Бидејќи има многу теми за најдобри серии, најинтересни, нема ниедна за најлоши или најнеинтересни, најдосадни, најпрeценети. Темава е за серии кои сте ги гледале а не ви се допаднале, ги сметате за лоши/досадни/глупави/преценети и поради која причина не ги препорачувате на другите. Mногу често сум се прашувала за некоја серија дали е добра или не, бидејќи не сум можела да пресудам по кратката содржина. Би сакала да напишете кои серии ги сметате за неквалитетни, а сте ги гледале или ги гледате, а ве разочарале или воопшто не ве заинтересирале! Јас ќе започнам со една многу нова серија која НЕ ја препорачувам, започна пред некое време има само 2-3 епизоди! House of lies! Уште од првата епизода, не ја ни догледав до крај, досадна! Ми изгледа наивна, бледа и веќе видена.Не ми се допадна глумата, како да се пренамагаат,ни најмалце природно! Очекував многу многу поинтересна да биде. Ќе пресудам можеби подобро понатака, но сега за сега викам не
Па,ретко да изгледам цела серија или повеќе епизоди ако не ми се допаѓа.После една изгледена епизода прекинувам ако ми е глупава. Серии кои не ги препорачувам: The Vampire Diaries.Ја гледав првата епизода и мене лично не ме заинтригира,можеби затоа што не сум баш по вампирите и по натприродните работи. Joey Се обидов да ја гледам затоа што мислев дека е слична на Пријатели но многу е тапа и ни малку не е смешна. За други не ми баш текнува,кога ќе се сетам ќе пишам.
Турко БС (BullShit). Со акцент на оние љубовните глупости, од тип: Солзи на есента, Џанан, блабла. Од турсково, само Езел им го признавам!
Скоро сите серии што ги даваат на ФоксЛајф и што се комедии, почнувајќи од Секогаш е сончево во Филаделфија, Среќни краеви, Џои, Ким и Кет (или како се викаа тие мајката и ќерката ) ... Глупост до глупост! И да, може ќе ме нападнете за ова, али мене воопшто не ми се допаѓа Госип Грл. Имам изгледано 2-3 епизоди со цимерката, и воопшто не ми привлече внимание. Мене ми остави впечаток на серија во која богатите владеат, можат да прават што сакаат, они имаат се најдобро, можат да ги газат луѓето, тие двете во главни улоги пак се замислуваат ко кралици на тој колеџот, или каде и да се ... Се на се, една многу вообразена серија.
Person of interest- затоа што во секоја епизода слични се приказните, онака се се повторува. После трета, четврта епизода станува досадно. Pretty Little Liars- бидејќи многу ја влечат приказната, ја гледав серијава некаде до втора сезона, ај што се лигави девојките, ама и сeријава некако тапка у место(сега незнам до каде се дешавките, али на мене не ми се допадна) На други во моментов не ми текнува, ама знам дека имаше уште неколку што не ми се свиѓаа.
Girls Мислев дека ќе биде нешто сосема различно и добро. Различно -checked, Добро- i don't think so. Некоја лоша реализација на вистински стории на млади девојки, кои живеат во Њу Јорк. Мене на моменти ми е одвратна и не гледам ништо интриганатно тука.
Не ги препорачувам СИТЕ ИНДИСКИ СЕРИИ ОТИ ЈА НАМАЛУВААТ ИНТЕЛИГЕНЦИЈАТА И СЕ НАПРАВЕНИ ЗА ЛУЃЕ СО НИСКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА, се прглупи и наводно кажуваат мн мудри работи , а уствари врска немат со мудроста.
Сите до една индиски, повеќето турски...Глупости во боја.Последно нешто такво е турски Очајни домаќинки на Канал 5, што ја пуштија, ни ликовите не им се погодени, ни сцените, ни локацијата. Од американскиве, чудно ќе ви дојде, ама Хаус и Вовед во Анатомија многу глупави серии ми се, една епизода имам сосила изгледано од нив. Сите го сакаат Рејмонд, Секогаш е сончево во Филаделфија, и други „комични“ серии што ги даваат на Фокс Лајф, за ништо не ги бива.
"Entourage" Освен типот во главната улога, кој е мошне симпатичен и допадлив, сите останати пијавици околу него се невидени дебилчиња. Фацките значи кажуваат се'. Само се влечат околу него, кој за слава, кој за пари, приказната е глупава и млака, целата серија е досадна и без врска. Не ми е јасно како има толку висок рејтинг. Среќа заврши.
сексот и градот.. освен секс секс секс и повеќе секс нема ништо другоо..прва сезона преку сила ми е изгледана итоа со другарками да и правам друштво..
American horror story -Американска хорор приказна Обично сум љубител на хорор филмови (еден од омилените ми е Saw), ама серијава ми е толку морбидна, застрашувачка и не знам....одвратна ми е. Ја загледав на Фокс лајф, гледав 2-3 епизоди и толку беше...сега веќе не ја даваат, а кога случајно ќе ја начекав вртев канал сместа и никогаш не ми ни паѓа на памет да ја гледам. Бррр...од језивост
Не те напајѓам но ти си изгледала само 3 епизоди од G.G јас ги имам изгледано првите 3 сезони и серијата е закон . П.С секој има различен вкус позз
Сите индиски, турски, шпански серии... јас неможам да ги поднесам..предосадни ми се... Индиските не ми се толку лоши, ми се допаѓаат како појава, бојата, облеката, актерите, али преку такво на човек да му дојде, милион епизоди имаат!!! Тие серии не завршуваат, само траат и траат, ми се чини и по 20 години уште ќе ги снимаат Треба да научат тие луге што е крај
Сите индиски серии - заради глупавата содржина, премногу епизоди, тие некои нивни чкљ обичаји. Долина на Волците - премногу насилство, животот со мафијата и подземјето, ништо поучно нема.
happily divorced Jaсно и гласно, немојте да сте се зафрланле со симнување и гледање на серијава Мислев дека е нешто поинтересно, посмешно и позабавно. И ваква дебилна серија има 2ра сезона, немој да ме јебеш Маж и жена се во долг брак, но мажот е геј, и тоа решава да и го принзае после 18 години брак. Се разведуваат, но поради финсиски проблеми уште живеат во иста куќа. И заедно си бркаат ДЕЧКОВЦИ Нема ни една смешна сцена во серијава, ништо интересно. Френ незнам до кога ќе игра во вакви дебили серии, па и името немој никако да и го сменат, секаде е френ
The Office Не ми е јасно од каде е рејтингов 9 на ИМДБ ама по пасивна,досадна,никаква серија немам гледано.Гледав неколку епизоди и буквално ништо не се случува.
It's always sunny in Philadelphia -По дебилна серија од оваа немам гледано. Јас незнам како може да има 7 сезони, серијава е КРШ!