1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Серииве ни ја трујат младината

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од paulina2, 12 април 2012.

  1. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    Ок....темава е за сите оние кои мислиме дека нашиве телевизии претераа со серииве.Се разбира и оние другите можат да коментираат доколку имаат да кажат нешто.Јас ке го изнесам моето мислење.
    Канал 5 и Сител телевизија можат слободно да ги внесат у книга на рекорди зашто со давањето серии и натпреварот кој ќе даде повеќе претераа секоја граница.
    Од 13 часот до 16 даваат репризи ...после тоа почнувајќи од 17 поручек пак почнуваат да ги даваат до 23 часот навечер,а во меѓувреме ни даваат Вести т.е црна хроника.И што ние и нашата младина ќе гледа и како ќе се едуцира.Дали некој од вас воопшто ги пушта каналите како Дискавери,Хистори,Ехсплорер итн?? Дали некогаш ќе дочекаме да дадат некој документарец или серии од типот на Призон Брејк??
    Не нема да дадат,нормално поисплатливо и поефтино им е да купуваат вакви нискобуџетни серии да ги даваат по 5 пати у ден ...ем они ќе ги купат без пари ем луѓево направија дупки по креветите седејќи од 17 до 23.
    Јас не гледам ниту една...освен понекогаш Султанот зашто е историска и многу ме интересира.Во врска со неа читам и книги и историја.
    Бабиве донекаде ќе ги разберам...но ми се гади кога ќе видам млади деца седнати пред тв плачејќи зашто таткото ги истепал децата...или зашто овој или оној умрел.
    Ме интересира дали некој од младиве на форумов не ги гледа серииве кои не трујат и ни го тупат мозокот,и дали има таков кој гледа повеќе документарци и сл од кои барем можеш нешто да научиш?!
    Поздрав
     
    На Skyfall, XstrongerX, baguf4e и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Имаш право.Кога ќе се сетам едно време беше се шпанско неможеше човек глава да крене ама барем тогаш немаше сихронизација и 1 збор 1 ама важно ќе го анучиш.Сеа да не се фалам ама јас знам прилично многу шпански од филмовиве.Ова сеа со турскиве и индискиве не знам што се дешава.Се тоа па тоа.Се нервирам што по цел ден ги има реприза и како што рече ти после ајде пак одново нова епизода.Ова сихронизираново само за бабаиве шо не можат да ги видат буквите па да слушаат.Исто и за децава со ова Долина на волците глава човек не можеше да крене сега барем заврши ако не ја даваат и другата сезона.
    И јас гледам Величенствениот пошто не знам баш мн историја интересен ми бидејќи е несекојдневен.Баш би сакал да даваат некои асални филмови да внесуваат нешто поинтерсно како од Дискавери,Фокс Крајм,Лајф или Анимал Планет нешто што ќе научиш а не ова те сакам ме сакаш више се нервирам само си одат и се враќаат.Ама тоа ти е денес медиумиве само гледат кај има ќар па удри не ебитно дали е добро или не.
     
  3. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    i jas te podrzuvam,preterizam e....znaci samo ke dadam primer od dve serii,si odam vo mk pustam tv op malenki nevesti i nekoja snaaa od A bukvata so ja ponizuvat pa se razveduva smiruva so mazo taka nekako.....posle toa si odam pak za edno 6 meseci oni uste traat.ovaaa leto pak otidov oni uste,plus seherizadi listovi pagat savasi,sta reci aman....imam pisano kolku mi e glupo te viknalee na gosti a on: e izvini samo da zavrsi serijata mnogu e interesna uste pa i ti raskazuva.....jas licno pocnav kao da ja gledam ezel dodeka bev dole sega vo skoro vreme ama nekako nerva me fati ne sum naucena da dremam sat vreme pred tv da gledam reklami i da si zamram mozok so takvi filmovi pa fino lepo na net gi vidov poslednite dve epizodi i cao prijatno....

    mene (bes navreda) nekoj koj pominuva 4-5 sata pred tv gledajki turski filmovi ne mi e tacan u pamet...
     
