Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Серии - општа дискусија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Chocolate.me, 2 јули 2013.

  1. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Девојки помагајте:( Мислам дека сите можни серии ги изгледав, пола ми се на пауза, пола ми ги укинаа и барам нешто да си го пополнам распустов зашто ќе пукнам :| Да ми препорачате некоја добра серија по можност крими, трилер, мистерија, нешто напнато и интересно. Моментално при крај сум со Modern family, која патем ми е одлична серија за релаксирање, ја изгледав и последнава сезона од Homeland, два пати и тоа, дури и постари серии од типот на My So-called life and Life as we know it.:wasntme:
    Се мислам дали да почнам да ја гледам Hannibal или Criminal minds. Мислам CM е баш по мој вкус, а имам изгледано околу 5-6- епизоди и тоа многу оддамна па се мислам дали да ја фатам од почеток:?:

    Предлозии?? :)
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.087
    Допаѓања:
    66.938
    Пол:
    Женски
    @Tiki-lolipop Criminal minds e одлична серија. И јас имав гледано тук и таму по некоја епизода, ама седнав и цела ја изгледав, ептен се заразив.
    Моментално ја гледам Arrow, исто ти препорачувам да ја ѕирнеш, базирана е на стрип, ама е доста напната и цело време се случува нешто, јас не можам да престанам да ја гледам, вртам само епизода по епизода.:lol:
     
    На 1209 и anuskaNESTLE им се допаѓа ова.
  3. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    @RainBow си ја пратам Arrow редовно, дури ја почнав и спин офф-от The Flash, ама на пауза ми се:( Ја симнувам сега прва сезона од Criminal Minds, па ќе видам како ќе ми се допадне. Како и да е фала ти за предлогот.:)
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    @Tiki-lolipop Почни ја Forever,уште на почетокот е,таман на 6 излегува 12 епизода,дотогаш ќе ги изгледаш :D
    Исто можеш Constantine,и таа е на почетокот.
    Supernatural ако не ти е гледана,имаш 10 сезони,јас се заразив пред некој месец,одлична серија е.
    Suits,Revenge....
     
    На MaggieTatum му/ѝ се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.087
    Допаѓања:
    66.938
    Пол:
    Женски
    Изгледа само јас сум заостанала со Стрелата.:D Forever не е лоша, ама може вода да и носи на Criminal minds. А и нова е уште, има место за подобрување. Ама малку епизоди се, брзо се гледаат.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    @Marossa Revenge си ја пратам од самиот почеток исто и Forever ја изгледав, баш ја чекам новава епизода што излегува во вторник, Supernatural не ми е нешто по мерак, не ми се почнува серија од тој тип, некако презаситена сум од фантазии, сакам нешто пореално, а Constantine ќе ја ѕирнам. Фала ти за предлозите:)
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Забораив дека ја следиш Revenge,многу се серии,не можеме крај да им најдеме :D
    Инаку ако си за британска,да ја додадам Sherlock,нема многу епизоди,ама по 90 минути е епизода и феноменална е.
    И My Mad fat Diary,оваа е најреална што постои.
    Напнав со серииве,доста се :D
     
    На Tiki-lolipop му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Avenged

    Avenged Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    677
    Допаѓања:
    1.595
    Пол:
    Женски
    Јас од денес почнувам да ја гледам The Flash...Ми се виде како добра серија :D
    [​IMG]
     
  9. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Денес почнав да ја гледам Vikings и после три изгледани епизоди можам да кажам дека е многу добра. Нешто во стилот на Spartacus и Game of Thrones е. Сите се многу различни, ама пак се во тој стил. Акција, драма и историја. Борби, крв и предавства. На imdb има оцена 8.6/10.
    Да ја изгледам цела сезона барем, па тогаш ќе можам и јас да оценувам. :)

    Со оглед на тоа што нема тема за серијава, ја гледа некој?
     
