Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Серии - општа дискусија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Chocolate.me, 2 јули 2013.

  1. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.496
    Допаѓања:
    42.705
    Пол:
    Женски
    Јас ја почнав Westworld @Lady Phoenix одлична ми е, ама немам време да ги пратам сите серии што ги почнав и старите што ги гледам и ја оставив да излезе цела и тогаш ќе ја изгледам. Ми се допаѓа замислата и актерската екипа, ефектите, се е прекрасно, а и порано имам кажано дека го сакам тексашкиот шарм во сериите и вестерн моментите.

    Инаку This is us ми е фантастична серија, одамна немам гледано некоја толку топла серија. Ептен е фамилијарна и интернесна. Ми се допаѓаат ликовите и начинот на кој се градени нивните приказни. Прекрасна е, јас секоја епизода пуштам по некоја солза од што ми е емотивна. Ептен ја препорачувам.
     
    Последна измена: 26 октомври 2016
    На WinterGirl16, sia.bella, Bender Rodriguez и 2 други им се допаѓа ова.
  2. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.151
    Допаѓања:
    50.529
    Пол:
    Женски
    Планирам да почнам да ја гледам серијата Туѓинка (Outlander) истражував малку на интернет, интересна ми изгледа има доста добри коментари. Со години немам гледано некоја серија, од кога се канам да гледам и никако да гледам, па за некој ден дефинитивно започнувам со гледање серии. :~:
     
  3. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Месец подоцна....:D ја изгледав прва епизода. :muscle:
    Треба да престанам да се нарекувам филмоман.:D
    Предобра! Бар првата. Деновиве ќе гледам и втора, штом можам.

    Кое гревче, леле кое гревче. Не ми се верува. Жал ми е дури. Едвај чекам да видам што е играта.:D
     
    На 1209, Bender Rodriguez и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  4. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Уште ништо не си видела. Само толку ќе ти кажам. 8-|
     
    На zhap4e и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  5. WinterGirl16

    WinterGirl16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2014
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    651
    Некој фан на Quantico?
     
    На macka91 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. s&s

    s&s Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2015
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    1.066
    Пол:
    Женски
    Ви препорачувам да ја гледате Guilt. Нова серија, од оваа година, само една сезона има од 10 епизоди. Се работи за убиство,кое низ серијава ќе се разрешува. Интересна мистерија, крајот неочекуван според мене. :D
     
  7. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Ајде пак јас.

    За сите обожаватели на Доктор Хаус, тука сум да ви соопштам дека има нова серија со Хју Лори, во која чоекот пак е доктор. Невропсихијатар - дијагностичар кој запаѓа во г*мна со една пациентка.

    Серијата се вика Chance и има некои 3 епизоди до сега. Ја препорачувам.
     
    На joy1, theowndemon, LollySky и 4 други им се допаѓа ова.
  8. jok

    jok Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    932
    Допаѓања:
    904
    Во вторник во 22 часот ќе ја има на Фокс
     
    На Lady Phoenix му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Изгледа само јас како манијак некој гледам серии.

    Дојдов да прашам дали некој воопшто слушнал дека постои серија што се вика Houdini & Doyle?

    Серијата е интересна. Худини е најголемиот магионичар на сите времиња, Дојл е автор на делата за Шерлок. Она што ги спојува е нивната соработка со полицијата додека разрешуваат случаи кои на прв поглед се supernatural, ама на крај се дава разумно објаснување.

    Топло ја препорачувам за оние кои сакаат крими серии.
     
    На theowndemon, LollySky, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Дечки, ја гледа некој The Strain?

    Финалето ме шокира (и натажи), не очекував дека во тој правец ќе отиде приказната.
     
    На Lady Phoenix и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  11. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Јас. Бев изненадена. Има потенцијал за нова сезона.
     
    На Nausicaa и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  12. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Ја бев убеден дека ќе е крај на серијава - све ми идеше натака - арно ама...

    Не знам по мене, можда и требаше да заврши сега, пошто ова више ми личи на безидејно одолговлекување. Здравје, ќе видиме. :)

    Иначе, детево и претходно го мразев и ме нервираше, а тек сеа... :D
     
    На Nausicaa и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  13. s&s

    s&s Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2015
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    1.066
    Пол:
    Женски
    Инфо околу серијава? :)
     
  14. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    @Lady Phoenix не си сама :D

    И јас кога слушнав за новава серија на Хју Лори, одма си ја додадов на листата за гледање која бај д веј ми е огромнааа, ама ако јас битно си натрупувам серии во секое време.:D Ја изгледав првава епизода на Fox и ми се допадна, дефинитивно ќе продолжам да ја гледам.
    Туку дали некој од вас ја гледа Secrets and Lies, јас сум многу пријатно изненадена од вторава сезона, големо подобрување од претходната и ако случајноо сте во потрага по крими серија како мене секако:D ви ја препорачувам!:)
     
    На 1209 и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  15. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @Lady Phoenix, @Bender Rodriguez, jас знаев дека ќе има и четврта сезона (кон крајот на септември официјално ја обновија за уште една сезона) ама навистина не очекував ваков мрачен пресврт и тоа во последните 5 минути.(facepalm)

