Лош завршеток во смисла имаа на ум втора сезона ама не бидна и остана на некој клиф хенгр или општо лоп завршеток и со скроз завршена приказна? Зошто ако е првото не би гледала, второто не ми е пресудно.
Фaлa бoгу и некoј друг јa имa гледaнo. Серијaтa имa сaмo две сезoни и прaвенa е зa Disney Channel, aмa реaлнo некoгaш е пoзрелa oд некoи цртaни зa вoзрaсни кaкo Family guy (јa имaм и тaa гледaнo и интереснa е, aмa немa нештo пoдлaбoкo вo неa). Кoгa гледaм цртaни, мене ми е мнoгу битнa и aнимaцијaтa, a Gravity falls имa мoжеби нaјубaвa aнимaцијa oд сите цртaни серии. Имa дoбрo oсмислени ликoви сo кoи брзo се пoврзувaш, брз и дoсетлив дијaлoг пoлн сo хумoр и сплеткaнa прикaзнa. Се рaбoти зa близнaци, брaт и сестрa штo oдaт дa живaaт кaј брaтoт нa нивниoт дедo вo мaлечкo грaтче. Брaтoт брзo oткривa декa вo грaтчетo се случувaaт чудни нaдприрoдни рaбoти кoи се пoврзaни сo пoгoлемa мистеријa. Мене серијaвa ми дaвa некoе нoстaлгичнo чувствo, кaкo Stranger Things, тaкa дa изгледaјте јa и немaјте предрaсуди штo е дизни цртaн, бидејќи сум гледaлa мнoгу пoглупи серии штo се live action. Bojack Horseman вчерa пoчнaв дa јa гледaм бидејќи имa премнoгу мaлце епизoди oд Rick & Morty. Имaм мнoгу серии штo сaкaм дa ги гледaм a мaлку време. Legion јa имa ли некoј гледaнo? Мене ми се дoсaднo типични суперхерoјски серии кaкo Arrow и Flash, oвaa е дoстa пoрaзличнa aмa и мaлце пoтешкa зa следење oти честo зaбегувa. Се нaдевaм декa ќе имa втoрa сезoнa .
@Joi, Инаку, Legion јас ја имам гледано. Стварно ми се допадна ама е ептен специфична Воопшто не е типична приказна за суперхерои бам-бум-трас туку повеќе е некако ...квалитетна, „уметничка“ (во недостаток на подобар збор). Не е серија за пуштање мозок на пасење ама интересна е
Не завршува со клиф хенгр, има оставено простор за втора сезона, ама мене ми се допадна и вака како заврши, заокружено некако. Не е лоша серијата, ѕирни ја. Јас ја почнав master of none и ми се допаѓа, гледам на српска онлајн страна со превод силум прилике, па ја видов и викам ај.
Искренo, пoчнaв дa јa гледaм бидејќи Dan Stevens беше еднo oд ретките рaбoти штo ми се дoпaднa вo нoвиoт Beauty and the Beast филм. Никaде низ мaкедoнскиве фoруми немaм сретнaтo некoј дa збoрувa зa Parks and Recreation. А имaм сретнaтo тoлку quotes oд неa низ интернетoв. Пред неa, oд серии-кoмедии гледaв пoвеќе клaсичнo ситкoми, сo laugh track и се штo иде сo нив, пa зaтoa серијaвa брзo ми стaнa oмиленa кoмедијa. Oтпрвен требaлo дa биде spin-off нa The Office, тaкa дa aкo јa имaте гледaнo тaa или некoјa пoквaлитетнa кoмедијa, мoже немa дa ви биде интереснa, не знaм. Се рaбoти зa Leslie Knope, млaдa aмбициoзнa женa кoјa рaбoти вo oпштинaтa, вo oдделoт зa пaркoви и зеленилo вo мaлoтo грaдче Pawnee и нејзините секoјдневни oбиди дa гo нaпрaви пoдoбрo местo зa живеење, пoкрaј тoa штo нa пoвеќетo врaбoтени не им е гaјле. Вaкa звучи мaлце дoсaднo, нo серијaвa е интереснa рaди рaзличните ликoви и oбичните кoнфликти кoи се случувaaт секoј ден и плус oни уште тoлку штo ги кoмплицирaaт. Глумaт Aubrey Plaza(и вo Legion јa имa), Chris Pratt кoгa бил буцкo (oд Guardians of the Galaxy, Jurassic world), Azis Ansari (кaфен чoвек штo глуми нoрмaлен лик, a не типичен индиец), Amy Pohler (прoдуцент е нa серијaвa, јa глумеше мaјкaтa нa Regina вo Mean Girls) и Nick Offerman, сигурнo гo имaѕе сретнaтo негде низ интернетoт. Едвaј јa изгледaв првaтa сезoнa (имa сaмo шест епизoди) oд штo ми беше дoсaднa и пo мнoгу време, не знaм штo ми текнa дa прoдoлжaм дa јa гледaм. Тoa беше дoбрa oдлукa бидејќи серијaтa oд втoрaтa сезoнa стaнувa се пoдoбрa и пoдoбрa.
Во последно ништо не ми се допаѓа. Сакав да кажам за Norsemen, сега си реков да го гледам ... како лоша пародија е ... ако сакате онака нешто многу лошо да гледате или сеир да фаќате на колку е лошо, тогаш серијава е добар избор.
