Серииве ни ја трујат младината

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од paulina2, 12 април 2012.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.813
    Допаѓања:
    80.636
    Пол:
    Женски
    Ја отруја веќе.
     
    На КикиМаус и elimkd им се допаѓа ова.
  2. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    Претпоставувам во глобала за турските серии се работи во темава (барем мене тоа штетно влијание по мозок кога се мисли за серии во последниве неколку години - одма на турските ме асоцира).
    И да, се согласувам дека имаат многу негативно влијание, само што би додала дека не ја трујат само младината туку и повозрасната популација. Воопшто во глобала се фаворизираат и поттикнуваат строги традиционални вредности, конзервативност, назадување што треба да се надмине во општеството. За насилството што е присутно во серииве па воопшто и да не спомнувам.
    Кога ќе ми текне дека пред неколку години сум трошела време на нив, каков фејспалм ми иде да си удрам, лелелеле... (facepalm)
     
    На КикиМаус му/ѝ се допаѓа ова.
  3. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    17.733
    Нормално дека секој филм, во случајов серија, не битно дали е турска, шпанска или индиска, има некоја порака што сакал режисерот да ја пренесе на гледачите. Но народов наш, поточно мојава околина која 70% од слободното време го троши на гледање вакви серии не гледам дека извлекува некаква порака од нив. Напротив дел од нив почнуваат да ги прифаќаат одредени "лоши" манири на ликовите од сериите, оние кои Спешка погоре ги напомена, а дел од луѓето како да живеат во некој паралелен свет... Седнуваат на кафе и наместо да разврзат некоја квалитетна дискусија или пак да видат дали се добри, здрави, како напредуваат на разни животни полиња, тие навлегуваат во жестока дебата што ќе се случи во следната епизода, кој од ликовите како ќе постапи во некоја наредна дадена ситуација... до тој степен се отседнуваат во сериите што сум била сведок и на жестока расправија околу тоа кој какво мислење има за некој линк или слично и потоа сменува муабет на маса како да си згрешиле нешто приватно...
    Дали серииве им станаа страст, пасија или не знам како да го наречам тоа...
    Но едно според мене е сигурно, воопшто не влијаат добро на народов.
     
  4. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.201
    Пол:
    Женски
    Намена на сериите е перење мозоци. Било турски, од англиско говорно подрачје или поинакви.
     
  5. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    6.688
    Пол:
    Женски
    Ни ги отруја старите не младите.. (Турските серии)
     
  6. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.432
    Допаѓања:
    22.707
    Пол:
    Женски
    Не ме интересира што гледаат стариве. Земајќи в предвид дека и ништо особено не се нуди на нашиве телевизии. Сем турски серии и звезде градна ама апсолутно ништо нема. И оние емисии од типот, контактни, оние каде што готват.. толку ми се бедни.. некако без култура ми се. И шо да гледаат? Friends? How i met your mother? Ни половина нема да раберат.
    Само некои репризи од луде године, бољи живот и за секој празник зоне и ивкова слава.
    Ништо ново не прават, ништо.
    Ама, од такт ме вади кога деца гледаат турски серии и пеат песнички тралалајки од пинк. Парада на кич.
    Се ежам кога дете ми раскажува турска серија.
     
    На Love 83 му/ѝ се допаѓа ова.