  4. ivinakit

    ivinakit Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    еве и јас ви се придружувам, навистина ја претераа со сериите, ај можеби некако и ке ги поднесев да не беше синхронизацијата, барем ке научевме нешто турски, а тие ни даваат индиски да гледаме оригинал, па кога веке синхронизира само едни, нека бидат индиските, а турските не.
    јас не гледам серии на телевизија, секоја нова што ке излезе си ги гледам на нет, барем ги има со српски превод и немора се да гледам слободно можам да прескокнувам епизоди и пак се да видам.
    пред мене спомна Jule.Sk дека многу научивме од шпанските и навистина е така, сега можам да гледам шпански серии, интервјуа или песни да слушам и се да разберам што зборуваат, ама сме читале превод и сме слушале оригинал, а децата денес незнаат ни да зборуваат, а за читање да не ни зборувам, па зошто да научат кога серии гледаат заедно со бабите, седне и зјапа во тв.
     
  5. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    значи за ова навистина е така....кажи само колку е глупаво...те викнале на гости и сакаш да си напраиш муабет ,а они се зазјапае во телевизија....и само слушаш "цчекај чекај уште ова да го случнам...чекај извини де малку потивко..." :^)
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.015
    Допаѓања:
    198.830
    Пол:
    Женски
    Не ја трујат само младината, ги трујат и возрасните. Јасно ми е дека народецов наш сака да заборави на секојдневните грижи и проблеми, па гледа серии, кои и по менталитетот ни се поблиски. Телевизииве со тоа си креваат рејтинг, а малку пари трошат... се' си мислам да не е ова некоја тактика на владата, го знаете она „Леб и игри“. Додуша, со лебот кај нас малку потешко, ама затоа со игрите.... :x
    Како и да е, сметам дека не треба на децата да им се дозволува да гледаат било какви серии, туку емисии соодветни за нивната возраст. А такви, за жал, на нашиве телевизии не емитуваат, никој не ги гледа, кога сите седнале да гледаат ем турско ем синхронизирано. И не би ме изненадило ако некое дете дојде и ми каже дека сака да биде Сулејман, или пак некаков, каков и да е Турчин, кога ќе порасне... не сте свесни колкаво влијание имаат токму овие турскиве серии, многу поголемо отколку шпанските. Ќе се чудиме што не' снашло.
     
    На Hipster и Skyfall им се допаѓа ова.
  7. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Да така е,порано шпански серии ама ќе научиш нешто еве јас знам да кажам по нешто а и знам што ми се зборува.Која олеснителна околност,да научиш јазик без да бубаш.Па уште да сакаш да се усовршиш многу полесно ќе ти биде.А не сега синхронизирани,што може да се научи од нив?-ништо..
    А немора да значи дека ја трујат младината,бар не сите серии.Еве од алериза многу луѓе научија да велат „Со помин нека е“ „со лесно“ и слично.Може и да се научи некои манири ете.. :D
     
  8. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    Да Анатах баш за тоа и зборувам...не е нпрмално да му дозволиш на едно 7 годишно дете да ги гледа Волците или пример Саваш или како и да беше каде и те како имаше многу криминал,убивања....
    Јас пораснав со Македонските приказни,Бушава азбука,Големи и мали,Во светот на бајките,Опстанок,Белото циганче,Хајди....и уште многу други.
    Едно детенце од комшии кое и не е баш така мало...веќе има 14 год пред некој ден ме запрепасти кога ми рече...А која е таа Витни Хјустон? Што била таа толку позната па сите ја плачат? Е истото тоа дете не ја познава најголемата музичка икона ама затоа ги знае сите турски актери...кои за него претставуваат светски познати.
     
