Серии кои што ги гледам/имам гледано: Riverdale The 100 Teen Wolf Supernatural 13 Reasons Why Once Upon a Time The Flash iZombie Girlboss The Vampire Diaries Supergirl Pretty Little Liars H20: Just Add Water Shadowhunters The Shannara Chronicles Stitchers Just Add Magic Victorious Wizards of Waverly Place Hannah Montana Nine Lives of Chloe King The Good Place Star-Crossed Tomorrow People Gossip Girl Reign Girl Meets World K.C Undercover The Secret Circle Scream Liv and Maddie Suite Life of Zack and Cody Suite Life on Deck ... и стотици други
Sense8 Има и посебна тема, пишав и таму, а најмногу на твитер замарам со мојата опсесија и од таму се пазам од спојлери. Многу ме импресионира серијава, мислам дека е нешто најуникатно што имам гледано досега. Инаку баш деновиве мислев да пишам во темава, летово ми тргна со серии The Handmaid's Tale и Riverdale претходно ги изгледав, сега и Sherlock ја гледам, а оваа Sense8 ми е посебно во срце
Сакав да ја гледам, баш мислев дека ќе биде мој тип на серија, ама нели ја укинаа и сега не знам има ли цел да навлезам во приказна која, реално, нема крај Од истата причина ја немам пуштено ни Carnivale. The Handmaid's Tale не сакам да ја гледам! Многу, многу одамна го имам гледано филмот ама се уште толку ми е „жива“ приказната во сеќавањето, како вчера да сум го гледала. Навистина ми остави впечаток но и ме остави со ужасно чувство на поразеност (иако филмот заврши позитивно) па знам дека ако ја симнам серијата не само што ќе се нервирам, туку ќе сакам со глава во зид да се акам. Riverdale ми беше супер, со мерак ја изгледав. Да, можеби претинејџерска но интересна, заплеткана и неизвесна до самиот крај
Сакам да прашам дали некој ја гледа Black Mirror? Читкав малку за што се работи и гледав трајлер и искрено премногу сакам да ја гледам, а од друга страна исто така сакам да ја гледам Frontier и заклучно со денес завршив тоа што гледав претходно па сега сум во една „недоумица“ која да ја почнам прва. Доколку некој ги има гледано многу ќе ми значи вашето мислење.
Пред некој ден само што го почнав Black Mirror, пред тоа си дозволив малку цртани и аниме. Не знам, првата сезона ја догледав и мислев дека е како некаков вовед или запознавање со ликовите, па и не посветив многу внимание. Ситуациите се бизарни и интересни, гледам дека втора сезона е иста како прва, а и третата ги прочитав описите, исто. Интересна е да, но сериозно очекував многу повеќе. Трајлерите кои ги гледав ми ветуваа многу повеќе од ова што го гледам сега. Серијата е стварно многу добра, но сум благо разочарана зошто трајлерот ми даде сосема друга слика што ќе се случува во серијата. За најдобра епизода до сега ми стој втората, од првата сезона. Чисто зошто, најмногу ме потсетува на книгата „1894“, а таа ми значи за една од најдобрите книги и филм кои ги имам читано и гледано.
Јас ја изгледав Sherlock и сум воодушевена, сите епизоди се толку прејако осмислени, едноставно врвна серија Сега ја меркам American Gods, многу ја фалат и секаде по нет ми излегува за серијава, ама се мислам дали вреди за тие многу екстремни насилни и бизарни сцени што прочитав дека ги има Исто така, дојдов да пишам највише ради новата македонска серија што ја најавуваат за од 4 септември, На терапија Ептен е рано за тема за серијава, дури за повеќе од месец почнува, па мислам тука е најсоодветно. Имено, се работи за странска лиценца, која оригинално потекнува од Израел, а има многу верзии во различни земји меѓу кои и српска и хрватска. Приказната е за психотерапевт и неговите пациенти, а ќе глумат доста познати актерски имиња на чело со Никола Ристановски. На фб имаат и посебни страници направено за сите ликови... многу добар маркетинг имаат Имате ли гледано некоја од верзиите на серијава? Јас многу големи очекувања имам искрено
Еј луѓенца дали ги имате гледано Rick and Morty? Сакам таа серија да ја почнам...3 сезони е или? Интересна ли е? За шо се збора?
