Ја гледа некој the blacklist? Ја гледам, бавно, извесен период ама не можам да се одлучам дали ми се допаѓа или не. На моменти ми го зема вниманието, ми се допаѓа темата која ја обработува зошто ми е во личен интерес ама како тоа е пренесено ... Некако не ми е доволно добра. Па некој ако ја гледа како ви се допаѓа, станува подобра или полоша со тек на време? Околу 13-14 епизода сум на првата сезона.
Јас ја гледам, не сум ја гледала само сезонава сега што е во тек, чекам да излезе цела. Мене лично многу ми се допаѓа серијата и според мене станува многу подобра со тек на време. Крајот на втората сезона и цела трета мене ми беше најинтересна. Јас почнав да ја гледам заради Џемјс Спајдер кој ми остави голем впечаток како актер во Boston Legal и не се покајав. Според мене серијата вреди да се гледа.
Јас ја гледам, иако новиве епизоди не сум ги гледала. Не знам што мислење би дала. Поделено мислење имам. На почетокот ми се допаѓаше, па има некои епизоди малце досадни. Втора сезона исто така интересни моменти, со малце досадни. Во принцип ја гледам уште само поради Ред. Фацка ми е.
Јас ја гледам и ми е една од омилените серии. Добра е, ако сакаш ваков тип на серии. Сепак за мене најдобра ќе остане Fringe. Колку ја сакам/в серијата. Сеуште ми е бр.1.
Единствена во последно време што ја пратам е commissario Монталбано, а се сеќавам и на серијата со кучето Рекс и аларм за кобра. Интересни ми се овој тип на криминалистички серии, иако ретко на 3-4 години да испаѓа по една таква. Турски не гледам. Ми се лоши од нив
https://m.imdb.com/title/tt2261227/ Ја гледа ли некој?Ја изгледавме со мм за три дена .Многу јака и освен што немало потреб толку да се шетаат голи глумциве,многу ме бендиса.
@bebaa една од подобрите серии кои ги имам гледано, високо ја препорачувам наоколу! Јас вчера ја почнав Lost in Space, одлична серија, ама зошто имам проблеми со Нетфликс од лаптоп, дури после ќе ја догледам штом се префрлам од таблет, па сега се думам во меѓувреме со што да тепам времето. Другар ми ја опиша како Stranger things in Space, ама не сум стигната толку „далеку“ за да го кажам и јас истото. Да ја догледам и баш ќе видам дали ќе ја предложам или не во темава. А, вака првично, уште сега би напишала дека ја препорачувам, ама не знам како ќе продолжи натаму. Ја гледа некој друг? Мислења? Некој сличен предлог?
@theowndemon, јас ја почнав, изгледав две епизоди ама некако не ми го задржа вниманието. Ми има некој „веќе видено“ вајб и вака не сум баш најимпресионирана. Очекував многу повеќе авантура и забава. А за предлог, ич не е слична ама The Terror е предобра!!! Досега ми е чиста 10ка!
@Nausicaa баш сега ја гледав на IMDB и ја ставив да ми се спушта, и сега кога видов дека имаш пишано за истата, уште поќе сакам да ја гледам. А, Lost in Space мене ептен ми привлече внимание и ја почнав ама имам проблеми со Нетфликс и не можам да гледам од лаптоп, а постојано со таблет во раце да сум мачно ми е, па после кога ќе си легнам ќе си земам да ја догледам, а сега ми треба занимација во меѓувреме. едит. Најдов уште една серија која ми фати око, две епизоди има засега колку што видов - the Crossing. И двете беа во предлог за Lost in Space.
Ја немам таа гледано,ама би ти го препорачала и овој https://m.imdb.com/title/tt4276624/ Сега незнам дали гледаш вакви.За планетата на супермен,живитот на дедому и како дошло до негово стасување на земјата. Едит: https://m.imdb.com/title/tt3647998/ Исто многу е добра.Малку морничава ама интересна е.Со Том Харди е. https://m.imdb.com/title/tt0408381/ Оваа е ако сакате добра комедија.Се пресмеав и ликовите ми се прираснаа за срце
Даа криптон А таа чим има само две епизоди,нека снимат цела па после . Black mirror ако ја немаш гледај ја .
Оваа позната ми е изгледа ја имам фанато на некоја од телевизиите и ја немам догледано не ми останала во секавање.
Јас едвај стигнав до втора сезона. После финале на прва уствари почна поинтересна да ми е. Многу висок рејтин има и реално не е лоша ама не можам јас ни со цела уста да речам дека е добра.
@theowndemon, не оставам јас серии недогледани Ќе ја изгледам па се надевам дека како што ќе навлегувам подлабоко во приказната, поинтересна ќе ми станува Јас инаку очекував маааалку повеќе акција а помалку драма Првата епизода ми беше дури и досадна на моменти Спојлер зошто ЗНАЕМЕ дека децата ќе преживеат па сите емоции и плачки ми беа ептен непотребни и клише.
На почетокот и јас не бев воодушевена од серијава, можам слободно да кажам дека првата сезона е онака, мех. Не е лоша, ама пак, не е ни wooow. Јас ја изгледав цела, станува се подобра и подобра, ама не е толку динамична како што би сакала јас.
@Nausicaa јас после една сезона ако не ми се допадна оставам, ама ако сум ја почнала сезоната обично ја гледам. @Rebecca_R и према мене е некако бавна, не е динамична. После прва ми е подобра, ама прва сезона еден месец ја тегнев. Тон серии пикнав измеѓу.
Rick and Morty [burps] Се чудам како не сум ја гледала до сега, иако интернетов е преплавен со неа. Се навлеков тотално: добар хумор, добри дијалози, башка анимирана. Повеќе не барам!