    Се надевам дека наредната сезона Квинлан ќе има поголема улога додека Зак веројатно го надмина и Карл од TWD во категоријата на „Најомразено дете“:D

    @s&s, The strain е прилично „заразна“ :wasntme: хорор серија која раскажува за чудната инфекција која се шири меѓу жителите на Њу Јорк, како и за обидите на тим доктори (и уште неколку интересни фаци) да ја запрат „болеста“ пред да биде предоцна, но кои, како што поминува времето, откриваат дека вирусот има античко потекло. Досега снимени се 3 сезони со по десетина епизоди, се претпоставува дека наредната сезона ќе биде и последна. Ако сакаш зомбиња, вампири и драма, дај и шанса на серијава :)
    THE-STRAIN-Season-3-Poster-1.jpg
     
    На theowndemon, LollySky, MilaP и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    @Nausicaa, The Strain ми е гилти плежр – ја гледам зашто ми е интересна (а и веќе почната), а не дека сум нешто фасциниран од неа, па затоа и уопште не ја пратев нејзината судбина (дали ќе ја обноват или не). :D До последнава епизода, не ни размислував дали ќе е крај на серијава, ама како почна епизодава, све некако ми идеше у таа насока, и дури и у себе си се помирив – „Океј, реално доста и беше, логично е вака и сега да заврши“. Можда и затоа крајот ми беше шок и неочекуван. Иако, и крајов, како таков, не би бил лош ни како крај на серијата. :D

    Некако, цела сезона очекував века Мастерот ќе влезе у Зак и мислев дека е тоа одлична (иако можеби премногу очигледна) идеја – за на крај, борбата помеѓу стригоите и луѓето да биде битка помеѓу татко и син. А сеа, ми изгледа дека така и ќе биде. Шознам, ептен ми беше трансформацијата на детево као на Анакин у Дарт Ведар. :D

    Иначе, поентата на нуклеаркиве не им ја разбрав баш – океј, ќе предизвикаат облак (и нуклеарна зима можда :D) за стригоиве да се движат и дење, ама што фајде кога сите луѓе, кои им се храна, ќе умрат од радијација? :D

    Серијава убедливо ми ја носат старите ликови – Ајнхорст, Сетракијан и Палмер – да не се они, сигурно не би ја ни гледал. :)

    И Квинлан ми е кул лик (џоа Блејд), ама тепачката со Мастерот беше... (facepalm) леле мајко, не знам дали се сеќаваш, ама многу антиклимактична. :D

    Само мене ли ми изгледа дека Мексиканецот у оваа сезона беше скроз без идеја и поента? Као да му го обновиле договорот на глумецов за трета сезона, ама заборавиле да го вметнат у сценариото. :D
     
    На Nausicaa и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  17. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.416
    Допаѓања:
    250.427
    Homeland, 4 и 5 сезона добри се?
    Да продолжам да ја гледам, дали вреди се мислам?
     
  18. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    4та сезона мене ми беше најдобра, дејството се одвива во Исламабад цело време, ама има многу изненадувачки и предобри моменти, 5та сезона се одвива во Берлин, не ми беше нешто посебно, ама не ми беше ни до толку лоша. Јас дефинитивно ти препорачувам да ги гледаш, посебно 4т сезона, кога ќе ја почнеш ќе видиш дека е одлична, нема да зажалиш!:D
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  19. JustBeautiful

    JustBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    626
    Допаѓања:
    1.190
    Пол:
    Женски
    Јас!!!
     
  20. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @Bender Rodriguez, јас ја имам таа (не)среќа се да ми се свиѓаат некои low budget, „леви“ серии кои баш и не се најгледани па така бааги параноична сум кога доаѓа време да се обноват сериите за следната сезона. Таман си се загледал, си ги засакал ликовите, си се задлабочил во приказната-БАМ, ај чао, толку беше! Todd and the Book of Pure Evil (која ако не си ја гледал, дефинитивно ти ја препорачувам) ми е уште непрежалена, пет години подоцна (wtf) Лани Helix (моето гилти плежр) и Constantine (точно дека не беше нешто ваууу ама супер беше за тепање време) ја добија секирата а оваа година изгледа ќе им се придружи и Z Nation...;(

    Битно, супер вест- Ash vs. Evil Dead ќе добие и 3та сезона :party: :dance::rock:

    Тековнава сезона многу ми е добра! Ми се допаѓа што дејствието се случува во мало заспано гратче, ми се допаѓа што екипата се прошири со неколку нови штосни ликови, макар и само за неколку епизоди (таткото на Еш беше цар :D) и ми се допаѓа што приказната изгледа конечно си ја најде насоката, за разлика од лани кога серијата имаше ептен епизодичен карактер (според мене, нели)

    ******

    @Lady Phoenix, се заљубив во Houdini & Doyle :l: Многу шармантна серија, со уживање ја изгледав! Ми се погоди од секој аспект- и (навидум) натприродната тематика и викторијанската атмосвера и историските ликови.
     
    На 1209, Bender Rodriguez, Lady Phoenix и 1 друга личност им се допаѓа ова.