@simonna.a, јас. Серијава се врти околу еден блесав/пијан научник Рик кој го носи својот приглуп внук Морти на авантури низ вселената. Секоја епизода е комплексна и изобилува со црн хумор. Она што мене посебно ми се допаѓа е тоа што главните ликови честопати навлегуваат длабоко во одредени филозофски теми (со други зборови, на моменти знае да биде депресивна за гледање). Исто би ти ја препорачала и BoJack Horseman, лично #1 ми е засега од анимираните серии.
Јас ја гледав серијава лани мислам. Интересна е. Баш дека епизодите не се поврзани една со друга... ми се свиѓа ептем. Темите што ги обработува се интересни. Пред некој месец ја гледав последната сезона. Крипи.
Предобра е. Брзо се гледа, лесна е за гледање, сега почна полека, пооооолека да излегува новата сезона. Рик е научникот, постојано пијан и лут, Морти е приглупо дете и си шеткат наоколу. Обработуваат и филозофски и секојдневни теми на уникатен начин. @DzingrlakaDzikica јас изгледав една сезона BoJack Horseman, сега деновиве си викам ќе ја догледам. Интересна е, но просечно. Rick & Morty, и South Park ме имаат натерано да се смеам со солзи и кога го почнував BoJack ми кажуваа другари и дечко ми дека со солзи се смееле, ама кај мене не се буди тоа чувство ете. А е интересно и забавно и гледам каде се шегите ама ми е мех, онака, а сепак ми е добро. Дури и ога се обидувам позитивно нешто да кажам, морам да искритикувам, цел Рик се сторив. Следна во план за гледање ми е Archer, да разбијам малку монотонија со нешто анимирано, па ќе си продолжам со салам серија после тоа. @zhap4e да, да, тоа во секој случај, не е спорно дека серијата е одлична, само трајлерот ми беше oversell и на моменти заборавав што гледам дур се навикнам дека се е одделна приказна. Скапав думање што останато имаат сите епизоди заедничко сем нели името Номи кое го имаше во голем дел од епизодите. Мала шала, има заеднички точки, ама сепак одделни приказни, сепак не замерувам за тоа зошто ја избрав таа серија за да можам да мислам, а не да се релаксирам. Еве уште една серија да прокоментирам, ја завршив и Frontier, кратка, има доволно интересна приказна, признавам дека ради Џејсон Мамоа ја почнав, а не ради приказната така да зошто ништо не очекував многу ми се допадна.
@theowndemon, за вкусови не се дискутира. Си мислам дека причината зошто ја обожавам толку е тоа што е првата анимирана серија што почнав редовно да ја следам. Холивудска сатира со куп скриени референци, истер егс и хуманоидни животинки во позадина кои секогаш крадат насмевка. Главниот лик колку и да изгледа одбивен мене ми е скроз симпатичен со сите негови маани. Ги забележа ли книгите на Princess Carolyn? Во 2007-ма читала Eat, Spray, Love. Аrcher пробав ама не е за мене, too dry...
@theowndemon, @DzingrlakaDzikica, кога начнавте муабет за анимации, ја имате гледано Gravity Falls? Мене ми е совршена!
@DzingrlakaDzikica да, да за вкусови не се дискутира, ама мене ми се допаѓа серијата само што во исто време не ми се допаѓа. Комплицирано е. Немам забележано во нејзините книги зошто цело време кога ја гледам и кога се обидуваше да го привлечи вниманието на BoJack јас размислував како би изгледало хибридче од мачка и коњ и која е причината која сите го сакаат BoJack, покрај тоа што беше актер популарен во 90тите. Додуша нели прикажаа хибридче од коњ и срна па тогаш до некаде ми се разрешија дел од дилемите. Убедливо најинтересни моменти ми се оние онака задскриени како дур зборуваат кравата прави фаци дур го услужува човекот со стек, или пак во истото место за јадење на Princess Carolyn ѝ молзи млеко. Е таквите моменти ги обожувам. Што сега ќе кажам е малку глупаво зошто ги обожувам Rick & Morty, и South Park, а истата работа не ми се допаѓа кај BoJack, а тоа е анимацијата. Премногу ме потсеќа на Don't feed the Humans, кое е на youtube, исто и Archer, и да не ми се допадни анимација шоуто треба многу да ми се „докажува“. И пак ќе речам, знам дека е контрадикторно зошто ...: Покрај ова, @DzingrlakaDzikica сакав да те прашам дали го имаше гледано BoJack Horseman: the Christmas Special (овде