Ако сакам ептен да се опуштам и да не се замарам, тоа го можам само со серија. Да, и книгите ме опуштаат, ама на друг начин, некако ми се поинтензивни, многу повеќе ме допираат, а со серииве начисто го пуштам мозокот на пасење. И мојата листа е дооолга. Од ситкомите ги гледам 2 broke girls, 2 and a half men, Anger management, Hot in cleveland, Cougar town, Melissa & Joey, Mike & Molly, Modern Family, New Girl, Raising Hope, Suburgatory, The Big Bang theory, The mindy project, How I met your mother не ја гледам веќе, ама планирам да ја изгледам последната сезона кога ќе излезе, a од awkward исто се откажав. Не биле малку. Од драми, крими, тој тип серии ги гледам Downton Abbey, Homeland, The mentalist, Switched at birth, Elementary, Sherlock, Shameless, Grey's Anatomy, Game of thrones, Suits, Glee, My mad fat diary. Ги имам изгледаноThe Borgias, ми беше многу жал што не ја снимаат веќе, Medium, Private practice, Desperate Housewifes, Make it or break it, Dr. House, Fringe (омилената на сите времиња.) Од реални шоуа ги гледам America's next top model, American idol, The X Factor US, Project Runway. Последно почнав да ја гледам Web Therapy со Лиса Кудроу. Многу е остарена, ама пак си е лудичка целата. Првата епизода ми беше ептен чудна, се работи за терапевтката Фиона, таа има сесии на интернет кои траат само по три минути. Смачено и било од 50 минутни сесии и од луѓето воопшто, па затоа го направила ова. Не е нешто урнебесно смешно, ама човече има нешто лудо во серијава и така ме завлекува.
Конечно фан на Самкро До кај си, што си? Јас зимава набрзина ги лапнав сите излезени, едвај чекам да излезе 6та сезона да видам Спојлер што ќе се случи со Тара. Знак прашалник е кој ја предаде, знае доста да изненади Курт Сатр, може и Џекс, Џема, а може и Клеј да ја предаде 3тата сезона еден меѓу најдобрите краеви имаше, како ја зезнаа детективката, закон Иначе имаат ново клипче како промо за 6та сезона http://www.youtube.com/watch?v=Wpnf94mAsyc
Јас сум почетник! Пред 2 дена ја завршив прва сезона, ја изгледав во еден здив! И веднаш си ја сместив во омилена серија! Ме освои тотално За понатаму знам дека било уште појјако! Ама имав проблем со интернетот и не можев да симнувам, ама штом се вратам од одмор ќе ги симнам останатите сезони и ќе ги изгледам. Мотори,кожњаци,тој клубски живот што го живеат,со сите тие проблеми како излегуваат на крај. И какви тактики водат, и во којa насока го водат клубот...Затоа што нели секој клуб си има своја политика,правила.. Едвај чекам да продолжам со гледање. И да видам што и како ќе се случи. пс. Даа се заљубив во Jax И мајка му е кучка невидена,кој тактичар ми е цц, се си мести коцки како неа и одговара. Ѕвер е! Каков карактер е! Па добро во таков круг,сепак.. Мора да си јак,издржлив, колку клубски тајни чува во себе таа жена бре! Queen Gemma, ништо не и поминува,се запазува,се внимава.
Џема е неверојатен лик, значи стварно силна жена, има да се изнагледаш се од неа. Во втора сезона ќе се докаже до каде може да оди за да ги заштити своите. За натака и да не коментирам, ќе се усложнуваат работите Да не ти правам спојлери И музиката е повеќе од одлична, јас сеуште си пуштам саундтраци, Кејти Сагал има доста песни препеано. Верувам дека ќе ти се свиѓаат и другите сезони
Еднаш пишував дека се опседнувам со сериите до степен што ниту спијам, ниту јадам. Незнам колку имам изгледам, колку во моментов гледам, а колку имам оставени недогледани. Бројката е сигурно застршувачка. Љубовта кон сериите дефинитивно мислам дека започна од Беверли Хилс, па Мерлоз Плејс, па Залезот на плажата, па Сексот и градот, Девојката од океанот, Вошебнички, па продолжи со латиноамериканските сапуници од кои ми се изгледани речиси сите, па италјанските како Маѓепсани, француската Сен Тропе, шпански, хравтски, српски па и по некоја турска. Затоа реков бројката е огромна. Исто и со филмовите, не се сеќавам само во последните 2-3 години колку имам изгледано. Ги следам и тв шоуа, најчесто оние на TLC и Е. Омилени освен оние кои ги наведов, иако се постари, на списокот би ја додала и Фринч, па и Озборувачката, иако ме разочара на крај. Серија која истотака ми остана во срце е Вовед во анатомија, иако не ја догледав и ЦСИ Мајами. Го обожавам Хорацио. Еден период одбегнував да гледам серии од причина што се затварав дома и по цел ден гледав само серии, па започнав со работа и знаејќи се себеси, прекинав со гледање. И тоа не траеше долго. Во сериите буквално бегам од реалноста, ме опуштаат, ги осеќам како потреба во ситуации кога сум под притисок, со проблеми, а во периодов секојдневно сум, па така да неизбежно е гледањето на серии и играњето на игри. Уште една моја страст и опсесија. И бебево ќе го научам да гледа серии со мене .
