струка тој падна на ниво '' ја ругаме типката што ја мразиме со другарката со одвратни зборови'' и затоа не е сфатен сериозно. Емисијава имаше потенцијал, но не беше искористен.
     
    На Heavencanwait, Someonespecial, Harper и 3 други им се допаѓа ова.
  19. neo

    neo Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    163
    Емисија во која водителот постојано ќе вергла 2 - 3 фрази?
    Ова е повеќе од глупо, немам проблем со тоа што е типов, но за пред камера не е доволно да се нашминкаш како кловн.
    Можеби и да има знаење во својата професија, но нема ни смисла за хумор, ако веќе мисли да ја тера емисијата во насока на трач муабети, ни пак да е во насока на информативна емисија од таа свера.
    Негледливо, целосно...
     
  20. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    Гледав неколку емисии, во почетокот беше интересно, но сега самата емисија веќе ми е демоде. Второ и доста важно е непрофесионалноста што му се покажува во последните неколку емисии, а и целата емисија е веќе шаблонска.

    Прво прикажува слики од Боки, Лила и Карлеуша и тие биле светски, потоа покажува слики од непознати просечни девојки исмејувајќи ги со 3 исти фрази и дел каде ја прикажува Елена од Живот со стил и прво ја исмеваше, сега молчи и се глупира со моркови, краставици и кромиди. Fail to be funny.

    Мислам, непрофесионалност врз преочигледна субјективност. Боки и Лила исто се ботоксирани и не секогаш сјајно облечени, ама тие се светски без замерка. А на некои слики каде Елена беше океј облечена, ќути бидејќи не му одговара да изусти дека еве ајде некаде е океј облечена. Или пример, ја прикажува Тамара во долна облека и ролка како позира и таа била светска, така се тоа правело, а некаде при крај на емисијата покажува девојка буквално во истото, долна облека и ролка и тоа било страшно.

    Значи сума сумарум, светски му се другарките, а несветски се сите што не ги познава и одредени кон кои има нешто против лично, okay we get it :D

    Плус, може човек да даде поткрепени критики и без да исмејува и вреѓа. Така може и некој/а ќе го послуша, а вака, уште толку им се зголемува егото буквално на сите. Нему, девојките што се несоодветно облечени и естрадата.
     
    На RainbowButterfly, Scooby Doo, siki28 и 3 други им се допаѓа ова.