Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Серии - општа дискусија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Chocolate.me, 2 јули 2013.

  1. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.226
    Пол:
    Женски
    One Tree Hill? Ја гледал некој? :)
     
  2. elence132

    elence132 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    105
    Јас ја имам гледано и премногу ми се допадна , интересна е , има доста драма , и во многу моменти ќе ти го задржи здивот, ќе те насмее а можеби и расплаче :) Јас ти ја препорачувам да ја гледаш
     
  3. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    А јас па со моите лимонади серии, ви ја препорачувам Devious maids, погодна за во опуштено и лежерно издание.
    Не е задолжител психички став за серијата, лесна и интересна е, само 13 епизоди се, 1ва сезона е само испадната, на 2ра сезона во април сега и е премиерата.
     
    На Little-one, Adi888, Chocolate.me и 3 други им се допаѓа ова.
  4. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    за оние кои сакаат да го гледаат новиот дел на под прикритие сезон 4 епизод 1 http://www.youtube.com/watch?v=_zFmbe2P6Ds го има ...Под Прикритие малку да кажеме дека се очекуваше повеќе.
     
  5. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.217
    Допаѓања:
    25.781
    Пол:
    Женски
    Ако си во двоумење дали да ја гледаш или не воопшто не се двоуми одма да ја гледаш,јас одамна ја прекинав да ја гледам а сакам да продолжам кај што застанав ама никако време не ми останува :(
     
  6. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Orange is the new black.

    Не ми се верува дека скоро пола година ми стоеше 1вата сезона симната во лаптап, и упорно ја избегнував, и кога се решив да ја ѕирнам, баш на сред колоквиумска, стандард нели, ќе си пукнев од мака шо сум ја игнорирала.
    Серијата е навистина предобра. Јас успеав цела сезона да ја изгледам у 3-4 дена. :tmi:

    Јас ви ја препорачувам, и овој пат скрос се согласувам со имдб и нивната оцена 8.6

    Се работи за девојка која ја стигнува нејзиното минато, и баш кога мисле дека животот си го средила.
    Таа е верена и среќна со нејзиниот дечко, но нејзината бивша девојка, патем која тргува со дрога, ја фаќа полиција, и сите нејзини соучесници мора да одат во затвор.
    Пајпер, главниот лик, се пријавува сама во затворот да одлеже 15 месеци, со дечко и после 15 месеци најнормално да се венчаат и да контактираат колку што можат повеќе овие 15 месеци.
    Но, нејзиниот престој во женскиот затвор си носе свои црнила и искушенија, откако ќе се сретне со бившата нејзина, која исто таму ја одлежува казната.
    Во серијата има толку добро разработени карактери, личности пооделно, доловени моменти од вистинскиот агол и една многу интересна и примамлива содржина.
     
    На Chocolate.me и 1209 им се допаѓа ова.
  7. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    На Fox Life мислам дека ја гледав рекламата и ми изгледаше интересна, баш за опуштање, без тупење мозок. Треба да погледнам некоја епизода :)
     
  8. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.980
    Допаѓања:
    10.224
    Да се самоцитирам. Ги изгледав сите 4 епизоди што се излезени до сега и полека почнуваат да ме нервираат некои работи. Првите две епизоди беа онака ветувачки, ама како продолжуваат понатаму ми изгледа се повеќе на типична америчка бљувотина каде што ми продаваат некои причи во врска со војните и колку они се фини и кротки.
    Плус не ми е логично како тоа може во човек да се вметне таков чип каков што има Габриел. Мислев и дека повеќе ќе обрнат внимание на тоа, а не само да замачкаат очи со моментот, имал посебна генетска мутација па затоа :^) Малку научна и логична поткрепа нема да и дојде лошо на серијава, знам дека не и е тоа главната поента ама чисто колку да не се осеќаме изманипулирано тие што ја гледаме.
    Ќе продолжам да ја следам затоа што сепак е ок за да затепаш време, ама не сум воодушевена. Оцена 5/10
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    На 1209 и sweet-cherry им се допаѓа ова.
  10. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Втора сезона од Orange is the new black! :)

    [​IMG]
     
  11. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.422
    Допаѓања:
    22.808
    Пол:
    Женски
    Да си кажам и јас кои серии ги следам :D
    Ќе почнам со The Carrie Diaries - серија за животот на Кери од Сексот и Градот, ама пред да се пресели во Њујорк. Сега за сега, оваа серија ми е на прво место. ми се допаѓа приказната, глумците, облеката, местата кои ги прикажуваат и се по ред :) Ја препорачувам на сите кои се уште не ја гледале. Таман е за пред спиење.

