Ха! Helix, и јас ја гледав. Првата сезона ми беше скроз океј (некаде до пред крај), ама после втората, и не ми беше толку криво што ја прекинаа, да ти кажам. За Constantine исто ми е криво и не ми е јасно зашто ја прекинаа – беше солидна, главниот глумец си беше супер, и таман кога сакав да видам што ќе се деси со La Brujeria, серијава ја откажаа. Исто ми е криво и за Dracula (не знам дали си ја гледала) – ама беше интересен take на веќе приказна која е више излитена од користење и дефинитивно имаше потенцијал да биде барем добра, ако не и нешто повеќе. И кога сме више кај Syfy каналот, да ти ја препорачам и The Expanse – која е интересна, дури и ако не си сај-фај фан и која, за среќа, сеуште не е откажана. Todd звучи интересно и најверојатно ќе си ја гледам кога ќе заврши сезонава на Ash. Ash ми е тотално закон, и првата и новава сезона, ама никој од друштвото, дури ни девојка ми, нејќе да ме дружи у гледањето. Добро е што вака барем на форумов гледам дека има уште еден човек на кој му се свиѓа серијава, па можам да си се тешам дека не сум скроз ненормален. Ај да кажам нешто и за Houdini & Doyle – неочекувано добра серија! Ми се свиѓа што (барем овие неколку епизоди кои ги ѕирнав) секогаш има добро осмислена приказна за секоја епизода, која навидум почнува паранормално, а завршува со рационално објаснување. Ми се допаѓа и како е прикажано пријателството меѓу Худини и Дојл, кои и во вистинскиот живот биле пријатели, се додека нивните различни ставови за паранормалното не предизвикале дефинитивен раздор помеѓу нив. Инаку, Худини навистина бил скептик и разоткривач на разно-разни „медиуми“ и други шарлатани, а Дојл, наспроти рационалните ставови на неговиот детектив Шерлок, самиот бил неверојатно наивен и гласен поборник на спиритуализмот и натприродното. Дури и бил убеден дека и самиот Худини има натприродни моќи, кои ги крие, велејќи дека се работи за трикови и илузии. У секој случај, интересна серија за два интересни историски ликови.
Јас скоро се сама си гледам Жива среќна бев летово кога сретнав уште еден човек во Македонијава што ја гледа Red Dwaft, освен мене. Вчера му ја пуштам Citizen Smith на дечко ми, не помина ни шпицата „Леле бе, кај наоѓаш се некој вакви серии!!!“ Ме уби во поим, признавам. Веќе некое време живеам со дилемата дека или јас сум шлакнатата или овие околу мене се тапа! Плус, единствена сум што не гледа got па штом го кажам тоа, сите ме гледаат запрепастено, како да не сум со сите Кога бевме уште ептен тазе со дечко ми, дека му зборев колку го обожавам првиот Evil Dead филм, фраеров изрази желба заедно да го гледаме (демек ќе собира поени така кај мене). Има потреба да кажам дека одтогаш немаме гледано хорор филм заедно? The Expanse ми е симната уште летово, изгледана до 5 епизода и веќе неколку месеци стрпливо си чека да биде догледана до крај Да ја изгледам па ќе пишам комплетен впечаток
Ја веќе кажав дека немам ни друштво, а ни поддршка за гледање на Ash vs. Evil Dead од мојава лепша половина, па гледам кога ќе начекам момент, најчесто кога таа спие - скришно и тајно, мислиш гледам којзнае какво фетишистичко порно. Ако си му го пуштила првиот дел, до некаде и го разбирам човекот. Ама гледај на светлата страна, сепак сте останале заедно. И да не бидам скроз офтопик, да ја спомнам The Exorcist - иста тематика како филмот, помалку страшна, а поинтересна (што и не е некое достигнување, да се разбереме). .
Се немам нафатено да гледам нови серии не знам баш и зашто, но следам доста серии што тераат веќе 4-5 сезони... И сум доста разочарана од некои, ама многу. На пример, 2 Broke Girls, what the actual fuck? Зошто? се глупираат, се дерат, Софи, Хан, Керолајн сите се жалниии значи ја уништија серијава не се ни споредува со првите две сезони Очајно, се надевам последна ќе е сезонава, бар да не остават со добри спомени од првите сезони кои беа, барем за мене, доста интересни. Исто и New Girl, ради реда ја тераат серијава уште. Џес никако да ја спојат со некого, ај другите ги средија некако, уште таа им остана, нека ги фатат со Ник заедно и готово и на таа нека и дојде крајот доста и беше. А Jane the Virgin, ми се поделени мислењата чат ми е интересна пат не ми е. Ептен ја затераа како сапуница, се испомеша минато со иднина со предминато па мајки маќеи сестри заборавени братучеди ајдеее... А за новиве серии сега ми текна, се некои фантастики, хорори, тешки акциони сцени па фикции да размислуваш зашто е тоа така а не овака... Неее бе...
Имам неколку омилени серии, повеќето ги гледам на Netflix - Dexter - Breaking Bad - The 70's show - Sex and the city - Goldbergs
Пред некој ден завршив со серијата Outlander премногу ми се допадна серијава не очекував дека толку ќе се навлечам на неа. Едвај ја чекам другата сезона. А сега планирам да ја гледам Game of thrones прочитав многу позитивни коментари и се надевам дека и на мене ќе ми се допадне серијава.
