Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Серии - општа дискусија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Chocolate.me, 2 јули 2013.

  1. FridaKahlo

    FridaKahlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    Дали некој ја следи The Girlfriend Experience. Серијалот има 1 сезона од 13 епизоди во траење од 30 минути и петминутен дел на крај од секоја епизод во кој тимот задолжен за серијата го опишува процесот на работа и психолошкиот момент на протагонистката која е носител на приказната.

    Девојка студентка на правен факултет ќе се вклучи во светот на елитната проституција откако нејзина пријателка која работи како ескорт ќе ја запознае со еден од клиентите и со мадам Жаклин за која првично ќе работи.
    Истовремено вработена како приправник за Киркланд, разоткрива скандал и се вплеткува во разно разни ситуации, во кои некои од клиентите ќе излезат од контрола, а низ филмот се открива постепено како емотивно недостапна личност, егоцентирчна, со желба да и удоволи на клиентите и желна за внимание.
    Првите епизоди се сомневав во глумата на актерката, истите рамнодушни експресии на лицето, со едноличен тон на гласот, ми изгледаше промашен изборот на глумица но со развојот на приказната и пртирањето на психолошкиот профил на една ескорт имаше смисла.

    Без оглед на некои заморувачки сцени би ја препорачала за гледање и еден плус е што Стивен Содерберг е дел од екипата, коментарите и критиките се воглавно позитивни.
    IMDB 7,5/10.


    Сакав да ја почнам ZOO, дали некој ја гледа, ќе даде ли препорака?
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Јас ја изгледав. Баш сакав да ја препорачам во соодветната тема.
    Мене баш ми се допадна, прв пат гледам ваков тип на серија, а случајно наидов и видов дека епизодите траат по 20 мин и за еден ден ја изгледав.
    Има доста експлицитни сцени, ама пред се реално е претставена што ми се допадна.
    Дури и сцените се подобри од Fifty shades of grey:D
    И јас бев скептична за типкава во главна улога, исто поради една експресија на лицето, ама всушност позади тоа се крие една несигурна девојка, желна за внимание, што мене доста ми наликуваше на социопат.
    Нема промашај од Стивен Содерберг, ја препорачувам.:)
     
    На joy1, 1209 и FridaKahlo им се допаѓа ова.
  3. FridaKahlo

    FridaKahlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    ^^

    Ја немам изгледано целата, уште последните две ми фалат. Страната на која ја следам, ги нема објавено и ме интересира дали ќе има некаков пресврт.

    Никаде не прочитав дали ќе работат на 2 ра сезона.
     
  4. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Искрено и јас очекував некој изненадувачки вау момент, ама нема.
    Некако и последните две епизоди се со истиот тек, малку повеќе е ставен акцентот на психолошкиот развој на девојкава.
    А последната епизода е буквално, цели 20 минути секс сцена.
    Исто и јас не прочитав никакви информации за втора сезона, а баш би било добро да ја обноват. Можат на различни начини да ја развиваат приказнава.:)
     
  5. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.496
    Допаѓања:
    42.704
    Пол:
    Женски
    Јас последно време загледав неколку серии и сакам да ги прокоментирам.
    Најпрво Тhe Catch, серијава е прилично лоша според мене, целата приказна е некако безвеза, а и актерската екипа е многу бледа. Актеркава ја обожавав во The killing, беше одлична и ептен и лежеше ликот кој го глуми, овде ме нервира како појава, ме нервира ликот и ме нервира бојата и тонот на глас кој го има. Не и лежи ваков лик дефинитивно. Не ја изгледав целата и дадов шанса со 5 епизоди и не можев да ја сварам, не ја препорачувам. Од мене оцена 2/5

