For the People (201 - првата сезона има 10 епизоди и ја изгледав за неколку дена. Фина серија и лесна за гледање. Секоја епизода е поврзана со претходната, ама од друга страна, секоја епизода си има свое дејствие и целата серија нема сериозна приказна, немаше акција или сплетки кои би ме привлекле да пуштам уште една епизода пред спиење. Актерите се добри, мене ми се релативно нови, серијата е снимана на неколку локации - судницата, нивните канцеларии и во станот на една од актерките, што мене лично ми беше досадно. Воопшто не е лоша серијава, ама откако ја изгледав Suits, секоја наредна серија со адвокати не ми е доволно интересна.
Фала за препораката, ја забележав во предлози ама некако не обрнав внимание. Сега ја ставив на листата за гледање, ама откако ке завршам со Blindspot. Уште сум на почеток, ама серијава ептен ми е интересна.
Можеш и со The good wife да почнеш, The good fight е спин оф д гуд уајф. Двете се одлични, со страшни женски ликови, одлични дијалози. The good fight е во тек со денешницата, со сите ситуации. Верувам ќе ти се допадне. Blindspot е интересна, ама премногу сензационалистичка станува, а и си беше така уште од почеток. Ама океј е, не е лоша. Се мислам некој ситком да почнам за летово, ама не можам да најдам асален, некако веќе се е видено. The middle заврши, а ми беше од посолидните.
Од она што го пиша, дефинитивно The good fight е наредна на листата. И The Handmaid's Tale ми изгледа примамливо, ама оваа што ми ја предложи ми изгледа поинтересно. Blindspot е со сцени во фазон 'ова го има само на филм', ама и покрај тоа ми е интересна. Во принцип поинтересни ми се такви серии и филмови, особено акција, крими серија и оние со адвокати, за разлика од драми и серии со настани од реален живот. Гледав една епизода од This is us, ама некако не ме заинтригира за да пуштам уште една епизода, премногу ми е 'мека'.
The handamaid's tale е друга димензија, не е споредлива со другиве. Дистописка, но во исто време има некаков страшен допир со реалноста. Различни жанрови, зависи и од вкус и од расположение. Ама за нејзиниот жанр Приказната на робинката е страшно добра, си ја дискутираме тука на форумот. И за The good fight отворив тема.
Баш ја читав дискусијата и си реков дека може да и дадам шанса. Всушност и за for the people и this is us прочитав тука. Речиси сум сигурна дека The good fight ке ми се допадне, а за Приказната на робинката ке видиме. Генерално, ако првата епизода од серијата ми се допадне, тогаш сите сезони ги гледам. За this is us уште долго ке стои празен фолдер.
Reverie, сум ја ставила да ми стигни известување кога ќе излези прва епзиода значи ми се допаднал тој првичниот опис за серијата. Има некој на ум да ја гледа, некакви мислења за тие кои ја изгледаа првата епизода? Јас со план сум вечерва, најкасно утре да ја гледам.
Reverie не ми се допадна како продолжи. Black Lighning влегува во прекинати. Ме интересира, шо мислите за A series of unfortunate events? Серијата нормално. Ја почнав, сакам темен и бизарен хумор три епизоди веќе чувствата ми се многу "мех". Гледам дека има голем рејтинг па се прашвам да не има нешто шо не го гледам. Пред да ја гледам ја гледаше другарка ми и толку ми ја воздигна, што не е ништо од очекувањата.
Дечки каде да ја најдам 911 што оди на фокслајф? На замунда ја нема... @theowndemon нешто слушам гласини ти ја следиш...
Ја има на замунда. Нз тука дали е дозволено споделување торенти, така да 9-1-1 напиши во search, ја има.
The Goldbergs Friends That 70s show The Good Place Кога пробвав да се сетам на добри комедии видов дека имам отсуство на комедии низ листиве. Следно бинџувам комедија.
Ми ја препорачаа Killing eve гледам со Кристина од Анатомијата на Греј е Интересна ли е? Да почнувам ли? Оти и немам шо да гледам еднаш неделно сега. *страв, ужас, паника*