Дали некој ја гледа серијава http://www.imdb.com/title/tt5580540/ Ја сакам Дру, онака ми е срцка со думањето и шушкањето, сакам зомбиња, а и нема лоша оцена на имбд, не знам дали да го почнам?
@1209 И јас ја меркав оваа. Ми изгледа како онака лесна серија за тепање време, ама периодов баш и немам време Јас ќе ја гледам од следниот месец здравје
Баш е таква, за тепање време, кратка е и доста забавна, јас ја изгледав скоро цела. Дру е одлична, остатокот од екипата не го знам ама не се лоши. Не е типична зомби серија, има малку гадни сцени, ама онака хумористично гадни, така да се голта. Јас ја препорачувам, не е фантастична, не е нешто на кое што ќе речете вов, ама забавна е доста.
Јас само што ја завршив Psych и сега во мисла сум пак од почеток да си ја почнам да ја гледам по втор пат. Значи позабавна и покомична серија не сум гледала. Во топ 5 омилени си ја ставив одма. И така периодов ми беше стресен, испити, чуда, ми дојде баш како релаксација. Дури мислам дека не требаше толку да ја брзам за да ја изгледам побрзо ама навистина е одлична, дури се чудам како не сум ја гледала порано со оглед на тоа дека е постара серија. Ако сте во потрага по нешто супер забавно и интересно, ви ја препорачувам. Или ако знаете некоја слична серија препорачајте ми.
Леле Тики мене пак ова ми е една од најиритантините серии што постои, не знам зошто имам огромна одбивност кон главните ликови, ептен ми се млаки.
Не знам колку епизоди си гледала, ама понатаму се подобруваат многу. Сигурно така мислиш зашто се однесуваат како дечиња, додуша и мене на почеток ми одеше тоа на нерви ама после се навикнуваш, и всушност тоа ми ја прави серијава интресна таа динамика меѓу Шон и Гас и нивниот хумор.
This is us (2016) Толку топла семејна серија одамна немам гледано. Се работи за двајца близнаци и посвоен брат и нивните родители. Толку реално е прикажано се,што може некои од вас ќе се поистоветат со мн работи општо во животот. Можеби е веќе пишувано за серијава,но морав да споделам впечатоци. Од мене јака 9.
Пред два дена излегло teaser за серијава, додуша долго ја очекував уште од кога ја најавија. Mindhunter од David Fincher, креаторот на Seven и Zodiac. Со оглед на тоа дека филмовиве се повеќе од одлични очекувам дека серијава ќе биде ептен добра. Плус кастингот е супер, приказна за сериски убијци, can't wait!
This is us е серииште. Има некоја емоција што тешко се доловува. Концептот е ептен интересен и иновативен. Џек Заслужена е цела фама која се крена околу серијава. Почнав Timeless да ја гледам, ама не можам да се одлучам дали е крајно глупава или така интересна. Веројатно ако не мозга човек зашто вака или онака, туку се гледа од чисто забавен аспект е океј. Патување низ времето тешко е да помине без дупки, ама овие не се ни потрудиле нешто многу.
Ја гледа некој Табу? Според мене е интересна серија, нешто поразлично од досегашните серии... Борба со внатрешните демони и општеството.. Ми се допаѓа тоа што е реално опишана состојбата во општеството, со сиот блуд и разврат што постоел уште од тогаш
Дајте некоја серија дур чекам нови епизоди да излезат од тие што ги гледам а три се- the catch, big little lies, и greys anatomy. п.с. фала до модераторите што ми ја покажаа темава
Спојлер Леле мојот прв пост на темава Мислам дека редно е еден update да направам. Серии што редовно ги гледам: 2 broke girls, 13 reasons why, America's Next Top Model, Are You The One, Are You The One: Second Chances, Big Little Lies, Baby Daddy, Bachelor in Paradise, Game of Thrones, Jane The Virgin, Modern Family, New Girl, Once Upon a Time, Open Heart, Pretty Little Liars, Project Runway, Project Runway Junior, Residue, Riverdale, Scream, Scream Queens, Stranger Things, Sweet Vicious, Skam, The 100, The Goldbergs, The Last Man on Earth, The Bachelor, The Shannara Chronicles, The Bachelorette, The Bachelorette Canada, The Exorcist, The OA, Unreal, Under the Gunn, Unbreakable Kimmy Schmidt, Young and Hungry. Почнати имам еден куп да не ги набројувам. И завршени серии/прекинати: 13 Fear is Real, 24 hour catwalk, 666 park avenue, A to Z, About a Boy, Awkward, Black Box, Bad teacher, Crisis, Cashmere Mafia, Chasing Life, Coupled, Don't trust the b in apartment 23, Devious Maids, Eye Candy, Faking it, GCB, Glee, Happyland, Hart of Dixie, Hindsight, Once upon a time in wonderland, Red Band Society. Ravenswood, Recovery Road, Star-Crossed, Suburgatory, The Lying Game,The carrie diaries, The Lottery, Twisted, The face, Welcome to the family. Заклучок: Немам социјален живот и инсомнијата е крива за гледањето премногу серии too
@Bender Rodriguez до крај на втора. И ептен ми се свиѓа. Првата сезона ми беше за нијанса поинтересна, ама и оваа добро се држи. Кажи ајде некоја друга да се израдувам.
Чекај, имаш уште една сезона за гледање. Ја сум иначе до последната епизода на 3-тата. А за понатака, ќе размислам, и за тебе и за мене.
"Politics is about people," Sen. Selina Meyer e charismatic leader koja jonglira politika i privaten zivot . Interesna komedija. Sekoja epizoda si e sama za sebe, bare taka e vo prvava sezona. Mene mi e interesna komedija, onaka za relaksacija. Dosega imaat snimeno 6 sezoni, "ko voli nek izvoli".