wow ме чуди како наоѓате време за толку серии?? многу ги сакам американските серии и овие сум ги гледала досега (тие што не се болдирани се завршени): - Leverage - Glee - Nikita - New Girl - Supernatural (омилена серија, заразена сум со неа) - Dexter (и една шпанска гледав, El barco, ама како што гледам овде најмногу се зборува за американски) и тоа е тоа во меѓувреме си гледам серии на ТВ (не редовно), во главно некои со убиства и истрага - The Mentalist, Elementary, NCIS, CSI Miami.. ја гледам и Gossip Girl ама поретко од другиве сега почнав да ја гледам American Horror Story, ама не сум сигурна дали ќе ја продолжам бидејќи е премногу страшна за мене исто и Hot in Cleveland ја започнав ама некако не ми се гледа повеќе сега барам друга серија да почнам, ама незнам дали ќе ја довршам, некако мрзлива станав (Dexter ја изгледав за 2 недели, гледав по 10тина епизоди на ден па затоа правам пауза ) многу сакам серии и ако се добри многу брзо се навлекувам на нив, и исто како JuLleE, се опуштам и бегам од реалноста сега се мислам дали да почнам Elementary да ја гледам редовно, некако најмногу ме влечи таа
^ Во мојот случај, досадата си го прави своето. Како што викам, подобро ќе седам дома и ќе гледам серии, отколку да вртам по 15 круга од фонтана до пошта и да гледам кој испаднал и како испаднал. Незнам што е со мене, но воопшто не сум љубител на комедиите. Со друштво кога гледаме комедии. Tие : Јас:
хахах исто и јас, другарка ми повеќе сака да излегуваме и кога ми се јавува цело време и викам дека не ми се оди и потоа цела вечер си гледам серии
американски серии скоро ич не гледам ја изгледав првата сезона од Supernatural и фантастична е серијата а за шпански слободно барајте совет сите ги имам изгледано
Ги имам гледано:2 broke girls,Hot in cleveland,ghost whisperer,Modern Family,New Girl, Desperate Housewifes,Grey's Anatomy,Gossip Girl,Pretty Little Liars,The Vampire Diaries,Carrie Diaries,Orphan Black,Skins.
Гледам на нашите телевизии слабо даваат шпански серии,односно повеќе внимание даваат на турските...90 % турско...Тоа ти е како да свариш македонско кафе?Свари турско кафе и сихронизирај го на македонски бе! И така почнав да гледам една шпанска серија на ХРТ1 таму поновите шпански ги даваат,а од турските серии ќе ги издвојам:Величествениот век,Кога лисјата паѓаат(овој наслов ме потсеќа кога некој ќе се сопни на улица и ми дојде еден филм во главата-идеја за филм:Кога луѓето паѓаат хах),Љубов и казна,Очајни домаќинки(онаа турска верзија шо беше)...тие ќе да се А многу ги сакам сериите од типот на:Менталист,ЦСИ:Мајами и слично Ги имам гледано и овие:Desperate Housewifes,Friends...но моментално ја гледам и Луд,збунет,нормален
Здраво ! Ова ми е прв пост и многу ми е глупаво што ќе биде во вид на прашање, ама тоа е... Вака, чепкав нешто тука околу серии која да почнам да ја гледам, и однеднаш ми светнува како блиц во глава дека пред некоај година почнав да гледам нешто, но не се сеќавам ШТО ! И, сега се нервирам... Претпоставувам знаете колку е лошо чувството кога не можеш да се сетиш на нешто - еве 3 по полноќ е а јас не можам да заспијам од мислите во глава !!! Значи, мислам дека се работи за две серии, ќе напишам на што се сеќавам па ... 1. Мислам дека е во пилот-епизодата (прва епизода) нешто во куќа во кујна си работи една жена и одеднаш се пали ринглата и почнува пожар... Доаѓа еден човек во црно и мислам деак беше со натприродни моќи со очите ја запали куќата мислам дека тој, и и кажува на жената зошто го прави тоа. Мислев дека е од the vampire diaries ама не е - првата епизода не почнува така, сега ја симнав. 