    Preacher
    кратко ја прокоментирав во друга тема и да кажам нешто и тука. Ниедна друга серија не ми била толку збунувачка, не можам да одлучам дали ми се допаѓа или не. Чудна е дефинитивно, крипи и многу збунувачка. Се работи за свештеник во мал град во Тексас кој ќе добие надприродни моќи и ќе проба да ги избави грешниците во неговото мало место, а почнувајќи од него самиот сите се грешници. Ликовите се одлични и актерите одлично ги глумат, сценографијата исто, има некоја мрачна тексашка нота, на почетокот мислиш се работи за некое постаро време, а оно уствари дејстивието се одвива во модерно време. Се е чудно, до последните 2-3 епизоди не ни сфаќав која е поентата, не сум сигурна и дека сега ја сфатив откако заврши. Не знам може да и дадете шанса ама мислам дека на повеќето нема да им се допадне. Инаку адаптација на стрип е. Оцена 3/5

    Тhe night of
    е нова серија на HBO и е доста ветувачка. Многу добра екипа и одлични актери и ликови. Приказната е мистериозна и држи внимание. Се работи дечко со пакистанско потекло со семејството живее во Лондон откако е роден, мирен по природа, случајно една вечер додека оди на забава ќе собере девојка на патот со таксито на татко му и од тука ќе му се смени цел живот и ќе заврши во затвор. Малку епизоди имаше досега па немам многу што да коментирам, ама одма заклучив дека се работи за одлична серија која вреди да се следи. Оцена 5/5

    И за крај Stranger things ја изгледав во два дена, одлично освежување, многу добра серија. Актерската екипа ми е непозната со исклучок на Винона Рајдер, но одлични беа, посебно децата, многу добро си ја вршеа работата и ликовите ги доловија во целост. Се работи за мистерија и Sci-Fi приказна, има исчезнување на дете, има чудни суштества, алтернативни димензии, многу емоции и малку крипи моменти. Ја препорачувам ептен е добра. Оцена 5/5
     
    На the.vampire.girl, Marossa, Tiki-lolipop и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Наминав тука за да кажам нешто за Stranger Things – видов дека има и посебна тема, ама не е нешто активна – па викам може ќе заинтересирам поише луѓе ако пишам овде.

    Серијава на почетокот се колебав дали да почнам да ја гледам – од трејлерот ми се виде као да е по малце детска. Ама, после поише позитивни коментари од друштвото, решив да ја ѕирнам. И до некаде бев у право – главни ликови у серијава се деца – ама серијата воопшто не е детска. Или е, по малце, ама тоа многу добро го компензира со многу моменти кои воопшто не се за малолетна публика.

    Stranger Things е совршена комбинација од поише работи – драма, мистерија, хорор, фантазија или sci-fi – интересна е, непредвидлива и ужасно забавна за гледање. И многу успешно ја избегнува замката на повеќето серии-мистерии во кои не се знае што точно се случува – како Lost или Wayward Pines – бидејќи, најчесто кога ќе се дознае за што се работи, тоа е нешто ретардирано што ќе ве разочара. Ова не е случај у Stranger Things – објаснувањето на мистеријата е задоволувачко (можеби и по малце предвидливо, но сеедно) и, што е најбитно, не навлегува во премногу детали за да го расипе – серијата ви кажува сосема доволно, ни помалку, ни повеќе.

    Серијава има интересен 80’s vibe, but in a good kind of way – не личи на сериите од 80-ите, кои по денешниве стандарди се ужас, него поише на комбинација од најдобрите филмови од тоа време – као мешап од E.T., Alien и Neverending Story, на пример.

    Вниманието ми го задржа од првата до последната епизода – дури и крајот беше добар и остава простор за втора сезона. Иако, ако навистина има втора сезона од серијава, би сакал да биде приказна која ќе биде целосно неповрзана со оваа од првата. But that’s just me.

    И кога сум веќе тука, да кажам нешто и за некои други серии кои ги изгледав последниов период.

    И ја како и @1209 ја изгледав Preacher и до самиот крај не можев да одлучам дали ми се свиѓа или не. Сепак, сега кога ја изгледав и последната епизода, можам да кажам дека одговорот е не.

    Првата епизода почнува бомбастично, со многу настани, места, ликови и акција, ангели, свештеници, мистични сили, вампири и ловци на вампири. WTF? Да, и ја истото си го помислив. Но, полека, како минуваат епизодите, акцијата спласнува и сфаќате дека всушност целата серија се случува во тексашка вукојебина, со два лика кои ви се интересни и еден куп ликови за кои не ви е гајле.