  9. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Во Македонија повеќе не постојат нормални телевизиски куќи. Се испотепаа кој поретардирана серија да откупи. И сите ги рекламираат како „најгледаната“ турска/индиска серија на сите времиња! Телевизор одамна немам вклучено, а немам ни потреба. И на нет сум во тек со настаните, само тука бирам јас што сакам да гледам и не си ги силувам ушите со очајна македонска синхронизација.

    Не гледам ниедна, баш ниедна од сериите, среќна што сум и во потесното семејство никој не гледа. На ручек не правам муабет кој кому му ја убил сестрата, и зошто таа што се правела чесна сексуљаво му го покажала глуждот на поштарот.

    Боже човече, а порано мислев дека „Иселенички џубокс“ е врвот на лошата телевизија.
     
    На chocolate.chick и selly.gomez им се допаѓа ова.
  10. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Не гледам телевизија со години, особено не нашиве што ни од близу не задоволуваат со квалитетна програма. Последниве години се е свртено на бош серии со очајни синхронизации, трач емисии, реални шоуа и сл.
    Младинава и те како е затруена, со самото тоа што овој први април сите беа султани и султанки, се е јасно. Најмногу би ги окривила родителите што дозволуваат на некое 7-8 дете цел ден да седи пред телевизор и да се труе со вакви глупости. Ама па и они самите ги гледаат и величаат серииве, така што не би очекувала нешто друго.
    Ама и ова се надевам дека ќе им здосади исто како што се случи со шпанските сапуници на времето, само се мислам па дека и после тоа следува нешто бетер.
     
  11. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Не само младината цела нација ја трујат. И ајде да се некои забавни серии, комедии или незнам нешто слично, да се релаксираш а не ова турските се` трагедии. Секоја сцена е плачки и викање па и со таа синхрознизацијата ужас.
    Јас имам пробано некогаш да гледам некоја чисто од досада и заклучив дека мене на депресија ме маваат и воопшто не ми се интересни за гледање
     
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Зависи кои...има навистина квалитетни, а има и ептен глупи. Во секој случај, не треба да се ставаат во ист кош, а уште помалку да се суди за нивниот квалитет според земјата од која доаѓаат. Пример, Lost, поглупа серија ми нема (no offense) ама сите аплаудираат на оној кој ја гледа пошо...еј...АМЕРИКАНСКА Е...уаааааууу лудница. За жал, нема вакви предрасуди само за филмовите туку и за музиката. Тоа што ќе ги ставиме сите не-американски серии во ист кош не не` прави попаметни, туку поограничени. За буџетноста, пак, не би рекла дека сите турски серии се ефтини. Напрајте малце research на темата па после зборите...
    Сеа, шо се тиче документарциве, не би рекла дека НА МНОГУ им е позабавно да гледаат како се парат делфини од филм со настани, луѓе, неизвесност и тн.

    А дека телевизииве претераа-претераа.
     
    На Kaylie и selly.gomez им се допаѓа ова.
  13. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Да и јас сум против турскиве серии. По нашиве телевизии неможеш да видиш ништо друго освен серија. Но се чудам како скоро сите луѓе коментираат колку се ефтини, глупави, настаните се дежа ву а скоро сите помалку или повеќе ги следат. Седнете со друштво и отворете муабет за турски серии и ќе забележите дека речиси сите знаат која серија до каде е, за што се работи а НЕ ГЛЕДААТ...
    Ај за возрасните нема да коментирам но кога ќе видам дека деца од основно ги следат сите серии ми се лоши... Замислете колку лошо делува кога тема на разговор на 12-годишници им е Саваш или незнам кој таму :puke:
    Има многу поедукативни работи кои би требало да ги следат на нивна возраст а тука најмногу се криви родителите кои за жал се помалку и помалку им се посветени на децата...
     