го пишува како сезона два па веројатно ќе го гледам откако ќе ја завршам втора сезона и онака при крај сум), зошто ми го даде како предлог странава, а не знам дали да го вметнам некаде меѓу сезони или си одговара таман откако ќе го догледам цело. Накратко, не знам дали има некаква врска со целокупната приказна. @Nausicaa сосем сум изумила за Gravity Falls, сега штом го спомна веројатно ќе го гледам наместо Archer, па Archer ќе ја шуткам натака на следниот пат за одмор кога ми е. Имам гледано неколку епизоди, додека бев на одмор лани, и уште неколку дома и ете изумив да ја изгледам, ама дефинитивно повеќе ќеф ми е тоа да гледам. И покрај малиот бран анимирани кои го гледам периодов, сакам после тоа да гледам Gypsy, која премногу ме влечи, но долго време одложував за BoJack. Се работи за терапевт која створа интимни и опасни врски со лица важни за животите на пациентите. За сега има една сезона со десет епизоди, и се надевам дека ќе продолжи зошто навистина вака на прво слушање ми изгледа премногу добро. Се надевам дека нема да се разочарам. Исто така веројатно ќе ја гледам и The Musketeers, од која имам гледано неколку епизоди на телевизија и многу ми се допадна. Дури и има еден скината гла на другар ми, знам слики му пуштав, вака си викам редно е да ја изгледам серијава да видам другар ми што прави тука.
@theowndemon немој да се лажеш со Gypsy, jас ја изгледав, почува ветувачки потоа ја утепуваат скроз и завршува ужасно, а мини серија е па ќе нема друга сезона. Многу безвеза серија, на крај бев WTF.
Периодов имам за учење па ќе ја поместам за после испитна сесија, а сега ќе гледам по некој филм кога правам паузи. Ако не се предомислам ова. Ќе ја почнував пред два дена ама некако ме одбиваше да ја почнам, а многу сакам да ја гледам. Ама ако нема втора сезона можеби ќе ја турнам потака без ризик дека ќе излези и втора па да се навраќам по сто пати на неа. Сепак ќе ја гледам зошто вистина трајлерот е многу ветувачки и приказната воопшто, ептен ми се допаѓа. Покрај ова имам многу серии кои сакам да ги гледам и истовремено неќам. Не знам шо ме најде во последно. О.о
Јас едно планирам, сосем друго правам. Спојлер: Atypical, Ozark, Norsemen, Gypsy Вчера ја завршив Atypical, и сегде ќе пишам, ако некој се двоуми дали да ја гледа, или не знае што да гледа, пуштете ја и уживајте. Денес пак ја изгледав Ozark, и сум благо разочарана. Не знаев дали сакам да ја гледам или не, ја почнав пред некој ден во суштина и така ми седеше дур ја шуткав и денес се решив да ја изгледам пред да продолжам со што било друго. За вечер/утре резервирана ми е Norsemen и онака на прв поглед колку што успеав да видам 10тина минути пред да морам да излезам, ми се допаѓа. Мислам уште на почеток се вика ''For Valhalla'' и тоа само по себе ми е интересно. Веројатно после Norsemen ќе ја гледам Gypsy. Побрзо би гледала серија која трај по 30-40 минути, а има повеќе епизоди, него кога има помалку епизоди, а траат по околу час. Ми здосадува исто дејство кое трај толку долго, а сепак би ја изгледала цела серија во еден ден. Мислењево го пишувам воглавно да прашам дали некој ја има гледано Limitless? Ми звучи познато, скоро сум сигурна дека го имам гледано нешто претходно со слична тематика. Сега кога отворив да видам на IMDB видов и други серии и филм со ист наслов па можеби во далечното минато или случајно на ТВ имам нешто гледано, зошто онака описот ми е многу познат. Не ме влечи комплетно да ја гледам и затоа прашувам дали некој да има гледано, дали е доволно добра зошто мене лично ми звучи ветувачки? Таман во меѓувреме ќе завршам со тоа што имам почнато па да знам дали да си барам нешто друго за гледање или Limitless е доволно добра.
Јас ја имам гледано. Ако си го гледала веќе филмот, ова ќе му дојде како некое продолжение само со различни глумци, ма да и Бредли Купер се појавува во 2,3 епизоди. Мене интересна ми беше, не е нешто вау, ама како за тепање време добра е. Само што не знам колку ти се исплати да ја гледаш зашто има само една сезона и ја прекинаа, а малку глупаво завршува, односно нема никаков завршеток.