    Откако ја изгледав се осетив некако измамено – затоа што серијава не беше онаква каква што се претстави дека ќе биде у првата епизода. Во секој случај, несекојдневна и чудна е – можеби пречудна за свое добро. И како за серија со покварен свештеник, натприродни сили и вампири, дефинитивно нема доволно акција.

    И кога веќе ја спомнав Wayward Pines, чувството додека ја гледате втората сезона е како да ви прават колоноскопија и истовремено да ви ја пуштаат снимката на екран. Значи, не.
     
    На the.vampire.girl, Someonespecial, Marossa и 8 други им се допаѓа ова.
  7. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    Серии не сакам да гледам,ама по препорака на повеќе луѓе решив да ја гледам Stranger things,посебно дека била како од мое(наше) време;),односно имала елементи како во филмот кој сите го сакавме Е.Т,со шмек од 80-тите.

    Симната е,уште време да најдам за гледање.
     
    На joy1, zhap4e, Lady Phoenix и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Stranger Things ја изгледав во еден здив. Доста јака, со голем потенцијал за втора сезона. Инаку не обожавам баш вака хорор филмови и серии, зашто немам нерви, ама ова беше преинтересно за да не се гледа.

    Preacher не ни забележав дека заврши. Никаков крај на втора сезона. Ми нема смисла тоа што се случуваше. Конфузна, измешана, по малку и глупава. Штета за главниот лик и Тулип. Добри се како актери.

    Wayward Pines мене ми беше за нијанса поинтересна од прва сезона. Можеби зашто почнаа да испитуваат за какви суштества се работи. И ликовите беа други. Ама пак како серија е срање.

    И дојдов да препорачам една серија, особено за љубителите на научна фантастика и "што би било кога би било..." тематиките. Се вика The Expanse и се работи за тоа како се одвиваат работите помеѓу Земјата, Марс и Појасот од астероиди. Има доста настани и случувања, не е досадна и е интригантна. Засега.
     
    На Џони Џип, 1209, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. allaround

    allaround Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    1.572
    Пол:
    Женски
    Луѓе дај препорачајте ми некоја серија како Pretty Little Liars , мистерија и со млади глумци.:D
     
  10. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    984
    Допаѓања:
    17.166
    Пол:
    Женски
    И јас наминав да пишам збор два за The Night Of, нова серија на HBO, возбудлива крими драма полна со мистерии. Се работи за убиство на млада и проблематична девојка со сомнително минато, избодена со нож точно 22 пати, колку што има и години, а главен осомничен е примерен дечко со пакистанско потекло кој последен ја помина ноќта со неа. Дејствието во серијата се одвива прилично бавно, прв пат не ми смета ова во серија бидејќи внесува голема доза на напнатост и неизвесна атмосфера. Во првите неколку епизоди се вметнати и повеќе други ликови како сомнителни и кои би можеле да имаат удел во убиството. Најавени се осум епизоди, од кои половина се излезени, и мислам е сосема доволно за да се расветли целиот случај без да ја отупат. На ИМДБ има солидна оценка 9.1, од мене има чиста 10ка.

    Во меѓувреме, ја проголтав за два три дена цела сезона од Blind spot и со нетрпение чекам втора сезона. Случајно ја начекав и уште во првите минути кога пуштив прва епизода знаев дека ќе ме навлечи, и се така до последна епизода. Серијата започнува со една голема торба оставена на некој од најголемите плоштади во Њујорк, торба адресирана до FBI. Се евакуираат луѓето, доаѓаат агенти од FBI и кога ќе видат false alarm. Во торбата нема ниту бомба, ниту оружје за масовно уништување, туку од торбата излегува гола девојка тетовирана по цело тело, девојка со целосна амнезија. Токму една од тетоважите на нејзиниот грб ја водат кај еден од најдобрите агенти, Курт Велер, по што се формира специјален тим кој работи на овој случај и на дешифрирање на тетоважите. Како што се дешифрираат значењата на тетоважите, така се откриваат и големи случаи и скандали во највисоките државни органи и служби за бебзбедност, се откриваат терористички групи, шпионажи, корупции. И да не откривам повеќе, според мене солидна е серијата и вреди да се потроши време. На ИМДБ нема некоја висока оценка, но мене многу ми се допадна и ја препорачувам.

