Аххх, бре, очајно чекам да се појават луѓе кои ќе решат да ја гледаат Penny Dreadful или да се разбудат тие кои ја следат. Има толку многу добри настани, толку јака приказна, тешко ми е што немам со кого да коментирам .
Јас ја изгледав првата епизода ми се чини. Да ја догледам orange is the new black и мислев да се вратам на оваа. Само ради Џош, зашто ми е срцка.
Mistresses некој ја гледа? И има ли тема посебно за серијава? моментално оди трета сезона и се подобра ми станува ...
Зар никој не ја гледа Banshee? Ја па сакав тема само за таа серија да отворам пошо е страшно комплексна и дискутабилна серија, ама никој нема да ме друже изгледа. Тапа сте.
Не сум сигурна дали има тема ама јас си ја гледам серијава и многу ја сакам. Вчера ја изгледав третата епизода од третата сезона. Се прашувам каде отиде Сави и дали воопшто ќе се врати...
Имам пишано во соодветната тема за препорака на серија со рецензија уште пред неколку месеци - на страна 40 е.
Јас ја изгледав, супер ми легна. Отвори тема, зашто да не, ќе си продискутираме, па може ќе се заинтересира некој и ќе се приклучи. Па, не би требало да се врати. На Алиса Милано не и одговарало што снимањето се преместило во Канада, а се породи сега брзо.
Девојки, има ли некој што ја гледа серијава на Netflix, Sense8? На браќата, пардон братот и сестрата Вачовски. За љубителите на малку позабегани и понеобични серии Како и другите серии на Нетфликс, и оваа е излезена цела сезона, сега е првата сезона, оваa година. Почнавме да ја гледаме пред некое време со сопругот, и содржината е ок, интересна е, меѓутоа има многу геј елементи во неа, за мој вкус. Сега за сега ќе ја гледаме сеуште, се надевам нема да забегаат до крајност со спорните елементи и сцени. Би ја препорачала за пополнување време. Има одлична оцена на imdb, 8.4. http://www.imdb.com/title/tt2431438/?ref_=nv_sr_1 Спојлер Се работи за 8 луѓе од сите страни на светот кои не се познаваат, но почнуваат да се поврзуваат меѓусебно преку мислите, и почнуваат да им се преплетуваат животите.
Хехехе мене ептен ме бендиса серијава, навечер ја пуштив, ама само 2 изгледав и наредниот ден сите 10 ги изгледав во еден здив...јес ад има геј елементи, ама серијата ми беше скроз каква што ми се гледаше викендот
Добра е, и ние сме при крај со гледање Само ме нервира кај сериите од Нетфликс што мораш да се утепаш чекајќи до новата сезона, па треба да се потсетуваш што беше и како беше Само се надевам нема да ја прекинат, или да ја зафркнат, како со еден куп други серии
Пред некој ден баш чепкав на нет да видам дали ќе има сезона 2, уште немаше ништо официјално, не се знаело се уште. Дааа, лошо е што цела година до наредна сезона, а добро е што излегуваат наеднаш цела сезона, да не моар по една недела (некогаш и две ) за нова епизода.
И ја се приклучувам со позитивни коментари за sense8,ептен оригинална и интересна приказна. А и сите пофалби за Netflix се` подобри серии имаат. И да,доста експлицитни геј сцени има.. Деновиве ќе напишам една поголема рецензија.
Ја изгледав првата сезона, почнав со втората ама некако се едното исто се случува, ми станува досадна брзо. Само ради Алиса Милано ја гледав искрено, другите глумици не ми се нешто мн способни за глума.
Mistresses сезонава е ужасна. Да не излегуваше во летен период до сега ќе престанев да ја гледам. Ништо не се случува, некакви глупости трупаат без врска само. Спојлер Хари и Џос демек беа во толкава голема љубав и сега не го бивало, тешко било, бла, бла, а не дека е тешко, туку сфатија дека не се сакаат. Толку ја надуваа работата со нив на крајот на минатата сезона и сега одеднаш пуф, ништо. Многу ме нервираат вакви нелогични работи. Серијава е глупава, крајно проста и неинтелигентна.
Не ми е мене ич глупава, бап ми е реална, само шо ептен со Хари и Џош мислам не го биваше ова , навистина од нигде-никаде :/
Девојки, да ве прашам дали некоја од тука по некоја случајност ја гледа серијата Daredevil? Од првава епизода што ја изгледав, засега доста интересно делува. Ако се покаже понатаму како ОК, ќе ја препорачам со рецензија. Ако има кандидати, може и тема да се отвори. А можеби ќе седнам да ја погледнам и Mr. Robot. Не знам која од членкиве ја гледаше, мислам дека и тема отвори за таа серија.