2. во едно мало градче доаѓаат девојки неколку се враќаат назад после некое време... И сега си евоцираат спомени. Не смеат да се дружат поради НЕ ЗНАМ ШТО ама тие сепак решаваат да се состануваат скришно за да пронајдат НЕШТО (ама ШТО беше - пак не знам ) ... Може ли некој од вас да ми помогне (( ??? Фала !!! Само да додадам: ми се чини дека за она под 2. девојките имаат натприродни моќи што ги добиваат фамилијарно ... Подоцна откриваат дека всушност се... вештерки??? О БОЖЕ не можам да се сетам значи
Првата мислам дека е The Secret Circle но не сум сигурна бидејки не беше баш така почетокот.Како и да е провери си ти за секој случај.За втората првин помислив дека се работи за Pretty Little Liars но тие не се вештерки, провери ја и таа можеби си помешала нешто.
Ааааа да !!! Ти благодарам многу, баш супер што си погодила, ама јас претходната вечер не заспав до 5 и се сетив дека се работи за една серија, а не за две, и дека таа е THE SECRET CIRCLE )) Заборавена ми е пошто прекинато е снимањето, изгледана ми е само прва сезона и тоа е се... Ти благодарам во секој случај, браво !
Во моментов ја гледам Pretty Little Liars, интересна серија . Инаку имам ги гледано: One Tree Hill (дефинитивно најдобрата серија што некогаш сум ја гледала ), Gossip girl, The OC, The Vampire Diaries, Grey's anatomy, The Orphan Black, од време на време ги гледам Castle и Private Practise... ако ми текне уште некоја ќе пишам Спојлер пс. Ако некој знае некоја серија слична на One Tree Hill нека ми пише
Да ги прашам гледачите на серии да предложат нешто слично на Grey`s anatomy? Значи не мора да е медицинска, туку слично драматична, односно трагична. Сакам некоја серија што би ме расплакала не еднаш во сезона, туку почесто. И кога сме веќе кај предлози, нешто слично на Очајни домаќинки? Еве листа на што имам гледано или барем сум почнала да гледам до сега: Grey`s anatomy Desperate housewives The vampire diaries Supernatural Once upon a time One tree hill Gossip girl Six feet under Make it or break it Breaking bad Dexter Sex and the city Charmed Arrested development Freaks and Geeks Friends That 70s show Modern family 2 broke girls Awkward How I met your mother Lost The Tudors Lie to me Monk Charmed Greek Ghost whisperer
http://www.imdb.com/title/tt2226342/ Да не ја гледа некој серијава Devious maids? Нешто ко домаќинките да не е? Немам нешто посебно за гледање, а ми се свиѓа и кастингот, па и се токмам на оваа.
The big bang theory - серија кои не можам да ја гледам ни секунда, ако ја фатам при менување на програми едвај чекам да сменам наредна програма, толку мизерна, антипатична, ич не смешна, со сила се прават нездрави, полоша серија здравје. Инаку сега за сега гледам Two and a half men, Everybody loves Raymond, Walking dead, Game of thrones, Falling skies, Terra nova, Gray`s anathomy, порано 3rd rock from the sun, That 70`s show, CSI и уште многу други...
Сака да наликува, ко некој ефтин римејк ми е. Ја гледам, не велам не, но приказните на секоја поединечно се штури. Првата епизода беше ок, али секоја наредна е поглупа. Јас ја гледам сега пошто имам одвишок слободно време, а и не почнале другите серии.
Ништо, ја симнав првата епизода, ќе ја изгледам сега, и така има малку епизоди, додека не почнале и другите серии. Нема ништо веќе за гледање, ептен е тапа периодов за серии. Едит: Серијава е прееемногу мелодраматична, мислам ја прободеа, а она се симна до базенот, без да викне ни помош ни ништо и се шлапна во водата. Браво. Али ај, онака, занимлива е.