Леле братучетка ми ми е на гости, и јас сум запрепастена од тоа што го видов овие неколку дена Ние телевизорот не го ни пуштаме дома, стандард е пуштено радиото и тоа. И едно доаѓање го пушта телевизорот, и серија за серија.. Неколку пати и го изгасив, за да на крај и го скријам далечинското и да ја видам како си седнала на интернет и си пуштила сител онлајн Сите серии ги гледа, па тоа телевизиите претеризам се значи, тие канал 5 истите серии ги репризираат. Па ние кога бевме малечки имаше цртани, гледавме во светот на бајките, народни приказни, здраво генијалци, сега јас еден цртан немам начекано ... Го бришам сител од канали , крај !! Нема ништо друго освен серија за серија. И кога ја седнав братучетка ми, зборење зборење ... Ама џабе, нејзините по цел ден се на работа, таа со баба и седи, и уште од сабајле ќе си ги фатат сериите по ред и тоа е .. Жално.. Имаше некој пример наназад за некои родители што го продале телевизорот, и на децата привремено им пуштале цртани од компјутер. Богами, паметно , и јас така има да направам кога ќе имам деца
Ќе ја трујат младината,ако ги даваат, ако не, нема што да трујат.Едноставно е.Разбирам да има серија, која ќе биде не толку актуелна и со која нема да не преоптоваруваат, но тие на секои 5 минути, серија даваат А дали некогаш ќе ги пуштат кај нас Дискавери,Хистори и останатите, кои често ги следам, незнам, би требало да им текне нешто такво попаметно да пуштат, а не серии од кои човек нема никаква корист, а најмалку допирна точка со реалноста.
Значи една по друга се редат цело време. Здосадени ми се и не гледам ни една. Океј, чат-пат ја гледам Бурни времиња, т.е. не ја гледам само чекам да го дадат малото Осман како се смешка и каков невин глас има. Иначе, да се вратам на темата. Стварно ја трујат младината, затоа што наместо цртани да си гледаат (поточно гледаме, не сум којзнае колку стара ), гледаат турски серии по цел ден пред телевизор. Како прво очите ќе си ги расипат (можда звучам како некоја стара жена, но така е) и ништо што треба нема да научат, туку само ќе гледаат како се тепаат (жив пример Долина на волците што беше) и глупи султанки. Нормално е да има една турска серија, интересно да биде, да ја гледаат и толку. Ама ова е веќе надвор од границите на нормалата, цело време турски серии. Езел, Мезел , Зад сенката на врбита и незнам ти што. Аман, дајте нешто убаво да гледаме како луѓе, а не по само глупи турски серии во кои што нема ништо паметно. Катастрофа, да не пуштиш Сител и Канал 5, или нова епизода или реприза од некоја серија . Друга глупост, сихронизирано е, тапа е многу. Барем да имаше превод доле поинтересно ќе беше. Ќе излезеш надвор, мали дечиња наместо да зборат за колички и кукли, тие за Саваш и Полат До кај отиде светов стварно незнам, младината ни се расипа, не сакам да коментирам повеќе, тоа е што е, ние неможеме ништо да направиме, освен да ни биде изгаснат телевизорот по цел ден.
Има толку многу попаметни работи кои можат да се емитуваат. Сеа МТВ1 мислам дека е по добра од другиве канали, бар за мене.
Тешко наоѓам во друштво (потесно или пошироко) некој што не ТРУЕ со овие психопарателни серии,тв го пуштам најмногу два саати дневно и тоа SEX AND CITY ако гледам , савајверов ...и VH1 . Очигледно најмногу штедам енергија дечко ми кога ќе си дојде од работа вика шо не ти е пуштен тв ...живи страмој сме ништо едукативно нема да се учат деца,ај ние возрасните ќе гледаме ќе прајме знаееме што треба што не треба ќе одбираме што да гледаме ама децава од 5-6 годинки што се поистоветуваат со ликовите што учат од нив , што 24 саати гледаат како некој плаче , убива , жали ..... и ќе пуштам тв што ќе гледам ако го пуштам
не ја трујат, ја отруаа младината и старината со серии, најмногу ме нервира кога ке почнат да даваат реклами од тоа што ке се случува, ми иде да го скршам телевизорот, па ги повторуваат по пет пати на едни реклами немој некој да ги пропуштил катастрофа
Се согласувам. Јас не гледам ниедна. Незнам како врсничките успеваат да ги гледаат сите оние серии, посебно турските... Инаку и јас тешко се вклопувам, кога ќе фатат да зборуваат Хурем едно-друго леле. Една па болна е по Истанбул, била на гости во една голема куќа (во Македонија) ја изнасликала од сите страни и дворот , и пишала во Истанбул брука... Сметам дека тие серии се за бабине и дедовцине, што немаат што да прават по цели денови, па нека си тепаат време со серии, ама младиве место надвор да излезат они серии си гледаат,жално...