  14. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    хм па зависи кој како гледа на квалитетот.Досега од серииве што знам дека ги даваат ниту една не била доволно квалитетна за да ми го помати умот.патем сите го имаат истот сценарио.....два главни лика .кои се секогаш жртви ,добри,наивни,плачковци....и секако еден кој е злобен...тој убива,коли...праи лоши работи....ама овие главниве на крај пак се у хепи енд.Се се врти околу тоа.
    А за Лост па ако тебе не ти се допаѓала не можеш да кажеш дека е глупа серија...кога според податоците е една од најгледаните серии а и обработува доста интересна тема.А за буџетноста на турските и мексиканските , да, ефтини се сите серии од ваков тип....пример сите се снимаат у иста куќа... :) А и мене на пр многу позабавно ми е да гледам како се парат делфини откако да гледам како жени и баби плачат и лелекаат на сцени од серии каде не се е вистинито и реално како во ншите животи.
     
  15. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    јас лично не гледам ниту една серија ама мојве дома неможам да ги смислам знаци од кај 19 до 23 некаде набечер се скроз заробени со нив не му се прај ни муабет шо е уште потрагично и послабо контактират со роднини и пријатели и тие какко нив го гледат саваш загрев
     
  16. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Ами демек младината присилена е да гледаа шит серии...Големи се, знаат да си направат избор. Телевизиите веќе знаеме дека претеруваат но и народот си е таков. Сака драми, солзи, голема љубов, трагедии, бајки, бла бла...Си поврзуваат сопствени ситуации со оние од сериите, па некои си наоѓаат надеж, се тешат, се поистоветуваат...Жално е, но и јас иако не ги гледам ми се случува често додека сум некаде на гости да се следи серијата, па некој упорно ти ја прераскажува и отприлика знам во некои од нив што се случува |( Само не знам од каде трпение да се следат серии кои се воглавно депресивни, полни со бесмислени трагедии и скоро нереални ситуации, каде карактерите се во најголем дел идиотски, глумата воопшто да не ја споменувам-да ти се плаче од аматерски фаци...
    Но ок, секој си гледа тоа што сака и што му причинува задоволство, но младите залудно го губат времето на вакви серии, не им носат ништо освен затупување...Еден документарец на ден да се гледа наместо 3-4 серии, резултатите за брзо време би биле видливи :)
     
    На mila89 и teddybear им се допаѓа ова.
  17. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сите го зброуваат ова, а исто така факт е дека сите знаеме за што се работи во скоро секоја серија. Гледале не гледале, исто ти се фаќа.
    Сега даваат турски серии затоа што се поефтини. Порано беа шпански. Ништо не е сменето, и порано даваа серија за серија, едно по друго цело време. Буквално никој не ги тера луѓето со сила да ги гледаат сериите. А серии ќе даваат, ако не турски шпански, ако не шпански индиски, ако не индиски германски...

    Јас не сум загледала ни една од проста причина што страшно ме нервира синхронизацијата.
    Ама мајка ми и баба ми скоро сите ги гледаат. Па некогаш од факултет ќе си дојдам ќе сис еднам до нив и ќе ми раскажат оваа вака, онаа онака. Воопшто не се чувствувам затруено. ете пред некој ден за тоа малото дете што две минути го видов и мене ми се насолзија очите. Кога ќе си постави човек граница помеѓу реалност, серија, и реални случки од серијата што би можеле да се случат, мислам дека друго би било. Турскиове серии ете им се на луѓево поблиски да речам, се пронаоѓаат, па си проплакуваат, па гледаат реакции, ама пак, никој никого со сила не тера да седне и да плаче за али риза.

    Единствена работа што според мене беше ептен лоша е што оној полат го даваа многу рано и добар дел од маливе дечиња го гледаа па влегуваа во некои бош филмови. мислам на маскембалов последен 95 проценти од дечињата беа полат, хурем, и султанот. Е кај маливе деца веќе родителите ги кривам, а кај возрасниве, што сме сите големи и зрели, Боже мој, наша одлука си е до кој степен ќе дозволиме да не затрујат и да ни го исперат мозокот турските или било какви серии.
     
