1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Серии кои не ги препорачувате бидејќи....

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Hipster, 28 јануари 2012.

  1. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    За промена, две серии кои не би ги препорачал за гледање – у превод, ја ги гледав, за да вие не морате. :D

    Iron Fist (2017)


    Како и сите фанови на сериите со Марвеловите јунаци на Нетфликс, и јас со нетрпение очекував да излезе Iron Fist, последната пред излегувањето на The Defenders. И како и сите, и јас бев изненаден од лошите критики и реакции кои ги доби серијава. Сепак, затоа што не сум човек кој се потпира премногу на туѓи мислења, се решив да ѝ дадам шанса и, колку што можам, непристрасно да ја оценам. Арно ама, во случајов се чини дека критиките и хејтот, барем делумно, се оправдани.

    Без да спојлам за содржината, ќе се обидам да посочам што е она што не чини кај Iron Fist, а богами, има доста.

    Прво, Дени Ренд, т.е. глумецот кој го глуми, е тотално антипатичен тип (a неговата глума и не придонесува баш за да го засакаме). Второ, неговото однесување – као за тип одгледан во будистички манастир, со калуѓери кои го учеле на медитација и кунг-фу, Дени е неверојатно избувлив и со зачудувачки ниско ниво на самоконтрола – толку често има изливи на бес и тантруми, како 6-годишно дете во супермаркет, што после некое време се фаќате сами себе како му се дерете преку мониторот „Што ти е?!?“ и „Дај, аман, опрај се више!“ Освен тоа, ако судиме по неговото однесување, изгледа како и психички да е застанат отприлика негде на тие години.

    Самата приказна и постапките на главниот лик се исто така фрустрирачки за гледачот – во речиси секоја ситуација има барем 10 пологични начини на кои Дени би можел да постапи и да реагира, ама не – тој секогаш, речиси без исклучок, го одбира најнелогичниот од нив, а вас ве остава со мигрена и сомнеж дали можеби стварно нешто му фали у главата.

    Во однос на акционите сцени (кои, патем, ги има waaay too little) исто можам да кажам дека се најлошите од сите досегашни Нетфликс марвелови херои. Исто така, Дени јаде премногу ќутек, дури и кога се тепа со некој еден на еден, што е скроз out of character за некој кој се нарекува себеси The Iron Fist.

    Од останатите ликови, братот и сестрата (Ворд и Џој) имаат доста крипи односи меѓу себе, а сцените со нив ги гледам со нелагодност – се осеќа некоја инцестоидна хемија меѓу нив, и у секој момент очекувам некој Џејми и Серсеи момент да се случи меѓу нив двајца, иако цело време во себе се потсетувам дека ова не е таква серија.

    Светла точка у серијава е ликот на Колин Винг и... Не, нема друго, само таа е. А да, се појавува и Клер Темпл, што е исто само плус за очајниот збир на актери во Iron Fist.

    Би рекол дека во серијава недостасува она што го имаа сите нејзини претходници – а тоа е добар негативец, ама ја немам изгледано до крај, така да сѐ уште имам надеж.

    На крај, ќе напоменам дека имам изгледано само 4 од можни 13 епизоди од серијава, така да (теоретски) постои шанса да стане добра, иако не верувам баш во тоа. Сите хардкор фанови на суперхероите на Нетфликс и така ќе ја изгледаат серијава (најверојатно и ја ќе ја изгледам, кога веќе се фатив на орото), но на сите други би им препорачал да ја прескокнат оваа и да ги чекаат The Defenders и новите сезони на веќе добро познатите серии кои сите ги сакаме – како Daredevil, Jessica Jones и Luke Cage.


    Taken (2017)

    Самава серија, уште од насловот не ветува. Се работи за адаптација на филмовите со Лиам Нисон, чија замисла прекина да биде интересна уште пред 10-ина години, односно некаде после излегувањето на првиот филм. Откако ја уништија оригиналноста на Taken со две целосно непотребни продолженија, сега очигледно се решија дека е време да ја погребаат целата франшиза, со правење на факинг серија според неа.

    Да напоменам дека во серијата Taken никој уствари не е taken – ова е уствари prequel за Брајан Милс и за тоа како станал нинџа. Можеби ќе било подобро да ја нарекле серијава Mills, ама што ќе правиш. Брајанчо тука е ерген, кој нема ни (бивша) жена, ни ќерка, ама затоа од некоја причина има сестра, која му ја убиваат, а од нас се очекува дека би требало да ни биде гајле за тоа.

    Целосно непозната и тотално антипатична актерска екипа, со приказна која сме ја виделе само, паа, едно милион пати до сега – за државна организација која се бори против тероризмот. Било која друга серија со истава тематика, било која – Homeland, 24, Sleeper Cell, NCIS – све, верувајте, све е подобро од Taken. Единствената иновација во Taken е тоа што главниот лик се вика Брајан Милс, а не, на пример, Џек Бауер. Е богами, јака муда!

    Taken е сериозно опасна за мозочните ќелии на гледачот – и ова го велам само после изгледана една епизода – затоа што ја гледав на 3 или 4 пати, пошто после 10 минути паѓав у кома и заспивав.

    Избегнувајте по секоја цена или, ако патите од несоница, гледајте дозирано, во доцните ноќни часови, наместо апчиња за заспивање.
     
    На theowndemon, do-re-mi и kravce им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.805
    Допаѓања:
    65.523
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    The Neighborhood
    Серијава ја почнав без да прочитам нешто, со Керолајн од 2 шворц девојки и Шмит од Њу грл, па си реков може е интересна. Ама серијава не да не е смешна, туку е крајно стереотипна, расистичка и тотално, тотално патетична. Не верувам ни дека прва сезона до крај ќе ја истера. Како дури можеле да ја снимат? Не губете време ако налетате на оваа.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.