А не дека и он самиот е којзнае што, некогаш е среден а некогаш личи на циркузант. Страшно е како некои луѓе се летнати во облаци, aко дошол до некоја паричка па може да си дозволи високобуџетни работи не значи дека е стилист по дифолт. Исмева девојчиња од 15 години кои еден ден може многу повеќе ќе заработуваат и многу подобри работи од него ќе си дозволат. А тоа дека сликите им се јавни не дава за право на кој ќе му текне да ја земе таа слика и да навредува. Оти многу пати јасно има навредувано. Не искркал изгледа ниту една тужба да му го дотера малку паметот. Иритантно е кога некој дедо критикува млади особи на кои многу лесно може да им се урне самодовербата или да станат жртви на булинг.