Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Серии - општа дискусија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Chocolate.me, 2 јули 2013.

  1. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Jас ја гледам Empire и многу ми се допаѓа, секоја епизода ми летнува за секунда а читам дека руши и рекорди на гледаност и јаки оценки на IBDb има секоја епизода, така да мислам дека редно време е да отвори некој тема:)
     
  2. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Ако не ја промовирате серијата нема да има гледаност:D
    Јас чекам тема и коментари пред да ја почнам, иаку ми беше на листата на нови серии:emo:
     
  3. Tantica

    Tantica Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    24
    Прв пат по подолго време да започнам нова серија до степен да ги запоставам оние што редовно ги следам....Empire rulz :) Cookie is the queen :)
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.087
    Допаѓања:
    66.938
    Пол:
    Женски
  5. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Јас почнав да ја гледам Sleepy Hollow,до 5та епизода сум зашто немам многу време да ја гледам,за сега ми е интересна па ќе бидиме понатаму.Сакам вакви серии со демони и чуда,глумата ми се допаѓа,приказната и цело време ми го задржува вниманието.:)
     
    На ANGIE1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    За сите обожаватели на серијата Пријатели да ве известам само дека од денеска ќе започнува пак да се емитува на Телма во 19 :15 часот.
     
    На Elena69221 и Marossa им се допаѓа ова.
  7. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    24.998
    Имам изгледано доста серии кои завршиле со снимање, како што се Dexter, Entourage, Seinfeld, How I Met Your Mother, Friends, The Sopranos, Prison Breак, Heroes, Fringe, How To Make It In America, The Killing, The Wire, Northern Exposure, итн, итн.
    Имам изгледано доста епизоди од разни серии што ги давале на канали како што е Fox на кабловска (Lost, Sex & The City, Dead Like Me, Will & Grace, Everybody Loves Raymond, Desperate Housewives, Breaking Bad, SCI: LV, SCI M, SCI NY, Scrubs, Frasier, Joey, The X - Files, Touch, House, Private Practice, Kyle XY, The Listener, The Glades, The O.C., Skins, Two Guys, a Girl and a Pizza Place, It's Always Sunny In Philadelphia, Without a Trace, Malcolm in the Middle, Married... with Children, The 70's Show, Everybody Hates Chris, The King From Queens, Cheers!, Cosby Show, Two and a Half Man, My Name is Earl, The 3rd Rock from the Sun, According to Jim, Monk, Psych, Grey's Anatomy, Reba, Yes Dear, Dhalma and Greg, Accidentally on Purpose, Courting Alex, My Family, Coupling, Gary Unmarried, Hope & Faith, Alo alo, Becker, 8 Simple Rules, Rita Rocks, The Class, Spin City, Out of Practice, Rules of Engagement, The United States of Tara, Pushing Daisies, Misfits, Mom, Sean Saves The World, The Michael J. Fox Show, Hot in Cleveland, 24, Futurama, The Simpsons, South Park, True Blood, итн, итн).

    Серии кои што ги имам изгледно од самиот почеток, а сеуште не завршиле со снимање и се емитуваат и редовно ги гледам се: Supernatural, The Walking Dead, Game of Thrones, The Big Bang Theory, 2 Broke Girls, Arrow, The Flash, Gotham, Shameless, The Originals, New Girl, Cougar Town, Brooklyn Nine-Nine, Forever, Mad Men, Homeland, Stalker, The Following. Тие ми текнуваат во моментов.
     
  8. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Ја гледал ли некој The secret life of the american teenager?
    Некоја критика, вреди не вреди да се гледа, знам дека е долга и дека е завршена, ама ме интересира дали задржува внимание.
    Знам дека е апла тинејџерска и смотана до даска, ама периодов само такво нешто ми треба, апла глупава да не ме замара дополнително од тоа што се замарам.
     