  18. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Не сте во право целосно. Порано на пример по една две шпански серии даваа телевизиите и толку и се знаеше еден саат серијата, по неа квизови, филмови, емисии, и слично, во текот на денот на А1 имаше на пример постојано детска програма, серии како Волшебнички, Тексашки ренџер, Хана Монтана, Млади бунтовници, Патот за Авонли, Училиште скршени срца и многу други поучни и забавни работи за младината. А1 во последните години шпанската серија ја стави само наутро.
    Сега нема ништо од тоа, МТВ остана во историјата со нејзините емисии, Телма дава амеиркански серии (ама стари сезони и серии кои сите ги гледале на интернет), така да САПУНИЦИТЕ е она кое не го гледаат луѓето на интернет и за кое има толкав интерес кај нас на Канал 5 и Сител. Други телевизии скоро и да нема Турските за мене се серии за стари луѓе, каде нема никаква динамика, каде има толку конзервативни семејства и толку обични дијалози. Светот гледа американски и латиноамерикански сапуници, а турски и индиски гледаме само тука на Балканов.
    А за шпанските па не се само мексикански серии, видете аргетински и бразилски серии кој квалитет се. Меѓутоа нашите телевизии не ги откупуваат нив.
    За Лост, не ми се верува дека прочитав дека е глупа серија. Може некој немал нерви да ја гледа, ама се работи за една од најдобрите и најгледаните серии во светот.

    Младите треба сами да си сфатат дека со гледање на турски и индиски серии, самите си трошат време и нерви.
     
  19. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Додека јас и повеќето тука си кажуваме кој цртан ни бил омилен во детството, денешниве деца кога ќе пораснат ќе си раскажуваат која турска серија им била омилена. Загреота. Жално.
    И досега не сум гледала НИЕДНА турска серија, уште кога почна глупавата Шехерзад. Не почнав да ја гледам. Ајде разбирам стари баби да гледаат, и онака немаат што да прават, ама другите генерации??
    Поготово младите, децата?
    Како бе не ве интересира да погледнете некој документарец, колку интересни има, за Хитлер, за АЈнштајн, за Никола Тесла, Распутин, нешто од природата , физика, експерименти некакви?
    Јас се чудам на родителите што дозволуваат на децата да гледаат вакви филмови. Мене татко ми не ме оставаше да гледам обичен филм кога бев малечка, само од тие за деца што беа смеев. Цртани, и филмови стрикто за деца што беа, Затоа никогаш не се ни плашев да спијам сама во темници, и не пораснав со глупави сцени од убивања, силувања или расправија помеѓу свекрвата и снаата. :|
    Барем да немаше синхронизаија да научеа нешто турски ако не. Некоја позитивност во негативното. |(
    Ептен ја трујат младината, и цела Македонија. Претераа. Серија за серија. Ти се плукнам во сѐ, и во народот што троши време за вакви глупости.
    Барем шпански серии не даваа олку бе, се знаеше една серија на една програма и крај. А сега, една завршува друга почнува па дај нека олабават малку.
    И апел до родителите "Тргнете ги децата од пред телевизија кога веќе ги гледате серииве!!! Можеби ви е смешно, но тоа е дете и некои работи погрешно ќе ги протолкува и може да има негативно влијание врз психата, имајте малку осет и грижа за своето дете!"
     
    На Hipster, chocolate.chick, Strumfeta93 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Најдобро кажано, Lacrimosa.
    Ама кој ќе гледа документарец кога старците се наредиле пред телевизор и децата со нив, нема потреба да трошат мозок, вака се им е изџвакано, ем содржина што бебе може да ја разбере, ем се кажано на македонски, нема потреба од читање. Македoнскиве глумци во секоја серија исти, па и за викенди репризи на сериите.