    Во потрагата по крими серија, дојде на ред и The Black List ама после 3-4 изгледани епизоди не сум нешто многу воодушевена, пребавна ми е некако и не знам дали да и дадам уште една шанса.
     
    На JustBeautiful му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Marco Polo (или Монголската игра на тронови)

    Серијава почнав да ја гледам не знам ни сам зашто, ама морам да кажам дека позитивно ме изненади. Нешто најблиску со што можам да ја споредам е Game of Thrones – ради политичките интриги и личните замрсени судбини на ликовите и борбата на Кублај Кан да го задржи тронот со другите кои се обидуваат да дојдат до него – со тоа што е многу подинамична и поисполнета со акција во споредба со GoT. Со оглед на тоа што Дотраките се практично rip-off на Монголите, има и доста други сличности меѓу двеве серии. Дури и Кублај Кан ме потсеќаше на Роберт Баратеон. :)

    Како и да е – во серијава нема досадна епизода (барем во првава сезона која ја изгледав) – приказната, а и реализацијата се одлични. Многу интересни ликови, и меѓу позитивците и меѓу негативците. Глумците ми се непознати, и скоро сите се со азијатско потекло (duh!), ама тоа не ги прави да бидат помалце awesome. Уствари, парадоксално, најнеинтересниот лик (или е до глумецот?) у целава серија е баш Марко Поло. Ликов ми е иритантен и антипатичен од самиот почеток, ама откако девојка ми ми посочи дека типов многу личи на Влатче Илиевски, сега можам да кажам дека активно го мразам. :D

    Ако се прашувавте, сите ликови у серијава зборат на англиски, и тоа чист англиски, без смешнине финти Марко да збори англиски со италијански акцент, Монголите со монголски, а Кинезите со кинески. :D Што мислам дека е позитивно, пошто глумење на различни јазици со зборење на англиски со странски акцент ме нервира, а не сум од оние кои инсистираат на тоа ликовите да си зборат на мајчин јазик, за да биде све поуверливо. Just English is fine.

    У секој случај, ако сте фан на серии од типот на GoT, а немате што да правите до искачањето на следната сезона, топло препорачувам.

    Ash vs. Evil Dead (или holy fucking shit!)

    Не знам ни зашто воопшто ја препорачувам серијата, пошто сум сигурен дека никој тука не ги гледал оригиналните Evil Dead филмови, ниту пак чул дека постојат, ама серијава е премногу јака за да не ја спомнам.

    За оние што не знаат што, по ѓаволите, е Evil Dead – тоа ефилм од 80-ите, granddaddy на сите хорор-филмови и првиот хорор од типот луѓе идат у cabin in the woods и гадно наебуваат.

    Настаните од серијава се случуваат 30-ина години после оригиналниот филм, кога Еш несакајќи повторно успева да ги ослободи демоните од книгата Necronomicon. Серијава би ја опишал како хорор-комедија, со одлично направен баланс меѓу овие две навидум неспоиви жанрови. Хорор-елементите се направени old school, со гумени маски, протези, специјални ефекти, додека многу малце е работено у CGI. Главниот лик е пародија на самиот себе од оригиналниот филм – остарен, здебелен и мрчаторски настроен, а самата серија е пародија на сите генерички хорори, ама сепак е во духот на другите два филма од оригиналната трилогија, кои исто така имаа елементи на хумор.

    Серијава е интересна но, пред се, забавна – отприлика е онаква каква што очекував дека ќе биде Preacher, ама не беше. Ама, у секој случај, дефинитивно не е за секого. :D

    [​IMG]
     
    На do-re-mi, Lady Phoenix, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ^angel^

    ^angel^ Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2015
    Пораки:
    680
    Допаѓања:
    1.264
    Пол:
    Женски
    Многу серии пратам и многу се нервирам кога чекам да искочат новите епизоди :@
    Само што ја изгледав првата епизода од новата сетија The Good Witch и е ветувачка :)
     
  15. jok

    jok Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    932
    Допаѓања:
    904
    Има и филмови The Good Witch, само што главниот глумец не е истиот.
     
