Ја симнав Limitless сега, ќе ја ѕирнам и таа, интересно делува вака на хартија. Chicago PD мислев да ја почнам, ама сум изумила. Изгледа сите по Шонда терк прават серии, премногу драма, а не се обрнува многу внимание на реалноста. Оваа Квантико како почна, исто ко Грејс, па тоа сцените напред назад се исто ко Како да се извлечеш со убиство, а за My name is почетокот си го земале од суперхероите. Работава дај се што пали кај народот ќе склопиме во едно.
Џесикa Џoнс. Штoтуку јa зaвршив . Ми се свиѓaше... мислaм декa и ти имaше спoмнaтo вo ффф декa јa гледaш, те бендисa (aкo не сум се измешaлa) ? Ајде сеa кoј ќе јa дoчекa следната сезoнa... Не знaм зaштo дo сегa не сум се испoведaлa нa темaвa Инaку периoдoв мнoгу дoбри серии се снимaaт, aмa чекaм скрoз дa искoчaт зa дa ги глеaм мaрaтoнски, не мoжaм дa ги чекaм епизoдa пo епизoдa Им се спремaм нa limitless, blindspot, lucifer, heroes.... A дoдекa се кoмплетирaaт тие, пoсле прaзнициве ќе јa пoчнувaм Дaрдевил. Амин
Daredevil топло ја препорачувам, а не е лоша и Mr. Robot. Ја изгледав и првата и засега единствена сезона на The Man In The High Castle што раскажува како би било кога Германците и Јапонците би ја добиле Втора Светска војна (како ја поделиле Америка и што се случува) и е доста интересна. За оние кои ја изгледале Luther, да знаете дека има нова сезона од 2 епизоди (двете се излезени) и можно е да прават филм за да ја завршат прописно. Моментално ја следам Legends со Шон Бин, втора сезона, доста добра серија испадна дека е.
Ја видов дека ја има на торент Legends ама незнам дека е со Шон Бин, затоа што друга нова серија што почна е со него во главна улога. DareDevil планирам да ја гледам. Гледам доста пофалби има серијата. А има една нова многу јака серија, само една епизода е пуштена, со глумецот од Lost, а серијата се вика Colony. The Frankestein Chronicles почнав да ја гледам и ми се допаѓа. Со Шон Бин е. А иначе во Legends што се расправа? Во кратки црти.
Се работи за агент кој го загубил сеќавањето и всушност живее во една од своите легенди (оние профили кои ФБИ ги смислуваат за своите агенти кога ги праќаат undercover да работат). Во вторава сезона се труди да открие кој е. Инаку, има уште еден филм со наслов Legend, тоа е игран филм, а не серија, и е со Том Харди, каде ги игра англиските близнаци-мафијаши Клеј. Да не се помешате.
Ај, минута.. за тоа колку добра би била серијава... Мартин Скорсезе, децо! http://www.imdb.com/title/tt3186130/?ref_=nv_sr_1
Colony - http://www.imdb.com/title/tt4209256/ Нова серија. Ја изгледав првата епизода и ми се допадна. Има високи оценки првата епизода.
Се откажувам од Chicago PD по 5 изгледани епизоди. Прво, поинтересни ми се крими со убиства него со нарко дилери. Второ нема ниту еден допадлив лик, сите ми се одвратни. Главниот демек треба да биде херој, да ги исполнува фантазиите со земање на правда во свои раце и да навиваме за него зашто се справува така со ѓубриња кои секако го заслужиле тоа. Ама мене ми е одвратен, антипатичен и мислам дека местото му е во затвор зашто е ист како тие што ги лови. Актерите немаат никаква хемија еден со друг, едната уште во прва епизода умре и не се ни спомна веќе, толку беше, ја закопаа и ај чао. Единицата врска нема со intelligence, мене ми делува ко група клошари да се собрале и да ловат друга група клошари. Ерин не знам ни како е примена во единицата, со кој тренинг, ама ми личи на загубено девојче. И како може да е елитна единица, а да ја води човек кој излегол од затвор? Кој го почитува тој човек кога сите знаат дека бил прљав полицаец? Како да нема некакви закони во серијава, ништо не важи. Една од најлошите полициски серии дефинитивно. Ја симнав Colony, кога видов дека е со Соер не ми требаше ништо друго.
Новата сезона на Luther - изгледана. Ама некако послаба беше во однос на претходните. Морам пак да ги изгледам сите епизоди на серијава, зашто беше премногу добра. Значи премногу!!! Како и да е, убаво беше пак да се види Лутер во акција, како паралелно му се случуваат 100 ср*ња. Останува да чекаме сега да излезе филмот, за да се заокружи properly приказната. А што стана со Алис?... Ќе ме мачи и ќе ме мачи...
Ќе почнам да ја гледам Daredevil. Се надевам дека нема да згрешам со изборот, зошто гледам дека има многу позитивни критики. А гледам и дека барале втора сезона. Која ќе биде пуштена во март годинава.
Вака, искрено не најдов некоја тема поврзана со моето прашање па тука ќе го поставам. Претпоставувам дека е глумица, но не знам која е девојкава, ако некој знае нека ми го пише името или можеби ако некој знае начин да ја најдам.
Кога сме веќе кај серии, наидов на една нова: Frankenstein Chronicles се вика. Досега изгледав 2 епизоди и делува доста интересно. Детективска е, на некој начин.
Почнав да ја гледам Man Seeking Woman, серијава според мене е предобра. Сега почна да се прикажува втората сезона, а првата има само 10 епизоди. Ситком серија е, меѓутоа е почудна од другите во смисол се случуваат работи во буквална смисла на зборот. Се работи за дечко во 20тите години, невработен, кој по раскинувањето на својата 6 годишна врска со девојката, ќе тргне во потрага по нова девојка соочувајќи се со нереални и незгодни ситуации. Серијава е базирана според книга, чиј автор е и сценарист и автор. Мене серијава ми се свиѓа, малку на почетокот ми беше чудна за гледање како на пример има сцена кога главниот лик излага на состанок со трол, али таква е серијава се буквално се работи.
Ја почна серијава? И мм слушнал дека е добра, па се каниме да ја почнеме. Ако сакате нешто лабаво и музикално може да ја погледнете Mozart in the jungle, 30 мин трае, се работи за оркестар чиј диригент е Родриго (Гаел Гарсија Бернал) и се обидува да го издигне оркестарот на едно ново ниво. Има две сезони по десет епизоди.