Препорачајте ми некоја интересна серија и по можност да биде завршена, зашто гледам еден куп серии па не ми се следи уште една плус од октомври. Ја ѕирнав Фринџ ама ако имате уште некој предлог пишете ми
Омилена. Првата сезона не е нешто нај нај, но останатите се доста по интересни и да, не сум тинејџерка, а зависна сум од серијата. Предлог некоја серија комедија/авантуристичка ?
Daredevil - Се подобра и подобра станува. А за Game of Thrones да ја пофалам, треба над 1.000 зборови да напишам. Не се опишува со еден збор.
Серии што ги гледам. The Royals - сеуште сум на почетокот ама многу ми се допаѓа серијата. Teen Wolf - омилена, повеќе немам што да кажам. Game of Thrones - The Vampire DIaries. The Outlander - фина серија The 100 Hart of Dixie -
Ја начекав на Фокс неколку пати Pretty little liars и премногу ми се допадна. Ги симнав сезониве и да завршам со испитиве и ќе ги изгледам сите 6. Се опседнав колку ми е јака!
Ti ja preporacuvam.Vozbudliva e do samiot kraj.Jas sum do 6ta sezona i mozam da kazam deka vredi da se gleda.Spored mene
Black Mirror ја загледав... по препорака. Некои си, три-четири сезони се, секоја со по три епизоди кои не се поврзани една со друга, а се засебни приказни. Сите обработуваат слични теми - новите технологии и општеството/природата на луѓето. Интересни се за дискусија... богами.
Досега гледани серии ми се Pretty little liars, Desperate Housewives, Jane the virgin, Young&Hungry. Исто така ја препорачувам бугарската серија Врски (Връзки) која ги надмина моите очекувана како за бугарска серија. Одлична серија-комедија. Сите се одлични за опуштање за летово што ни доаѓа
Ма јок, бог знае на која тоа серија ми се префрлил мозокот. Само две сезони се за сега, значи, сé на сé, 6 епизоди. Која сакаш да почнеш да ја гледаш е ок. Благе везе нема со другите. Ко кратки филмчиња
Penny Dreadful официјално заврши како серија. Предобра до самиот крај. Моментално гледам две други: Preacher која уште ми е чудна и не можам НЗС да и' најдам. Втората е Jonathan Strange and Mr. Norell. Серија за магијата во Англија. Многу интересна.
Се прави серија според „Пикник покрај патот“ на браќата Стругацки. 2017та ќе биде првата сезона. Note to self, ова.
@Lady Phoenix и јас не можам да си објаснам дали ми се допаѓа или не, чудна ми е, ликовите ми се одлични, глумата е одлична ама самата приказна некако уште не можам да ја сварам и да сфатам што и е поентата, некако се развлекува, некако убацуваат работи без предходна приказна. Не знам ама не можам ниту да ја откачам верно ја пратам. Ми се допаѓа мрачната атмосфера и Тексашкиот амбиент, ама уште не можам да ја сварам скроз.
Завршив со prison break,уште малку и hawaii 5-0 со 6 сезона ке завршам и денес ја почнав quantico и многу ми се допадна затоа изгледав 4 епизоди една по друга ..
Ја имате гледано Hannibal? Сакам да гледам некоја нова серија и оваа ми е оддамна планирана,ама читам разни коментари па некој што ја гледал да ми каже дали вреди да се погледне?