е во оваа тема морам да го искоментирам ова.Пред 2 недели бев на гости кај другарка ми, таа има керкичка околу 3 4 години е се вика Симона. И така ние си седиме на тареса а ќерка и шета по дома со марама на главата врзана и глуме дека е Хурем. Се симнало девојчето во дворот и видела дека татко и автомобилот си го паркирал кај соседот во двор, и отишла застанала до автомобилот и излегол на соседот синот и почнал да ја зеза ее Симона ви ја украдовме колата кај нас стои, гледаш не е веке ваша наша е, и таа ни 2 ни 3 одење дома и од кујната го земала ножот, и ние како што седиме ја гледаме трча со нож во раката и му оде и му вели ај сега допри ти нашата кола со ножот вперен во него, леле колку сум се исплашила си викам леле децата се затруле со турските серии, едвај и го земавме ножот од раката на малата хурем. па дури и се расправа му вели ти знаеш ли која сум јас ц ц ц
Јас мислам дека не е до сериите како серии туку до синхронизацијата е таа што прави децава да забегуваат. Ако така гледаме и шпанските не беа наивни, ама бидејки немаше синхронизација, децава не разбираа шпански и не слушаа кога си играа ,а мајките гледаат. Сега е страшно!!! Се слушаат, се разбираат и си велгуваат во филм. Ужас.
Демек во американскиве нема убиства, силувања и тн. со главен акцент ставено на секс и дрога...ама ете, Македонче е па ќе си мрчи (секоја чест на исклучоците) Сериине баш останаа да ја трујат младоста и децата...само тие пусти серии...случајно вчера видов една реклама за играчки и имаше играчки за машки: значи гумени чудовишта такви целите растегливи шо моеш да ги скршиш од мавање и ништо да не им биде, и шо е најинтересно во таа “борба“ има опција на едното да му излетаат очите, а на другото мозокот. Да, само Полат е крив за децата шо се такви какви што се. Ако е за тоа, зашто постојат играчки и игри кои поттикнуваат насилство? Зошто воопшто постојат работи како пиштоли и пушки играчки. Туку само да се мрчело де... Ако е за тоа сите тоооолку шо ги величате Американците и нивната продукција, баш по мое многу работи што се девијантни дојдоа баш од нив и од нивните програми. Секако постојат и исклучоци, па не генерализирам затоа што да се збори дека квалитетот на серијата/филмот го одредува земјата од каде што е сниман е незрело и ограничено размислување. Некој ќе рече исти приказни, исти настани, бла бла... Баш кај повеќето американски филмови не ми се допаѓа тоа што вртат 5 сценарија и секад знаеш како ќе заврши филмот, пример ако е тинејџерски филм или е за напалени тинејџери/ки и се снима во милион продолженија, или за нафиксани тинејџери на пуст остров како од тоа шо се надрогирани до даске им се причинуваат човекојадци, мумии и тн. Турскиве серии се баш онака разнолики, има и со поведра и со помеланхолична нота, има семејни саги, а има и баш љубовни драми, како и политички/криминалистички (не е само Долина на Волците). За квалитетот на глумата не треба ни да се прави муабет, баш се добри во тоа, подобри од “шпанцине“ мал милион пати.
Не е битно уопште дали се турски, шпански или американски серииве, дека секаде има насилство има, ама според мене телевизииве претераа со едноличноста на нивната програма. Значи немаш никаков избор, немаш што да му пуштиш на детето да гледа. Во наше време бар по еден цртан даваа од 19 ч., а сега нема ни детски емисии, ни образовни емисии, ни забавни. Накратко програмиве на телевизиите се униформирани, сите се едно исто вртат.
Абе не дека сериите ни ја трујат, ние всушност си ја труеме. Да не ве тера некој сосила да гледате од 1 до 10 турски серии? Па фала Богу, сега ретко кој нема кабловска и дигитална по дома, само Сител и Канал 5 ли ги имате, други програми демек нема. Не дека нема што да се гледа, има и за деца, и за тинејџери и за возрасни ама колку ние сакаме да гледаме? Еве јас дома, детски канали со цртани имам 5-6, од типот на Дискавери едно 10 имам со дигиталната, Фокс Лајф, ТВ 1000, Универзал сте чуле ли за нив? Имам избор колку сакам да гледам, што сакам и кога сакам да гледам, постои и интернет на кој има милион серии и емисии, турска серија не гледам ниедна, освен понекогаш чат - пат Зет Домазет ама и тоа почна досадно да ми станува. А за претерување стварно претеруваат, единствено во денот освен серии имаат само Вести и реклами, филм некој многу ретко да начекаш, цртан па да не збориме.А1 за пример си беше имаше и за деца, и за возрасни и за стари.Телма бега шематски, ама серииве едно 10 години ги врти, се сеќавам како мала ја даваа онаа Аларм за Кобра 11, сега пак ја даваат. Ама до нашиов менталитет е, кога беа шпанските во мода, сите шпански ги гледавме, сега со турскиве не сме покуси, мајка ми со сестра ми сите ги пратат, ко наводно ништо немало на телевизија, а за мене може да има секогаш кога ќе пуштам да гледам, јеа рајт.