не сум некој човек што има изгледано многу серии, ама ќе си кажам мое мислење за тие што јас сум ги изледала. TRUE DETECTIVE - imdb 9.1 Сериозно? OVERRATED ! За глумата не сакам да коментирам, беспрекорна, Метју секогаш го дава најдоброто кога глуми, не оспорувам, актерите сите беа одлични, но... Што беше толку интересно во серијава?Споро споро, дооооолги дијалози, монолози непотребно натрпани, споро до бола, мене воопшто не ми го задржа вниманието, ја гледав со сила, колку да ја изгледам да не ја оставам на пола пат. Супер почна, првите 2-3 епизоди ми беа супер, после пАФФ, не ми се допадна, не е мој калибар.Очекував многу повеќе динамика, според мене ова е една преценета серија. оценка 6/10 од мене STRANGER THINGS imdb 9 Уште една серија, која што е многу популарна и е во калибар на една од најдобрите периодов.Глумата прекрасна, дечињата срцки, интересна ми беше, далеку од тоа што го очекував далеку од тој mind blow,но многу повеќе ми се допадна од таа погоре. Интересна серија моја оценка 8/10, вреди да се погледне Е сега, наспроти овие високобуџетни серии, опсипани со внимание од гледачите,а богами и со преубава глума, тоа е факт, ќе ја ставам THE EXORCIST The exorcist има една просечна глума, сигурно и некојдоста помал буџет, ама ете мене ме држи многу повеќе заинтересирана,и уживам додека ја гледам. Од приказна до се, комплетен погодок секоја епизода ми е баш забавна и интересна, ниеднаш не погледнав до каде е епизодата, што многу збори. Како љубител на хорор, јас лично уживав во серијата, затоа и не толку добрата глума максимално ја занемарив
@Elissa https://en.wikipedia.org/wiki/The_Crown_(TV_series) Eve nesto sto pisuva na Wikipedija. Jas potpolno se slozuvam. Za onie koj sakaat da gledaat istoriski drami, odlicna e. Kolku e verodostojna so istoriskite fakti nemozam da komentiram zosto nemama citano biografija na semejstvoto. Ako ste obozavateli na ovoj zarn slobodno poglednete, vredi vremeto potroseno.
Серијава се протега низ неколку децении и го следи животот на личност од Нордиските легенди, Рагнар Лотброт, кој прв тргнува во походи кон Британија, а подоцна и кон Франција, и така станува Нордиски крал. Би требало да е историска драма, ама има многу поплаки дека облеката, обичаите и сл. немаат допирна точка со времето кое го опфаќа серијава. Ова на страна, според мене е супер за тепање време, па ако сакаш ваков жанр, вреди да ја погледнеш.
@zhap4e Почната е, мислам видов епизода на замунда имаше излезено. И мене ме заинтересира, ама јас ќе чекам повеќе епизоди да излезат па да ја гледам
Штом е само една... и јас ќе чекам. Сега еве со Викинзите... колку ме нервира тоа, по една епизода неделно Симнеш цела сезона и еден викенд цел жртвуваш
Dirk Gently's Holistic Detective Agency- шармантно забавна серија со добар хумор. Очекував повеќе натприродни моменти, место тоа добив научна фантастика ама не се бунам Темпото е брзо, приказната е интересна, ликовите се откачени, дијалозите се духовити. Базирана е на книгите на Даглас Адамс (Автостоперски водич низ галаксијата ) и има 8 епизоди. The Exorcist- многу одамна го гледав филмот и ми се допадна; серијата, за жал, не толку. Очекував мноооогу повеќе а добив стерилизирана и ублажена преработка на филмот. Отецот Маркос ми беше интересен лик, Џина Дејвис и на 60 години е рибетина и... отприлика тоа е тоа The OA- не ми беше нешто особено интересна во целост ама ја (из)гледав зошто ме копкаше како ќе заврши. Претпоставувам дека на некого ќе му се допадне крајот и воопшто, разврската на целата приказна токму поради оригиналниот пристап ама мене лично не ми се допадна и да, превртував со очи на дешавката во училиштето. The Expanse- релативно бавна и не толку интересна серија се до самиот крај, сега едвај чекам да дојде февруари за да дознаам што ќе се случува понатаму!!! Додека ја гледав мрчев дека и фалат зомбиња, вампири, чудовишта, сеништа, вонземјани... било каква не-човечка закана. Епа, баравте- гледајте (не дека се бунам )
Taboo ја изгледав првата епизода, морав, Том Харди ме натера. Има огромен потенцијал серијава, се надевам дека ќе биде силна првава сезона.
Ја гледа некој Conviction? http://www.imdb.com/title/tt5396572/ Ме интересира дали ја бива да ја почнам, од трејлерот интересна ми се гледа, ама да си прашам
И јас сум тука да ја пофалам Табу. Исто така, кој е обожавател на Харди, обавезно да ја гледа. Патем, пола од кастингот на ГоТ е во серијава, така што не може да е лоша.
Јас ја гледам. Па на почеток интересно ми почна, ама последниве епизоди ми станаа досадни некако, монотони, па ги оставив да заврши па ќе ги изгледам. Навистина имаше јак почеток, добра актерска екипа немам никаква замерка, единствено ми пречеше тоа што не ми се некако доофрмени ликовите и повеќе внимание посветуваат на случаеви. Не знам не се поврзав со никој лик посебно, сите ми се како мех.