    На ^angel^ му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Јас ги имам изгледано и двете сезони. Ги изгледав прво филмовите на Фокс, па после видов и серија дека имало. Мене баш ми е интересна, топла-фамилијарна со супер ликови, како за опуштање супер е :D
     
    На ^angel^ му/ѝ се допаѓа ова.
  17. FridaKahlo

    FridaKahlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    Сигурно некои од вас имале прилика да го гледаат The night of ... Ако сте го гледале може ќе се сложите дека серијата дава еден реален приказ на судскиот и затворскиот систем во едно општество за кое многу од нас имаат заблуда дека е демократско и правично или ќе ви ги разбие илузиите за кои не сте ни свесни дека сте ги имале.
    Иако навикнати да гледаме филмови во америчка продукција кои ја разубавуваат американската реалност, овој филм е смел потфат и реалистичен приказ на еден корумпиран правосуден систем во кој еден осомничен може да биде обвинет и брутално третиран од полициските сили и однапред без пресуда осуден.
    Имав впечаток дека тие што се одговорни за филмот сакаа од гледачите да го откриеме значењето на"пресумпција на невиноста" како централен принцип во една демократија и неговото безобзирно прекршување од страна на работниците на правдата.


    Додека го гледав филмот имав чувство на реалност, во некои сцени изгледаше како документарен филм од една вечер во Нјуоршко предградие со целиот тој сообраќај од автомобили улични светла, снимките направени на патните рампи, бензиски пумпи а од друга страна е разработен до детали секој карактер како сценаристот добро да ја познава психолошката страна на тој што се занимава со спроведување на правдата. Тие што ќе го гледат ќе знаат за што зборам.

    Она што мене ми го сврти вниманието е мистериозноста околу младиот Пакистанец, бидејќи неговото однесување и мисли не можат да се предвидат, како режисерто да те предизвикува да ја гледаш секоја наредна епизода со препоставки и прашања за тоа што навистина се случило.
    Сепак очигледна е неговата трансформација од првата до последната епизода, на крај краева и он реагира инстинктивно ставен во затворски услови, во кои борбата за самоодржување е посилна од се, на висока ниво е разбирањето за неговото однесување. Неговиот изглед, тетоважите и избричената глава и превзимање имиџ на затвореник се само некои од последиците. Дали е тој жртва на затворскиот систем?
    Која е целта на затворот рехабилитација или учење на " занаетот" .
    Тоа се неколку од прашањата кои се покренуваат.

    Дали ќе победи правдата на крајот е дискутабилно..
     
    На Bender Rodriguez, zhap4e, Lady Phoenix и 2 други им се допаѓа ова.
  18. choko

    choko Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    324
    Допаѓања:
    90
    Пол:
    Женски
    Коа ке има нови од The Fosters? :(
     
  19. the.vampire.girl

    the.vampire.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    879
    Допаѓања:
    1.490
    Пол:
    Женски
    Пролет 2017, ама нема официјално објавен датум.
     
  20. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Дојдов да прашам дали некој ја гледа и да ја препорачам The Night Of и морам да кажам дека сум пријатно изненадена што повеќемина ја гледаат/гледале и дека и' даваат висока оцена.

    Толку суров, толку реалистичен и детален приказ на тоа како е да си дискриминиран по некоја основа, како е да си во суштината на предрасудите на другите луѓе и да страдаш поради тоа, можеби ни крив, ни должен. Како со едно трепнување на окото може да ти појде животот по надолна линија уште пред да се свестиш. Како правдата е толку бавна што може да остариш пред да ја истераш и знае да биде толку слепа што може и никогаш да не ја истераш.

    Крими-драма, темелна, од сите аспекти и агли. Топло ја препорачувам.
     
    На FridaKahlo, 1209, Tiki-lolipop и 2 други им се допаѓа ова.