  10. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    Повеќе сакам да гледам серии отколку филмови.Значи имам изгледано многу шпански серии,веќе имам дадено мислење за нив :D.Освен тие серии што ги имам гледано порано интересни ми беа Волшебнички,после го имам гледано и Др.Хаус(ја имаат давано и на HRT,а после почнаа да ја даваат на Телма),имам изгледано некои серии од турските(ама тие ми се досадни и веќе не ги гледам),до скоро ја гледав Воена академија ама заврши многу брзо за месец и нешто дали и толку траеше,очекував да има повеќе епизоди(сакав и летото да ја гледам,ја има на интернет,ја даваа и на РТС),на Сител 3 даваа порано Мајстори на хоророт(јас многу сакам хорор филмови,серии),имам гледано две серии на Сител според романите на Мир Јам(убави серии,романтични),од криминалистичките серии(порано ги сакав многу,ми беа поинтересни) ја гледав Истрага на местото на злосторството плус многу ми се допаѓаше песната на серијата :),сега од криминалистичките серии понекогаш ја гледам НЦИС,понекогаш ја гледав и Вовед во анатомија,и понекогаш ја гледам Американска хорор приказна.И други што ги гледав се Сексот и градот(мислам дека уште го даваат ама се едни исти епизоди и ми се многу досадни),Очајни домаќинки и Лукави помошнички(мислам дека има уште сезони,се надевам дека ќе почнат наскоро пак да ги даваат).
     
  11. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.248
    Допаѓања:
    13.889
    Пол:
    Женски
    Значи и мене ме интересира дали имате сознание дали ќе продолжи Лукави домаќинки?
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.087
    Допаѓања:
    66.938
    Пол:
    Женски
    Ќе има трета сезона со 13 епизоди, обновена е, само не се знае точна дата кога ќе почне да се емитува се уште. :)
     
    На anuskaNESTLE му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.248
    Допаѓања:
    13.889
    Пол:
    Женски
    tnx, кога ќе имаш инфо, извести ме ;)

    јас искрено чекам да видам дали ќе продолжи Betrayal, добра серија која не знам од кои причини не продолжува, исто така The Client List, која сеуште нема трета сезона....Моментално ја глеам Breaking Bad не ми е завршена и Hart of Dixie....накратко ;) Ако некој има сознанија за претходниве две, споделете ги :)
     
  14. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    За жал Betrayal нема да продолжи, официјално е откажана :( Баш штета што нема да дознаеме што ќе се случува понатаму.
     
  15. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.248
    Допаѓања:
    13.889
    Пол:
    Женски
    :( ќе барам нова серија...Предлог, нешто за опуштање, не премногу напнато?
     
  16. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Барав нешто од Usa network и налетав на Covert Affairs.
    Акција, крими и драма.
    7.4/10 оцена на imdb. Сега за сега, јас би и дала 8.
    Моментално сум до втора сезона, а има 5 (последна и завршена е). Многу брзо ми поминува времето додека ја гледам, ни еднаш не погледнувам уште колку минути има преостанато. Во секоја епизода разрешуваат случаи и брзо и интересно се одвиваат настаните. После една изгледана епизода ќе ве освои, посебно ако сакате вакви жарнови. Ви ја препорачувам! :)
     
  17. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.823
    Допаѓања:
    23.462
    Пол:
    Женски
    Предлог за некоја тинејџерска серија од типот на Вампирски дневници,Тинејџерски Волк?Не мора да е поврзано со натприродно,само нека биде така нешто тинејџерско :lol:
     
  18. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.248
    Допаѓања:
    13.889
    Пол:
    Женски
    Јас откако бев тинејџер (не премногу одамна) почнав да ја гледам One tTree Hill, гледајќи ја секоја сезона како што излегуваше, пораснав со ликовите од серијата. Многу ја сакав, и уште ја сакам зашто ме потсеќа на тоа време. Ти ја препорачувам, и се надевам дека ќе ти се допадне.
    http://www.imdb.com/title/tt0368530/
     
  19. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.916
    Пол:
    Женски
    Orphan Black (Клонови) ми е една од подобрите шо сум ги изглеала у последно време. Има 2 сезони досега и нешо као Game of thrones испаѓаат 10еп. годишно и тоа е. Се чека следна сезона да почне годинава април негде... Кој ја нема гледано му ја препорачувам
    http://www.imdb.com/title/tt2234222/
     
    На MaggieTatum му/ѝ се допаѓа ова.
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.087
    Допаѓања:
    66.938
    Пол:
    Женски
    Денес е излезена првата епизода од CSI: Cyber со Патриша Аркет, да не ја изгледа некој? Ама гледам засега многу слаба оцената на имдб, 5,1.
    http://www.imdb.com/title/tt3560060/?ref_=ttep_ep_tt
    И Empire ја гледа некој? Се мислев да отворам тема, ама не знам дали има гледаност.