    Потоа, Switched at birth - серија за две бебиња кои се заменети при раѓањето, и тоа го дознаваат сите дури после 16 години. Секоја епизода трае околу 45 минути, и се работи за семејна драма. Ептен ми се допадна уште од почетокот и сега едвај чекам да излезе нова епизода. Интересна приказна, а мене ми го задржа вниманието и тоа што во серијата многу се користи знаковниот јазик, па и поднаучив по некој знак. И оваа серија котира доста високо на мојата листа.

    Ја гледам и 2 broke girls - пресмешна серија, доста интересни ликови. Се смеам секоја епизода, особено на репликите на Макс. Едноставно одмарам додека ја гледам :D

    Следна е Modern family - за оваа серија ми требаше долго време за да ми стане смешна, затоа што нели се работи за комедија. Ама веројатно не можев да го прифатам хуморот во неа. Продолжив да ја гледам поради Глорија (Софија Вергара) и Мани (нејзиното синче). Најинтересни ми се од сите ликови. Кратко траат епизодите, околу 20тина минути. Онака, за релаксирање е добра.

    Доста време ја гледав/м и How I met your mother - на почетокот ми беше една од најинтересните серии, ама последната сезона им е за никаде и едвај чекам да заврши. Мачење ми претставува секоја епизода. Ептен ја расипаа серијата, можеби не требаше да ја прават толку многу сезони. :!:

    Сега почнав да ја гледам Baby Daddy - уште сум на прва сезона, и не би можела да кажам којзнае каква критика. За почеток не е лоша, има едно преслатко бебенце во серијата, Ема, и заради неа почнав и да ја гледам :D Добра е за одмор пред спиење :)

    Ја изгледав и првата сезона од Devious Maids - серија за 5 слугинки кои работат кај претерано богати газди, и во феноменални вили. Секоја од слугинките си има своја приказна, вредна за следење. Ја препорачувам, најмногу проади раскошот во серијата.

    И за крај, завршив скоро со гледањето на првата сезона од Orange is the new black - серија во која дејството е сместено во еден женски затвор. Приказната се врти околу една бисексуалка, има доста лезбејски сцени, на моменти е одвратна за гледање :puke: ама некако ја догледав. Сега читам дека ќе има и втора сезона, ама многу психопатски ми се ликовите, не ме воодушеви многу.

    И така, тоа е од мене :hai:
     
    На disaster му/ѝ се допаѓа ова.
  12. disaster

    disaster Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2013
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    4
    Премногу сум приврзана за сериите, повеќе серии гледам отколку филмови...
    Моментално следам 15 серии, кои 3 веќе се завршени со сезоната за годинава. Редовно ги следам:
    - How I Met Your Mother
    - 2 Broke Girls
    - Pretty Little Liars
    - Twisted
    - Ravenswood
    - The Originals
    - American Horror Story
    - Glee
    - The Vampire Diaries
    - The Big Bang Theory
    - Devious Maids
    - The Carrie Diaries
    - Revenge
    - Witches Of East End

    И сега почнав да ја гледам Marvel's Agents Of S.H.I.E.L.D.
    А планирам да ги гледам:
    - Skins
    - F.R.I.E.N.D.S.
    - The Tomorrow People
    - The Fosters
    - Touch да ја догледам :P
    - The O.C.
    - Teen Wolf


    Јас ја гледам The Carrie Diaries, предобра! Многу ми се допадна иако има 13 епизоди и првата и втората сезона и втората сезона е завршена :( ... Не можам да чекам за третата бидејќи многу работите се случија во втората сезона. Гледај ја нема да згрешиш во изборот.
     
  13. HoneyAxl

    HoneyAxl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    151
    Мене пак најдобри и најинтересни серии кои ги гледам се:
    The ghost whisperer
    The walking dead
    The X files
    Nikita
    Modern Family
    The crazy ones
    Agents of S.H.I.E.L.D
    Family guy
    Bones
    Winners&Losers
     
  14. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Не сум нешто многу по сериите, обично гледав што ќе ми пуштеа на Фокс и тоа е тоа.
    Кога се работи за серии, сакам да ме опуштаат, лесни лимонатки за пред спиење. Никогаш не сум имала трпение за долги епизоди, крими серии и сл.

    Ги обожавам Sex and the city и им ги знам епизодите на памет, ја обожавам и My mad fat diary, Skins UK version, Modern Family, Devious Maids, The Carrie Diaries.
    Почнав да ја гледам Breaking Bad, aма не одеше. Може станува интересна подоцна ама стварно немам трпение а уште помалку време за да дочекам, па фино лепо си ја избришав.
    Сега ја симнав 2 broke girls, па ќе видам како ќе биде.

    Инаку, не сум многу по серии ама ultimate guilty pleasure (немојте да ми се смеете! :!: ) ми е Nicklelodeon, oд Sponge Bob па до iCarlу и сето тоа во комбинација со голема кутија сладолед.
    Живот. :mm:
     
  15. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Јас сум ептен заразена со сериите. Филмови не гледам толку, интересно ми е да ги гледам во кино и тоа е тоа. За разлика од нив серииве ми се за добра ноќ обавезни. :)

    Моментално ги гледам Suits,My mad fat diary,The carrie diaries,The client list, Sherlock,Girls,Orange is the new black.