  9. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    E што е многу,многу е,стварно го претераа. Ова веќе оддамна почна да ми смета и сериозно имаат недостаток од оригинални сценарија па почнаа на секоја можна серија да и прават spin off. И тоа не е доволно па почнаа и на завршени серии да прават reboot, односно истата тематика само со различни глумци. Не знам дали и на вас ама мене ужасно почнаа да ме нервираат и веќе почнаа да ми упропастуваат серии со одземање глумци и ставање во нови серии или последното што го прочитав обновување на серија завршена у 2009 година и секако уништување на истата!
    Немаат граници и што се ќе направат за профит. Страшно!:puke:
     
  10. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Сега го гледам ова.
    Јас почнав да ја гледам и воопшто не ми се допадна. Џабе трошење време е.. Уште од првата епизода не ми го задржа вниманието.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.087
    Допаѓања:
    66.938
    Пол:
    Женски
    На која точно мислиш?

    Мене ми е мило што Минди нема да заврши, баш ми е интересна и лабава, а ситкомите некако се потапа се. Fresh off the boat ја изгледав, 13 епизоди има само, една сезона, и сега немам баш некоја комедија за гледање. Плус лето, тапа, сите серии се на пауза. Што ќе гледате во летнава сезона луѓе?
     
  12. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Сериозно сите предобри ги имам изгледано. И гледам сеуште нели сега повеќето завршија па до на есен треба да чекам за нови сезони. Ама летото не се живеј така без серија :P
    Почнав да ја гледам сега The following мноооогу е јака. Баш по мој вкус. Ама ќе ја догледам 3 сезони се, многу гледам.
    Сакав да прашам дали е Revenge арна? Сто пати си имам речено да ја гледам амаааа не ме привлеква многу..
    Ми требат детективно-криминално-мистериозни серии :P Со сериски убијци, болни работи итн.
    Утре излегва Ханибал јејејеј неа ќе ја гледаме ама еднаш неделно...
    Предлози?

    И Homeland дали е арна?
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.087
    Допаѓања:
    66.938
    Пол:
    Женски
    Добра е, има некоја послаба сезона, ама вреди да се гледа, ќе ти се допадне. Revenge не знам, не сум ја гледала, ми се чини дека нема да ми се допадне, таков впечаток имам стекнато.
    Criminal minds, True detective, Banshee (оваа не е баш решавање убиства, ама има опасни сцени и ликови, ептен го задржува вниманието,има 3 сезони по 10 епизоди), Шерлок... Не знам што имаш, што немаш гледано, ама има избор за таков тип на серии. :)
     
  14. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Јухуу, едвај ја чекам Ханибал. Инаку, можеш да ги погледнеш Wire In The Blood, Luther и Bosch. Сите се таков жанр. Ако ми текне уште некоја - ќе ти пишам. :) Имав препорачано повеќе во една друга тема, мислам дека беше баш за таа намена. Таму ептен имам изредено. А да, да не заборавам - Dexter. Ќе се изнагледаш свашта.
     
    Последна измена: 3 јуни 2015
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Ај ќе ја гледам шо... Criminal minds, True detective, Sherlock ги имам гледано т.е ги гледам како шо си излегуваат. И милиони други хх. Ама ќе се најди.

    Ханибал е врв. Тие трите ги немам до сега сретнато ќе ги видам на imdb.
    А за Dexter се нема муабет. Од сите милиони серии шо ги имам гледано буквално ми е на прво место заедно со Game of Thrones по квалитет.
     
