Ја гледа некој германската Dark? Ја вчера ја почнав, ми изгледа ветувачка, али малку досадничка ми беше на моменти. (Само првата епизода ја гледав) Добра е?
Да ја гледаш! Кратка, интересна, има интересни дејствија, обавезно гледај ја. Ми се чини дека што да кажам е спојлер ама еве што е познато - исчезнува дете ама неговото исчезнување е дел од поголема слика.
И од мене имате препорака за Dark. Совет плус гледајте ја на германски јазик, оригиналот е таков, и супер одговара јазикот на амбиентот на серијата.
Сега не располагам со многу слободно време за серии, за разлика од порано, кога си пратев дури по 3 истовремено Си ја следам само Lucifer и моментално доволна ми е Актерите се во склоп со ликовите, и сите си имаат специфичен карактер, ама супер се вклопуваат. Многу ми е интересна Доктор Линда, заплеткана во драмата на натприродниве суштества, збунета ама секогаш сталожена И секако мојата омилена Мејз демонче, ама за нејзините најблиски, душата (што ја нема!) би ја дала.
Да и јас така ја гледав, така е оригиналот. Ја има и синхронизирана на англиски, кога ја симнував имаше и текви торенти, и не е тоа тоа.
Морам да ги напишам моите чувства за Star Trek: the Discovery. Првите епизоди, реакциите ми беа: мех. Како што одеше времето, реакциите ми станаа: не е лоша И последниве епизоди сум некако: омг, дај ми уште, се навлеков, кажи ми наеднаш шо треба, не можам да додржам. Гледајте ја. Сериозно. Гледајте ја. Обавезно.
Dark е предобра серија, ама реално не е за секого. Дејството е прилично споро и не секој има живци за таква серија. Тематиката е иначе одлична, ептен Donnie darko vibes. Mindhunter ја завршив пред една недела, исто многу ми се допадна од психолошки аспект. Сеа сакам how to get away with a murderer да ја почнам, сите ми ја фалат.
@Stephen Amell, ќе има и петта сезона http://www.imdb.com/title/tt3843168/episodes?season=5 Плус, како заврши четвртата сезона, ептен немаше да биде фер така неодредено да ја остават приказната.
https://m.imdb.com/title/tt2085059/?mc_cid=75a39c9bd5&mc_eid=[UNIQID] Еве ви предлог серија за гледање.Секоја епизода е различна и со различни ликови.Дејствијата во епизодите е во општество со високоразвиена технологија,а се разработува човековата природа и одлуките што ги носи човекот кога е под притисок,тага,под контрола некаква и сл.
Да си се цитирам. Ја изгледав и многу ми се допадна. Иако на моменти не го сфаќав хуморот, во комплет интересна приказна. Препорачувам
Пошто муабетов не ми е баш за „Препорачајте серија...“, а не ми баш ни за „Серија која не ви се допадна...“, принуден сум да го напишам моето мрчењеовде. #sorrynotsorry Има некои серии кои се ненормално популарни и баш нивната популарност е она што ме спречува да ги гледам. Кога секој втор човек ќе ми каже „Еееј, мора да ја гледаш серијава“, тоа е речиси сигурен знак дека нема да ја гледам. Исклучок од ова се серии кои сум почнал да ги гледам пред да станат ултраполуларни, како на пример GoT. Додуша, GoT сега не ја сакам баш од други причини (иако сѐ уште ја гледам), но тоа е муабет за некој друг пат. Она за што уствари сакам да зборувам е Black Mirror. Иако првите две епизоди од серијава ги изгледав пред 2 или 3 години, од некоја причина не продолжив да ја гледам сѐ до скоро. Како и за други серии, така и за оваа, hype-от кој се крена околу неа последнава година по малце ме тераше да не сакам да ја гледам. Сепак, у недостаток на подобра идеја деновиве, се решив да ѝ дадам уште една шанса на серијава. Нејќам да зборам за она што е добро у серијава – мислам дека тоа е и повеќе од опфатено и на форумов и низ интернетов. Наместо тоа, ќе си кажам што е она што не ми се свиѓа у „совршената“ серија, која на многумина им е омилена. Што ми смета у Black Mirror? Несомнено е дека серијава обработува интересни и (можеби) контроверзни теми, но мене искрено не ми се свиѓа баш начинот на кој го прави тоа. Постојат многу серии кои се занимаваат со влијанието на технологијата врз луѓето и можните импликации од истата, но покрај тоа имаат и основна, континуирана приказна, а