Мене не ми е јасно како родителите ги оставаат децата да се глупираат имитирајќи го Сергеј и притоа исмевајќи се со личностите кои тој јавно ги руга,па уште и ги носат да се сликаат со него и да им купуваат маици со глупавите хаштази....мислам,кој позитивен пример можат да земат деца во пубертет од дотичниот????
Сите, сем последната, ми се допаѓаат. Дојдов ова да кажам, за Сергеј имам прокоментирано. Имам изгледано исечоци, па и неколку цели емисии и е репетитивно и досадно. Ако смени нешто кажете да видам дали ќе ми фати око.
Бидејќи не ја гледам телевизијата на Боки од радозналост на Јутјуб најдов една емисија колку да видам што е тоа што дигна прашина. Што да види човек Пржлааа ! Настеганааа! Иритирачки тоналитет на гласот Навреди еден куп.Има 100 други начини да кажеш дека комбинацијата не ти се допаѓа, ама ете...тој го избрал најлошиот можен начин. Како Надица живееше со години со овој човек ?!
Да беше толку паметен Сергеј ко што се прави немаше да заврши на тв со ваква глупава емисија. Мое лично мислење е дека не е ништо посебно емисијата, и јас вчера видов еден краток дел од неа на Јутјуб и ми е мех... Искрено одвратен ми е како лик.
Исто и јас пуштив на јутуб да видам што емисија е.Мислав нешто мода.Оно попросто нешто не сум видела .Боки во Сергеј издание ми е. Нашол таму деца од инста и ги коментира.Па немаат сите пари за прада да си купат за он да каже супер или немаат сите осет за мода. А тие па исечоците од познатите
Да додадам, штотуку ми излезна на Јутјуб емисијата од вчера, па си викам да видам дали нешто се сменило, но уште во првите секунди Сергеј започнува со рекламирање на ваљда уште еден спонзор на телевизијата, Тања Антич, (искрено морав да проглуглам која е). Но и без да пребара човек, пре-пре-пре очигледна беше субјективноста на Сергеј, бидејќи мислам, брендирана од глава до пети, лошо облечена, а тој ја фали на големо, одма знаеш дека му е уште една другарка, нему или на Боки Таа била дама со светски вкус, така се тоа правело, а уствари само еден доказ дека од глава до пети маркираното НЕ мора да значи стил. Тука баш и покажа на дело дека не значи. Покажува една црно-бела комбинација од неа, па одозгора вели, бидејќи ВИЕ (обичниот народ), не знаете како да ги искомбинирате овие два тона, еве погледнете како се тоа прави, светско, а комбинацијата од демоде, по демоде не можеше да биде Секоја комбинација беше пример за пари и невкус споени во едно. Само докажа дека не сите што можат да си ги дозволат знаат да ги комбинираат парчињата, бидејќи и на сите тие фалби, сепак не е радио емисија, ги гледаме сликите и ние А морам да се согласам дека од одредени девојки/жени се гледа дека сликите не се од оваа година, туку од пред 5 и повеќе години. Ако е така, треба и Боки да го пушти тогаш каков беше Едноставно, не е тоа тоа. Почна нешто, а сега е фијаско.
Завчера вели,знам дека Спенџарска ќе ме послуша што и кажувам,ќе и пренесат некои "страчкетини и чавкетини" е ако ова не е навреда за цел женски род,јас не знам,или пак сурат и што уште не
Сметам дека за некои личности потполно е во право, и би требело да се даде некоја критика со цел тоа да се промени. Најпрво емисијата беше колку -толку во ред, но сега веќе не се коментира модата туку позадината, позите во кои што се сликани луѓето. Би било подобро ако се стави акцент само на модата, а не да се коментира колку некоја личност е дебела , слаба, убава или грда .
Секој коментар му е на место... што се ставаат луѓево по нет стварно е без врска... искрено има девојки очајни што се во состојба да се разголат скроз и вулгарно за да постигнат нешто
Има коментари што му се на место, ама за некои и претерува. Конкретно за политичарите наоѓа мани за нешто безвезе посебно ако се опозиција. Дали вие што безрезервно го подржувате ги имате гледано видеата негови на инста кафе што лиже чекани, ножици... За тоа имате ли нешто коментар?
За Сергејче слушнав од видеата на камионџијата Реков да видам и.... Па поголема чавка и нема од него,колку е модерен Некултура на ниво Треба да се забрани дефинитивно
Менталитетот тука диктира дека ние собираме најмногу сеир од обичните смртници. Мислам дека сосема различно е дали го одобрувам експонирањето на одредени личности на социјални мрежи, а сосема друго така небитни да бидат јавно ругани. Да, како што кажав небитни ! Емисијата не ја гледам, не гледам македонски тв канали воопшто. Тој е како, нз, фешн полис за сиромашни или..?! Што се однесува на него лично, како јавна личност, еве мислам дека смее да биде коментиран , бидејќи како што разбрав насловот се однесува на него лично - не секој обид да отскокнеш од толпата е успешен, друго е човек без вкус. Сергеј е второто. Пуфки може да им продава на локалците тука, чиј модни репер е другарка му Лила, или кандидатите на Звезде Гранда. И Боки се облекува брендирано и надпросечно скапо, ама пак на ништо не личи.
Не сум личност што тепа сеир, изгледав неколку емисии колку да изградам став околу тоа и ја сфатив поентата на емисијата, сепак без критика нема подобрување и напредок тоа е единствената причина зашто го поддржувам Сергеј иако сум против такви тешки навреди кои ги упатува стварно има личности преценети и умислени кои треба да се спуштат на земја па најверојатно тоа е единствениот начин...
За некој што умее и разбира од мода и моден стил е испод част да се презентира топтан на телевизија во такво шоу и да изиграва главен детектив на рандом девојчиња проследено со пцовки, несоодветни зборови, навреди и слично. Искрено вкусот му е добар, умее од мода и се разбира, да. Ама да се биде елитена модна икона и тако даље и да се располага со ваква работа и ваков срам е испод част и жалосно. Ако си модерен биди до крај, ако си елитна особа биди до крај. Искрено не му прилегаат вакви вокабулари па што год да е.. Култура малку му треба, кулутра.. Тој збори и објаснува ко на некои кокошки за брендови а тој се видек каков е у душа и речивост?! Мхм. Елитност, вкус, мода, модни дизајни и тако даље не одат со такво понашање и речник. Изгледав 5 6 видеа и се покајав.
Мене овој ич не ми е интересен и не знам како некој се смее и забавува на неговите прости и неумешни шеги кои притоа ги прави на сметка на другите.