Се тужеа порано Елена со Боки13 и Елена доби на суд. Од тогаш се мразат, а на Сергеј бидејќи Боки му е директор и другар мора да се лиже и јавно да ја руга Елена, без разлика што некогаш женава си е ок, ама он ќе и најде некоја мана
Имам гледано неколку епизоди, ама ништо интересно па не гледам веќе. Можеби премногу дрско, ама барем критиките му се реални. Стварно има некои безвезе облечени и така се облекуваат баш затоа што никој не им кажал дека не чини. Сергеј не им е другар па да премолчува. Треба некој да ги подбере малку. Сепак, за нивно добро е, можеби ќе заболи начинот на кој е кажана критиката, ама ќе знаат што треба да променат, ако сакаат, секако.
Од една страна се тепаме во гради дека сме современи, се бориме за право на абортус и правата на лгбт, од друга страна јавно се критикуваат луѓе за нивниот начин на облекување... кому и зошто би му сметало тоа? Аман веќе, што уште нема да направат за внимание. Демек Сергеј експерт за мода, или може висока мода е подвитканиот мустаќ, ете не знам.
Јас мислам дека не треба обичните луѓе да ги оценува некој работе за 10 000 месечна плата неможе да си дозволе едни обични фармерки од 900 денара а не па како он шо сака гучи папупчки. Нека ги коментира бе Северина, Јелена Карлеуша, Цеца, водителки од екстрадата. Или со сите Боки е шајка па нема кој па ај да удре на 15 год девојчиња шо утре тоа психички ке ги погоде.
Jas nego ne go smatram za covek a ne pa za da mu pagjam na provokaciii ako me komemtira bas me briga A inace on Boki 13 i Lila Filipovska se zlatnatata trojka na Makedoniija
Боки ај па има пари има со што да се филма ама не ми е јасно кој се толку мн битни Лила и Сергеј, Лила што ги моле сите да и рекламира некој смешни производи.
На почетокот беше супер после како да му мавна во глава тоа шо сите ко демек го подржуваа па снимаа негови изреки или финтава беше ај да го снимам како збори нешто смешно и ќе му пишам крал одозгора за да не ме коментира мене аи аи аи хахаххахаха иии муабетов ми беше ептен почна да се глупира да претерува. А за реален реален е,има човеков многу познавање не зафркавајте, се гледа дека има и колку парички има толку ама се труди да се среди некако хахах предпоставувам од шо си сака а и од шо на некој начин мора нели. Е сега вас сакам да ве прашам нешто. Дали го подржувате тоа дека фејк гучи ташничките и било кои други фејк бренд ташнички се океј за сликање или го подржувате неговото мислење ''Немора да е бренд има и други шо не пишува имиња на познати брендови''?
Се согласувам со тебе, плус речиси никој од тие што ги критикува не промовира мода, ниту ги интересира луѓето неговото мислење ниту пак некој му побарал совет. А башка тоа што он не прави разлика меѓу критика и навреда. Ако не може да добие пријава за користење на туѓи слики, и тоа како може за јавно понижување и вреѓање.
Ај пример да е критика како да се искомбинира нешто да коментира светски ѕвезди или наши ај ама на телевизија што секој ја гледа да вреѓа изгледа како да починала, па коса мачкиште оа она не е убаво нема секој пари да ја средува косата кај професионални фризери и да и ја фарба со скапи фарби. Он изгледа треба да ги тргне розевите наочари и да ја види реалноста, секој 5 ти македонец едвај има за леб..
Забегува некогаш со коментари да. Но реално многу ги критикува разголените девојчиња,што искрено и менее ми е мн невкусно. На 15год извадила ц***те настегани во прв план или со г***т напучени па и на соц мрежи се ставиле. Никогаш не рекол дека некој е дебел, грд и слично.И за многу работи е во право амаајде. Секој има пари за вода и обичен шанпон,да се измиени исчешла тоа никогаш не губи од мода
За тоа треба да ја советуваат родителите или близок а не еден Сергеј Варошлија што секакви фотки имал на времето никакви пониски и од тие разголени девојчиња. Поентата е дека нема секој пари за луксузна облека а и неможе некој да се замара со стил ако не го интересира тоа токму друго го интересира нека ги коментира моделите, пејачките, глумиците, а тоа што се сликаат разголени мене ич не ми смета што сакаат нека прават со себе и Сергеј го има на секакви морничави слики со грди оргии. Те Лила ми на мене пример личе на покушај Џенифер Лопез ама на крајо испаднала Цеца за сиромашни зошто ако е критика не е и кон неа? Ако веќе е критика нека биде и кон неа ама штета што е навреда,
Епа нека внимаваат какви слики објавуваат. Додека некој не може да го слуша Сергеј, некој друг не може да ги гледа нив и така. А решението е многу лесно, и него и нив можеш да ги тргнеш од екран ако ти сметаат. Како тоа девојчиња требало да се сликаат голи ако сакаат, ама бљак било Сергеј да симулира секс? Мене ми сметаат луѓе со лош вкус кои се рекламираат по социјалните мрежи, па си молчам. Сергеј решил да не молчи - негова одлука. Ваша одлука е дали ќе го гледате или не, исто одлука е на засегнатите дали ќе реагираат доколку се осеќаат навредено. Имам јас и за него забелешки, на пример се умилкува на луѓе поврзани со неговиот газда и со власта и не ги чепка. Што не е доволна причина да ми биде жал за овие што ги критикува.
Мене ме нервира шо македонците нон стоп ги понижава како незнаат да се носат не било како на запад, а не е видел дека на запад освен инфлуенсерите обичните луѓе не се замарат со стил намкнат шо им е под рака блузи купиват највише од тие Бершка... за по 3 4 евра. Ма мене Сергеј ми личе на кученце на Боки бре не е битен ич. А дали сме навредени секако не само ми смета што вреѓа други со погрдни зборови. Сака да е модерен а изгледа примитивно.