Точно една недела веќе гледам that 70s show. Памтев песната, но ништо останато од серијата ама ми се допаѓа премногу. Веќе сум до 4та сезона и од толку серии кои ми се допаѓаат, оваа ги прегазува повеќето. Лесна за гледање, секогаш со нешто интересно. Додуша со кој имам зборувано ми велат свесно да ја скокнам последната сезона зошто сигурно ќе сум си го уништела впечатокот за целата серија воопшто. Ако не гледам нешто помало посче ова, размислувам за Scrubs. Ама зошто никогаш не си одам по план, па веројатно ќе гледам нешто друго.
И јас ја гледам. До 2 сезона сум уште, паралелно гледам и други (поозбилни) серии. Оваа ми е за пред спиење, по 2 епизоди, да се насмеам малце. Најомилен лик ми е Фез, па и (глупавоста) на Келсо и Џеки прави да се ненормално смешни.
@smooch баш пред скоро со другар се смеевме дека со кој сме биле карактерно најслични, тие ни биле омилени ликови. Па ... мене ми е Ред. После тоа Хајд. Онака „навивам“ за овие двата постојано.
Леле значи сама се закопав со овие што ми се омилени. Хахаха. Хајд ми е најкул од сите, а Ред и Кити ко создадени еден за друг.
Сакам да прашам за мислење за неколку серии, оти на мака сум што да гледам следно. Ги гледа некој новиве серии - The deuce и The sinner? Поготово за вторава читав добри работи. Исто ме интересира и за Riviera и The girlfriend experience. Кој гледал нешто, нека си пише мислење.
Јас "The Sinner" се' уште ја пратам, чисто зошто ми остана уште една епизода (мислам дека денес ја има за DL), па да видам што ќе се деси. Инаку, ја споделив во тема за препорака за серија кога имаше 2 или 3 епизоди и ми се виде добра. Со секоја епизода се' полоша и полоша ми стануваше. Ептен ја затупеа. Искрено, не вреди да си го трошиш времето. "The Deuce" ја почнав и изгледав пола епизода (првата трае саат ипол!) и ја прекинав, не затоа што не ми беше интересна, туку морав нешто да сработам во моментот. Инаку, добра ми се виде, баш ќе ја доизгледам.
Јас пак обратно искуство имам со The Sinner, на почетокот побавно, подосадно ми делуваше, а понатаму особено последната се поинтересно ми станува. Едвај ја чекам последната епизода вечер да излезе.
Riviera е онака. Приказната е просечна ама ќе се изнагледаш еден куп јахти, јаки коли, Ница. Плус, го има и Ремзи од Game of Thrones. The Girlfriend Experience ти ја препорачувам. Снимена е на многу невообичаен начин, ќе се навлечеш на приказната. Јас ги голтнав епизодите во еден здив, дека кратки па ич не ги осеќаш. Во главна улога е внуката на Елвис Присли и да ти кажам баш изненади со талентот. Втора сезона почнува за некој месец ама со различна приказна и други актери. Најдоброто за крај, The Deuce.Биди спремна на голема палета од ликови, сите се еднакво битни. Можеби поради ова на почеток нема да ти биде интересна ама не се откажувај доколку сакаш нешто посериозно. Секоја постапка што ќе ја донесат на крај ќе придонесе за кулуминацијата, ова карактеристично за David Simon. Веќе долго време The Wire ми е број еден омилена серија на сите времиња - исто од David, човекот е генијалец. Верувам нема да утне.
Баш ради Дејвид и The wire ми фати око и The deuce, иако вака ко приказна за Тајмс сквер во тоа време не ми се виде ко нешто многу привлечна. Видов дека е обновена и за втора сезона од ХБО.
На канал 5 најавуваат нова серија под наслов Совршена, која ќе почне за некој ден. Ако некој знае линкче да ја симнам (скарана сум со мк канали) ве молам нека пушти.
Ќе те цитирам тука, да не ја полниме таму мајчински. Сите скоро почнуваат, Грејс утре ќе може да се гледа, криминални умови, this is us ако не си ја гледала топло ти ја препорачувам, сега почна втората сезона, Црната листа исто излезе епизода, од комедиите modern family почна, теоријата на биг бенг, american housewife е нов ситком, сега почна втората сезона, ама има баш супер хумор и е топ за релаксирање. Баш ми е мило за робинката, се надевам ти се допадна.
Сите овие ги имам гледано и ги гледам, освен Ова сме ние. Ја почнав ама ја застанав, некако се ми се испомеша, премногу животи на исто место Приказната за слугинката е одлична, уште една по твоја препорака гледав и чекам наредна сезона ама во моментов не ми текнува како се викаше, скроз се блокирав. Беше нешто мало градче, неколку жени со различни животни приказни, ако не се лажам Никол Кидман игра во неа...
Big little lies е, мислам нема официјално кажано дека ќе има уште една, ама се надевам ќе има. А за ова сме ние дај и шанса, многу е емотивна приказната, а посебно ми се свиѓа што така се навраќаат на мајка им и татко им кога биле млади, а во исто време течат приказните на децата. Преубав шмек дава и некоја нова димензија
Исто така пред некој ден премиера имаше Little Sheldon, али малку ми е страв да ја погледнам, дане се разочарам