И јас се залетав по Секогаш е сончево во Филаделфија, затоа што читав добри критики, ама серијата е тапа. Не ми се допаднаа ни Secret Diary of a call girl (премногу површно за мој вкус), ни Breaking bad (професор кој кога ќе се најде во финансиска криза, ќе почне да прави метамфетамин - вид дрога за неупатените ).
^Почни ја Fringe, многу е заразна серијата, ѕирни за што се работи. Сончево во Филаделфија има некои интересни епизоди, ама претежно хуморот е на некое дебилно ниво. Ја гледав чат пат на фокс лајф, ама не ја препорачувам за гледање на сите сезони.
Fringe ја гледав се до последнава сезона. Некако ми претераа со фантазија и престанав да ги гледам. Фала за предлогот во секој случај.
Girls Злоупотребувам што имам НВО бесплатно еден месец и за два дена ги изгледав сите 10 епизоди од серијава. Америчко срање во боја. Некаде читав дека имале инспирација од Сексот и градот ама нема везе. Се се врти околу 4 девојки и нивниот живот за кој ништо не ти е јасно. Додека да сфатам едната што работи 7 епизоди изгледав. А дополнително само е прикажан нивниот сексуален живот кој е од глуп поглуп и бар за мене несфатлив. Ни алиштата не им се нешто ваууу, па така да ни за тоа не вреди да се гледа. Од други серии се имам заљубено во Њу Јорк ама тука ништо од градот не гледаш. И уште не ми е јасно дали таа едната абортираше или не.... Никако да не ја гледате.
It's always sunny in Philadelphia Everybody loves Raymond Немам зборови со кои би опишала колку ми се глупи серииве.
Man up! Jaс во цела серија не видов нешто што е ап. Ни мажи ни жени. Досадна серија за 3тријца најдобри другари кои се обиидуваат да докажат дека се мужкарчини како нивните родител, а всушност си нема врска со животот. Не ви ја прапорачивам зашто е тотално досадна, со глупи дијалози и несмешни фори. Јас викам down own:
Од Fox Life. Нема многу што да се коментира. Едноставно сум ги гледала, и се ептен тапа според мене. Мењам канал чим ги видам.. Kath & Kim (200 http://www.imdb.com/title/tt0948539/ Но комент. Ally McBeal (1997–2002) http://www.imdb.com/title/tt0118254/ Ептен досадна. Сум и дала многу шанси, ама што е многу, многу е.. The Booth at the End (2011) http://www.imdb.com/title/tt1554369/ Не ја сфаќам целта. А има 8.8 оцена. Во едно ресторанче се одвива, еден човек во години, и му доаѓаат да му се исповедаат. Некогаш трае 2 минути, некогаш 15.. Има уште некои како Private Practice (2007), Grey's Anatomy (2005).. Ама нив ги немам гледано, не можам да кажам ништо. Едноставно нејќам таков тип на филмови.
Yes, dear Ја гледав неколку пати на фокс лајф и мене ми е ептен глупа. Треба да биде комедија. Спојлер http://www.imdb.com/title/tt0247144/ Psych Многу добри критики за серијава, а мене воопшто не ми е интерерсна. Се надевам не сум единствената што мисли вака. Спојлер http://www.imdb.com/title/tt0491738/ Persons unknown Серијава е мистерија, премногу е интересна, ама не ја препорачувам бидејќи е прекината по првата сезона, а премногу ќе ве заинтригира што ќе бидете разочарани. Затоа, подобро не почнувајте да ја гледате. Сепак изборот е ваш. Спојлер http://www.imdb.com/title/tt1333050/ И нормално на овие ги додавам сите турски и индиски серии, како и останатите дебилски американски „комедии“ кои беа претходно спомнати.
Не е Џои толку лоша. Односно ќе беше подобра да го имаа приспособено да биде онаков каков што си беше во Friends. Girls со право е ставена како лоша серија. Charlie's angels. Ваква глупост тешко кој би можел да повтори.
Ау, од каде рејтингов, мајке ми? На невидено симнав 5 епизоди, си викам дај да се посветам на нова серија, мора да е добра. Леле... мори... мамо. Запрепастена сум од тоа колку е лоша серијава. Дебилна, приказната е жива идиотштина, навредува и женски род и машки род и интелигенција и се` живо и диво по ред. А ликовите, јаоооо ликовите... па погрда и потупа и понехаризматична глумица и лик од главната типка јас не сум видела. И сите останати си го земале делот, ова треба да се укине, под итно. Дефинитивно не сум загледала нешто поглупаво во последниве 5 години. Ма ни Касандра не беше така очајна.
Серијата ја обожавав, мене ми е нешто како машка верзија на Сексот и градот, и според мене серијата и те како има поента, а поентата е што реално гледаш дека не може да постои лик како Винс во реалниот живот, секогаш кога ке дојде некој до поголема сума на пари сака се повеќе и повеќе да има, а не да дава наоколу со добра воља, значи серијата има порака да се угледаме на Винс и да бидеме помалку алчни од друга страна ми е и страшно забавна и комична, а и тоа се очекува од една добра серија, да те насмее
gossip girl- ужасно досадно, буквално секој со секого . Што ли гледаат во Чак Бас? Типот ми е одвратен со самата појава.
Индиски / Шпански и Турски серии + Македонска сихронизација = Jersey Shore Не постојат зборови да се опише колку е глупа ова , па уште 6 сезони има мислам , јас гледав 2 епизоди и доста беше . The Apprentice со Donald Trump. Фактички 10 сезони за егото на Доналд .... Овие би ги издвоил како катастрофа , иако сум гледал по 3-4 епизоди само .... , за другите претежно на Fox што се нови и стари се онака ок , имаат доволно материјали да ме натераат да ја изгледам цела епизода
^ А Јипи за ова имаш минус, можда Трамп е говедо, ама сеак серијалот си има смисла и е доста интригантен за гледање. Не за џабе има над 10сезони. Овај јас дојдов да ве упозорам да не наседнувате на серијава Save me http://www.imdb.com/title/tt2245117/ Не само што не е комична дури ни за плачење не е. Колку ја неќам вакви релиџис крап тоа чудо некое. Многу лоша серија многу.
Keeping up with the kardashians Лошо, лошо... Оваа им е само за привлекување на внимание... глупави богаташи!
Pretty little liars Па морав да ви ги отворам очите на некои од вас кои планиравте да ја гледате. Ова е најголемото трошење на време. Сценаријата изгледаат ко да се правени од ден за ден. Ни самите они не си ја знаат приказната. 3 сезони по ред и пак се на истото место. Тапкаат само у место. Нема смисла серијава. Сите ја фалат. И јас ја фалев едно време кога очекував нешто дека ќе се случи ама видов дека ништо не се случува и се откажав. Откажете се и вие уште на почеток.
The Goodwin Games И дадов шанса, изгледав 5 епизоди ама многу ми беше досадна, нема ни К од Комедија.Ретко се откажувам од серии ама од оваа дефинитивно се откажувам.