    Sutis

    После изгледаната пилот епизода,серијава не ми се допадна баш.Ама,со гледање на наредните неколку епизоди во еден ден, ми се искачи во топ 3 серии на сите времиња. Ја обожавам серијата. Откако ги изгледав сите можни излезени епизоди ,боледував некое време. :rofl: Харви ми е најзгодниот и најшармантниот тв лик што го имам видено. Симпатија ми е. :D Со Мајк ми се супер комбинација. А, се топам на сите сцени меѓу Харви и Дона.

    Истовремено Луис ми е најомилен негативен(не е баш негативен лик,ама ајде) според мене. Срце е. Многу ми е забавен и смешен. Глумецов е фантастичен,така добро го доловува ликот на обесправен работник што е огорчен заради тоа,чудо едно. :)

    My mad fat diary

    Чудна е малце серијата,т.е ненавикната бев на таков тип серии,типично британска е. Ама набрзо исто сите ликови ми станаа мили. Особено Тикс и психијатарот. Многу комплексно изградени ликови, многу болка и несигурност собрано во сите нив. Серијава колку ме смее и орасположува толку и успева да допре до мене и да ме растревожи.

    The carrie diaries i The client list

    Нив си ги гледав за релаксација. Лимонатки се,ама опуштаат и одмараат. Во првата има фантастични модни комбинации.Штета што најверојатно нема да продолжат со снимање на нови епизоди.

    Sherlock

    За серијава ќе ми треба цел форум за да кажам што се`имам за неа. Толку е паметно направена,добро испланирана,што ме воодушевува секој пат кога ја гледам. Жал ми е само што ни дозираат по 3 епизоди во сезона.

    Orange is the new black


    Забавна е серијата, опишан е едногодишниот престој во затвор на главниот женски лик и сите згоди и незгоди таму. Има геј сцени во затворот прикажано и знае да биде насилна. Ама некако те навлекува да ти е жал за Пајпер и истовремено да се соживееш со маките кои ги претрпува,а од друга страна да ја обвинуваш за глупоста што ја донела до таму.

    Girls

    Уште ги немам целосно изгледано сите излезени епизоди. Патем вечер излегува новата. Ама серијава е ептен чукната. :D Има грозни и одвратни сцени на моменти. Хана ,главниот лик не е баш допадлив и типичен главен лик. Се со серијата е чудно.
    За малце ќе повратев од сцената кога си заглавува стапче за чепкање уши во увото.
    Забавна е и невообичаена е за серија.
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.083
    Допаѓања:
    66.935
    Пол:
    Женски
    Јас се мислам Грлс да ја почнам, ама ми рекоа дека немало да ми се свиѓа. Па не знам дали да почнувам, како ви се свиѓа, добра е? И Хаус оф кардс уште ми е на репертоарот. Ама ќе ја завршам кај и да е.
     
  17. evelyn993

    evelyn993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2011
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    314
    Јас ја гледам серијава Грлс. Почнав да ја гледам по препорака на една феминка затоа што имаше пишано дека во САД била споредувана со Сексот и Градот. Сериите се тотално различни, нема ништо заедничко освен што се 4 другарки и дејството што се одвива во Њу Јорк.
    Инаку мене некако ми го задржа вниманието, но по тоа што видов какви серии ти се допаѓаат не верувам дека ќе ти се допадне :) Сепак можеш да и дадеш шанса. Една епизода трае 30 минути.
    Се работи за 4 другарки во своите 20ти години, секоја посебна и чудна на свој начин. Прикажани се нивните искуства, со работа, љубов, пријателства, приликите и неприликите што им се случуваат итн итн :)
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Јас Реин не ти ја препорачувам серијава. Незнам мене ми беше некако бледа, слаба и непривлечна. Не успеа да ми го задржи вниманието. Ги изгледав првите четири епизоди уште пред еден месец и некако ич не ми се допадна. Можеби веќе ги пораснав ваквите серии и мене тие 30тина минути ми се чинеа многу повеќе.
    Како што кажа феминката над мене, со оглед на тоа какви серии ти се допаѓаат(слични како и на мене) не ми се верува да ти го задржи вниманието.
    Но сепак пробај, можеби сум грешка, можеби и ќе ти го задржи :)
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  19. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    јас моментално ги гледам:
    Lost Girl
    Doctor Who
    Merlin
    Elementary
    N.C.I.S
    N.C.I.S. Los Angeles
    Hanibal - чекам да започне
    Baby Daddy- вечерва ќе започнам да ја. гледам
     
  20. G.G

    G.G Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2011
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    340
    Пол:
    Женски
    Hannibal веќе е почната, не ја чекај ;)