    На Lady Phoenix му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    @s1a1n1d1r1a1
    За љубителите на акции, трилери, полициски серии, серии во кои се истражуваат убиства:
    Luther - Серија од 4 сезони, со по 6 епизоди во времетраење од 60-ина минути. Криминалистичка тематика за полицаец кој брилијатно решава убиства (најчесто сериски), но често знае да им подлегне на страстите и да се впушти во некои нелегални акции за да ја истера правдата. Преинтересна, превозбудлива, преполна со настани, едноставно заразна, а Idris Elba е генијален. Strongly recommended.
    Bosch - 1 сезона од 10 епизоди кои траат по 50-ина минути. Детективска серија, добра музика, интересни случаи (генерално сериски убиства). Многу, многу добра серија.
    Legends - Серија од засега една сезона со 10 епизоди од по 60-ина минути. Се работи за undercover оперативец кој поседува различни идентитети, но почнува да се запрашува кој е тој всушност кога преку кошмари му се враќаат делови од сеќавањето. Премногу акција и возбудливи моменти. И замислете, во главна улога е Sean Bean, а не умира. :rofl:
    The Americans - Серија од засега 3 сезони, со по 10-ина епизоди во времетраење од 40-50 минути. Обработува настани од времето на Студената војна помеѓу Русија и Америка. Руски шпиони живеат како Американци и делуваат на американско тло, а FBI цело време им се зад пети. Возбудливо, полно со настани од кои ќе се запрашате како може еден човек да живее толку животи паралелно. Многу добра.
    Dexter - Си има посебна тема и тоа заслужено. Одлична серија која ќе ве натера да сочувствувате со главниот лик иако знаете дека тоа е етички неисправно. Прејака. Не е за луѓе со слаб стомак.
    The Blacklist - Си има посебна тема за серијава. Криминалци, случаи, терористи и фрки. Вреди да се погледне.
    Low Winter Sun - Една сезона со 10 епизоди во времетраење од околу 40-ина минути. Во главна улога е брилијантниот Mark Strong како полицаецот Frank вработен во корумпираната полиција во мрачниот Детроит. Убива свој колега под измама дека тој му ја убил девојката-проститутка. Оттука почнуваат да се замрсуваат конците. Одлична. Почитувам кога режисери и останата екипа знаат кога треба да се заврши една серија.
    Wire In The Blood - Серија од 6 сезони од по 4 епизоди кои траат 50-ина минути. Обично за една сезона се обработуваат две убиства. Психолог кој работи како универзитетски професор соработува со полицијата и се обидува да ги решава убиствата размислувајќи и како убиец и како жртва. Многу добра серија која воопшто не е досадна ни на еден момент.
    Sherlock - Што да се каже за серијава која исто така со право има своја посебна тема. Единствено да ве подбуцнам да седнете да ја изгледате, ако сеуште не сте го направиле тоа. Нема да зажалите 100%.
    Elementary - И оваа серија има своја тема. Исто е за Шерлок, ама концептот е малку поинаков. Интересна беше првата сезона, а сега - не знам, зашто ми затапе. Можеби си го вратила стариот сјај во последно време. Во секој случај - препорачлива за гледање.
     
    На theowndemon, Nausicaa и s1a1n1d1r1a1 им се допаѓа ова.
  17. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Последно што прочитав и што ме инспирираше да го напишам постов е дека ќе има нешто како сезона плус,limited series на Prison break. Мене Prison break ми е најомилена серија што сум ја гледала до сега и не знам дали си ја гледала ама Мајкл( Wentworth Miller)
    умира во последната епизода. Стварно не ми е јасно како ќе успеат да го воскреснат ама ептен се имав соживеано со ликот негов и памтам дека се утепав од плачење кога се деси тоа
    и таман се помирив со крајот они пак ќе ја обновуваат. Едноставно нека ги оставаат некои серии така како што ги завршиле,иако биле со ужасен крај.
    Кога тогаш пред 6 години не ја обновиле зашто сега?
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  18. temily

    temily Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2015
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски

    Мене Revenge ми се допадна :) Нема серија што во некој дел нема да ја отупат малце, ама во глобала да ми се допадна многу.
     
    На s1a1n1d1r1a1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Првите две сезони се одлични, омилена серија ми беше додека ја гледав. Третата сезона просечна, а четвртата тотално непотребна. Сепак ти ја препорачувам, иако во последната сезона ќе превртуваш очи на многу сцени. :lol:
     
    На Marossa, temily и s1a1n1d1r1a1 им се допаѓа ова.
  20. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.248
    Допаѓања:
    13.889
    Пол:
    Женски
    повторно почнала да се снима Devious Maids - за тие што ја гледавте еве ви инфо :)
     
    На JustFun му/ѝ се допаѓа ова.