Мислите ли дека треба да ги отстранат турските филмови? Ако продолжат со турските серии ќе станеме турци . Јас мислам дека треба да ги остранат,или нека ги намалат,на секој канал од 07ч до 00ч само турски серии има,претераа веќе! Уште не завршила 1 серија најавуваат друга!!! Не потурчија веќе.
Постои закон за категоризација на програмите кои се емитуваат ама нашите телевизии не го почитуваат тоа, односно го почитуваат ама не знам како ги бираат критериумите. Сум приметила пред да почне турска серија нели иде еден телоп со зелен круг Програми наменети за целата публика. Каква публика бре, ама и не се криви телевизиите се додека има кој да ги гледа ќе ги прикажуваат. Ајде разбирам бабите што немаат работа па по цел ден да гледаат, ама и млади девојки и мајки кои свесно ги трујат своите деца па и се горди како нивното дете ги знае сите ликови од сериите и може да дискутира на теми за турските серии. А пример Big Beng Theory кога почнува оди Програми кои можат да ја вознемират малолетната публика. Ама изгледа овие од МТВ имаат повисок степен на рангирање на програмите, отколку овие другите наменети за целата публика.
Човек кој има свое јас, човек кој знае да разграничи што е реално и што не е, што е добро што не е ... кој гледа подалеку од носот и ТВ, нема да зјапа во екранот и да перцепира серии вакви или онакви. Има многу други интересни и паметни работи да гледа само да посака. Кога ќе ме прашаат дали гледам серии ... кога одговарам ни една, се вакви ... Зошто??? Ни сакам ни ми треба, ТВ дури заборавив како изгледа.
турски шпански индиски и не знам уште какви да..и треба да се забранат со закон,а оние смешни сит комс како the big bang..,или how i met.. не,тоа ти е само смеење,за мене ми се како терапија,тие си ги симнувам од нет,а иначе тв дома ретко,среќа што немам тука Мк програми,сакав едно време да ставам сателитска за А1,канал 5 ама искрено не ми се исплаќа,за што,нема ништо веќе квалитетно на наша телевизија,не дај Боже некоја репортажа да направат,да се образуваат малце луѓето,тупи им го мозокот со заостанати ликови И да направам споредба од порано-гледав некои шпански серии,подоцна запишав шпански како втор јазик на факултети и имав 9ки тие две години,немаше никој подобра оцена од мене,со ниеден ден учење шпански на курс,значи ако ништо друго барем јазик научив
Океј ајде серијата не е намената баш за сите воздрасти да, ама па Величенствениот што се кољаат на секој чекор е дозволена за сите воздрасти, никако неможам да сватам таа нивна катагоризација страшна. Биг бенг, барем нема крвови и сечење на глави на секој чекор. Кога се работи за серии, мора да се умешам и неможам да ги ставам сите во ист кош. Индиски, турски, шпански, американски, италијаниски и тако даље, сите имале нешто квалитетно и нешто шунт. Е кај нас е проблемот што не трујат со шунтот, зашто квалитетот е скап да се купи. Криви се телeвизиите, но првенствено родителите што ги пуштаат да гледаат такви серии и уште од малу да поминуваат по 10 саати пред телевизор. Немало друг избор? Неточно, сега со торентиве може да се симнaт секакви програми, докумантарни, цртани и било што посоодветно за деца, отколку тоа што ни пласираат на тв. Има избор, барем денешниве деца, имааt модерни родители кои растеле со технологија и треба да знаат да ги користат барем во своја корист. Ама очигчено и нив им одоговара да се трупнат пред телевизор после работа, и само сериите и ништо друго да не гледаат и не ги интересира никој друг. Секоја чест на родители кои одвојуваат голем дел од слободното време да учат со децата, да им помагаат во домашните работи, проекти, ги носат на спорт, јазици, а не го поминуваат најголем дел од своето време со турскиве глупости. Кога детето има пример соодветен од родителот ќе гледа и ќе учи како треба да се понаша, што треба да гледа а што не. Според мене клучот на секое детско однесување е како е тоа воспитано од родителите и каков пример тие него му даваат, и тука лежи и проблемот и решението.
Сега не гледам и не би сакала да гледам сапуници. Но, во трето одделение сите девојчиња од мојот клас гледаа па сакав и јас. Тогаш сакав да сум „нормална“(но сега не сакам, не мислам на душевни болести).