филозофскиот момент е спореден во фабулата (иако не помалку значаен). Примери за ова ми се Almost Human, Mr. Robot (која после првата сезона више не ми се свиѓа толку) и новата Altered Carbon, која е одлична во овој аспект. Од друга страна, во Black Mirror моментот со влијанието на технологијата е апсолутно централен во фабулата, а приказната (и ликовите) со кои тоа е доловено се целосно споредни. На што мислам поконкретно? Спојлер На пример, имаше епизода во која е возможно настаните кои сме ги доживеале во текот на денот да се снимаат на имплант во мозокот – и тоа не нашите сеќавања за настаните, туку настаните буквално, како со камера. Тие остануваат складирани на имплантот, па можеме да си ги пуштаме одново и одново, без разлика колку одамна се случиле, а можеме и да ги стримаме на екран, за нашите пријатели да ги гледаат. Океј, fair enough. Интересна премиса, чии потенцијални недостатоци се мање-више очигледни за гледачот. Поставувањето на премисата трае помалку од 10 минути, што значи дека ни остануваат уште цели 40 минути во кои има некаква приказна со рандом ликови (за кои we may or may not care) во која, замислете, е детално прикажано она што практично го знаеме од самиот старт – дека снимањето на целиот живот на USB вградено во главата (еквивалент на ултрадосадно реално шоу) можеби и не е толку добра идеја. Well, no shit! Во суштина, такви се повеќето епизоди на Black Mirror. Исто така, ме нервира тоа што серијава се смета за пророчка и некакво предупредување за опасностите од технологијава. Не, не е. Приказните кои ги гледаме во Black Mirror вклучуваат одреден тип на технологија и цела низа на други околности, кои мора да се случат по одреден редослед и во одредена комбинација, за да (можеби) настаните се одвиваат онака како што се одвиваат во некоја од епизодите. Сѐ што Black Mirror може да нѐ научи е дека ако на располагање имаме некоја технологија, во многу специфична ситуаицја, ограничена со еден куп варијабли, ќе се случи ова-и-ова. Можеби. На крај, она што најмногу ми пречи во серијава е тоа што е премногу директна и нападна со својата „персона“. Да, интересна е, несекојдневна, интелигентна и edgy, но начинот на кој го презентира истото мене лично ми е одбивен. Тоа е исто како некој тип кој е интелигентен и edgy цело време да повторува у муабет „Леле, значи, колку сум интелигентен и edgy!“ Ако типот е интелигентен и edgy, тоа сакам да го заклучам самиот и да го сфатам од контекстот на муабетите што ги прави и дискусиите кои ги води, а не самиот тој да ми се дере у фаца „Паметен сум!“ Затоа што, многу брзо, второво ќе ви стане иритантно и напорно. У овој контекст, мислам дека Black Mirror е малце претенциозна и up its own ass со тоа колку е длабокоумна. Или можеби само повеќето фанови ѝ се такви, не знам. У секој случај, и покрај обемново мрчење, ќе речам дека Black Mirror не е лоша серија – напротив, добра е. Само не е толку добра колку што си замислува дека е. Во 2011-та можеби била право откритие и немало ништо налик на неа, но во 2018-та мислам дека има и подобри серии кои ќе ве натераат да размислувате малку подлабоко за одредени теми.
@Bender Rodriguez .Јас мислам оти многу добро предвиделе во серијава до каде може да се забега со технологојата,а и веке некои работи се случиваат или почнуваат да се случуваат.На пр со телефоните и социјал.мрежи сите како хипнотизирани,плакање со крипто а и сигурно многу други работи што не ги знаеме а се крчкаат.Исјрено незнам баш дали се е возможно,како копијата од човек во јајцето што ја ставија.Може си во право од твоја гледна точка,но не го доживеав како дека ни се дере у фаца мн сум паметен,а ние сите знаеме колку лошо може да влијае,затоа што барем у мојата околина има многу што не се свесни за тоа.А мр.Робот последната сезона само не сум ја гледала,добра порака ама преемногу мрачна ми е некако...штознам.Затоа и престанав да ја гледам.
Да јас ја гледам. Мене ми е супер. Сега излегува последната сезона. Првите неколку сезони беа одлични, последниве се малку послаби, но вреди да се гледа.