Овој ни М од мода не знае што е, а каму ли емисии да води за мода. Фановите се виде кои му се во Сити Мол. Како човек ми е одвратен.
Го бива за мода ама одамна престанав да го гледам, ми стана одбивен со некои сељачки заостанати коментари а инаку како човек приватно не го знам и не можам да го коментирам
Не знам зошто ве чуди тоа, некој да си ги фали тие преку кои стигнал до работа и некоја „популарност“. Нели во Македонија живееме па тоа е единствен начин да се стигне до работа, као и услуга за услуга, јас тебе ќе те фалам ти мене нешто друго, нати го дај ми го за се е во земјава. Шта се тиче до Серџо, не можам да кажам дека типот не се разбира од светската мода. На почетокот беше интересен со уникатните фацијални експресии и „креативниот начин на изразување“ кое понатаму се покажа дека е уствари само рутинско. На нашата земја и требаат едукативни емисии во кои спаѓа и модата, не гледам ништо лошо во тоа да се информира нашето општество околу шминкање, гардероба и тн, меѓутоа начинот на кој што се прави тоа е ужасно лош. Од една страна тој/таа што ја објавиле сликата веројатно им се допаѓала и не ги интересира другите што мислат, посебно кога политиката на фб и инстаграм дозволува да се прикажуваат такви содржини и не ги смета за несоодветни, а од друга страна да се исмее некој на нов медиум кој се труди да опфати многу општествени теми кои што навистина се важни за подигнување на јавната свест ми е малку контрадикторно. Посебно јавното исмејување и толку лошото критикување на останатите јавни личности ми е тотално непрофесионално. Може да се даде мислење од типот според мојата перцепција подобро би било ова да се смени, да се добие ваква боја, ваква шминка ќе изрази повеќе тоа и тоа. Мислам дека секоја жена би прифатила конструктивна критика од стручно лице, посебно од Сергеј доколку биде презентирано онака како што треба. Потребано е да се презентира светската мода и да се анализира да се поканат млади модни дизајнери и што ти не да се разговара на таа тема од која двете страни ќе имаат бенефит, ќе се едуцира и јавноста, ќе се поставуваат прашања во однос на тоа кои бои со што идат и како се комбинира и ќе биде во чекор со светските трендови. Меѓутоа кај нас може да се добие на гледаност и на внимание ако се плука по се што мрда.
Типчево незнае ни он што е. Не ми е јасно како може да коментира со никакви зборови. Сепак еден моден критичар треба да има високо ниво на комуникација, а не некои сељачки коментари. Се согласувам со @Mrs. Lovett со коментарот дека за добивање гледаност кај нас се добива со плукање по се. Заникаде сме.
На почеток имаше ок критики но беа искажани на многу невкусен начин. Можеби коментира невкус, но немора да се симне на нивно ниво за да ја долови поентата. На почеток имаше и што да коментира. Сега гледам почнал да коментира и некои ок изгледи. Мислам дека нема во предвид тоа што македонија не е некоја богата земја за сите да си ја дозволат онаа fast fashion, а и да си ја дозволат не може секој да има вкус и стил. И нека го коментира тој дел, ама ја претера со невкусот. Кога сме кај позадината, не сфаќа дека секој не е модел и нема (не ни треба да има) совршена позадина. „Обична“ личност е и сака да си постира слика. Зарем треба сите по дома да имаат една соба само за позадина? Или да се бара парк само за слика? Малку ја претера со забелешките. Или личност седната на фотелја и така постирала слика. Слика за нејзините пријатели на која тој случајно наишол. Изместени му се очекувањата. Да, цело време селфи и невкус е дефиниција за еден македонски инста профил. Иако колку што знам, тие слики се за нивни пријатели, а не за некоја модна куќа или не се „инфлуенсерки“ што не е оправдување, но да ја коментира и критикува позадината, а притоа да не се содржи од расфрлани работи или чорапи низ соба туку обичен мебел? Ммм, некст.
А, како функционира тоа Сергеј кој ќе одбере да коментира, ваљда не ги разгледува профилите на деевојчињата сам, може ли секоја да му прате профил од некој. Имаше еднаш објавено тие што му праќат сликите да не биле постари од неколку месеци, мислам 3 беше, ама тој не се придружува кон тоа мислам дека коемнтира се и сешто и стари слики.
Vaka da vi kazam Sergej Varoslija si e na mesto za nekoi rab coekot da bideme realni ama za nes ne e vo red so trese tolku gluposti za koj kako da se oblekuva mislam vo vrska koa zboruva za nes so ne drzi mesto ne sme site bogati da nosime obleka.od poznati brendovi ama za toa so ja komentira golotijata, si e sosema vo pravo mladinava izgubija oset za oblekuvanje samo im e pobitno da gi pokazat gradite, zadnikot drugo niss ne im se vrti u glava
Во право е за тие што зборува што ги коментира ама не со тие зборови,може малку подобро да се изрази оти некогаш е безобразен.За тие тесни фустани мини и со длабоко деколте добро зборува тоа е од времето на Цеца во 2000,за тие фуш чанти исто така,купете чанта за тие пари да не биде со еден голем знак на неа од познат бренд,тие фустани како чаршави исто,коси неистрижани изгорени фарбани ...шминка пренападна како денот на вештерките го сакам затоа што го експонира минималистичкиот стил и природниот изглед, да се сакаме какви што сме природно
Мене Сергеј ми е ОК, ама емисијата од она малку што сум гледала е чисто за сеир, тешко дека со онаков концепт може да биде сериозно сфатен и дека модно ќе освести народ. И иако он ми е ОК, не ми е ОК неговото друштво во состав Лила и Боки, кои се далеку, далеку од fashion гуруа какви што би сакале да бидат
А зашо Лила е како фрлена на море ја донел некој бран? и неа не ја коментира стварно немам ништо против неа ама на ништо не личи ни во коса ни во облека, Знам дека и тој го има ова мислење ама се плаши да каже бидејки ке лета од работа.
hahahahah ne bi rekla najdobri drugarcinja se soLileto nz ne go pratam redovno na tv ama ne sum slusnala nejze da ja komentira
Мене ме нервира Сергеј и се сложувам дека не знае ни М од мода ја има коментирано ама само пофалби за нејзе ни еден лош збор