Не е нешто wow серијата ама не е ни лоша. @zhap4e Имаше епизоди кои ептен ме хајпнуваа и сакав повеќе, ама и епизоди кои беа стварно досадни. На почеток не е толку брза и то ми смета, ама после станва поинтересна. Во секој случај ако има втора сезона ќе ја гледам. На почеток не бев сигурна дека сакам да продолжам, ама кога ќе се присетам, ќе продолжам со втора сезона. Дур сум на темава, гледа некој GLOW? Прашвам зошто не сум импресионирана. Поќе од времето реакциите ми беа: "ама зошто...?" и "на шо дроги е Рут, сакам и јас". И место да продолжам со втора сезона решив да остам и да размислам дали вистина сакам да ја продолжам. За тие кои гледале, втора е подобра од прва сезона? Или полоша?
Јас имав неуспешен обид за Fuller House. Ја прочитав тука, многу ја фалат, ама... Една две епизоди и толку, не ми се допадна воопшто.
Зошто повеќето серии што ги гледам почнуваат септември/октомври и завршуваат април/мај, сега догледувам: The Originals - последната сезона од оваа серија, останати се уште 3 епизоди за емитување; Animal Kingdom - малце ми опадна интересот за оваа, но ќе ги догледам и 6те епизоди кои останаа за емитување; Luke Cage - 2-рата сезона која едвај ја чекав и бидејќи периодов немам многу време, таа си ја гледам ептен на раат, така да еве ја завлеков 2 недели веќе; StartUp - некаде во мај/јуни кога снемав серии за гледање, налетав на оваа серија и ми текна дека првата сезона беше предобра, па се решив да ја гледам и втората, која исто така не е лоша, но бидејќи немам многу време, се уште ја влечам; 3 серии кои ги имам симнато, а се уште ги немам започнато: Lost in Space - ми делува интересно, ем sci fi со друга планета, ем е Нетфликс, мислам дека ќе ми се допадне. Ама никако да дојде на ред; Safe - во последно време ретко гледам крими серии, па оваа ми фати око, ем е со мојот човек Michael C. Hall, ем е Нетфликс. Само не знам како се осеќам околу неговиот "британски"; Wild Wild Country - повторно Нетфликс, но овој пат документарец. Се изначитав многу позитивни критики, па премногу ме заинтересира. Главната серија со која сум моментално најокупирана, односно со неа заспивам и ми е пре пре пре пре предобра, опседната сум, тотално вљубена во неа, од приказните, до како е направена, до екипата глумци. Станува збор за оригиналната STAR TREK ОД '66-та. Сакав да ги изгледам сите Стар Трек од најстара до најнова ова лето, ама гледам ќе ме фати минимум од крајот на годинава, со ова темпо како сум тргнала. Серијата е одлична, многу релаксира, приказните зграпчуваат со интересен заплет. Одлично е направено со оглед на тоа дека е снимана пред повеќе од 50 години! Пред пола век! А толку одлично снимена, да се зачудиш. Башка William Shatner и Leonard Nimoy се повеќе од перфектни! Ептен ја препорачувам, никако не ги заобиколувајте почетоците на Стар Трек.
Океј е, не е лоша ама у право си..не е вау. Оксана и Константин ми беа интересни ликови. Оксана ради фаците,ради се. Ко разгалено дете психопатче. ) Константин не ми текнуваше од кај ми е познат -- од данскана серија The bridge а, Ив Поластри шо мајка бара да работи таква работа..не знам.
И јас ја изгледав, не е кој знае колку интересна ама не е лоша. За тепање време ја бива, ако не се почне со големи очекувања нема да разочара.
Jaс ја чекам Castle Rock, како љубител на Стивен Кинг, мистерии и хорор мислам дека серијава ќе биде одлична. Кој друг едвај ја чека?
Да ви ги набројам моите омилени серии: My Mad Fat Diary, Stranger Things, Friends, One Day At A Time, The Good Place, Brooklyn Nine-Nine, The Bold Type, Anne With An E, Game of Thrones, Sense8, Lucifer, Sweet Vicious... Можеби испуштив некоја ама горе-доле тие се и не можам ни по редослед да ги ставам од сите ми пука срцето. Гледа некој The Bold Type? Ја препорачувам. Многу феминистички и модерен дух има. Баш за релаксирање.
Одлична е, одлична, баш такво нешто ми требаше. Сите ликови се супер, забавна серија што со леснотија пристапува кон сериозни теми. Мене глоу ми е интересна, и првата и втората сезона ми се допаднаа. Чукната е малку, ама пак ми е забавна.
The Vampire Diaries - постара серија од 2009, ама ја обожавам. 13 Reasons Why - ја имам гледано само првата епизода и е океј, мислам дека ќе биде интересна. NCIS - за тие што сакаат крими серии, перфектна е.
Мислам дека уште нема дата. @zhap4e Баш сега отворив на твтајм, таму обично штом има новост, веднаш се апдејтираат дати, сезони, епизоди. https://www.google.com/amp/s/www.ra...o-is-in-the-cast-what-is-going-to-happen/amp/ Крај на 2018, почеток на 2019 пиши на линкот. Ќе си чекаме за неа. :')
Уште малце и се враќаме на редовната програма. Она што планирам да го гледам: Стари серии: - Ozark 31.08. (ми се допадна првата сезона, не нешто претерано, но доволно за да ја ѕирнам вторава сезона) - Iron Fist 07.09. (како љубител на Daredevil, Jessica Jones, Luke Cage, The Punisher и The Defenders, нормално дека ќе ја гледам и втората сезона на IF) - American Horror Story 12.09. (на секоја сезона на AHS и пружам шанса, никогаш не се знае како ќе испадне) - The Big Bang Theory 24.09. (више кога ја пратам цела деценија, барем да ја догледам и последната сезона) - Will & Grace 04.10. (тотално ме разочараа со минатата сезона, но во име на старите сезони, ќе и пружам шанса на новава) - The Walking Dead 07.10. (веќе кога ја пратам 9 години, барем да ја догледам; последна шанса да се опраат) - The Flash 09.10. (исто и со оваа серија) - Supernatural 11.10. (браќата ќе ги гледам no matter what!) - Arrow 15.10. (како и со многу други стари серии, така и со Arrow, ќе ја догледувам чисто да видам како ќе заврши со надеж дека ќе се опраат) - Legends of Tomorrow 22.10. (за разлика од The Flash и Arrow, LoT ми се симпатични) Нови серии: - One Dollar 30.08. (од кратката содржина на IMDb, станува збор за хартиен 1 долар кој ќе помине низ рацете на повеќе ликови и ние ќе пратиме што ќе им се случува на нив, нешто така) - Tom Clancy's Jack Ryan 31.08. (исклучиво поради John Krasinski) - Mayans M.C. 04.09. (гарант ќе биде разочарување, али ќе и' пружам шанса ради SoA) - Maniac 21.09. (обавезно гледање ради Jonah Hill) - The Good Cop 21.09. (некоја нова sit com, чисто да не бидам без комедија) - Charmed 14.10. (очекувам разочарување, али ќе и' пружам шанса ради старата Волшебнички) - Legacies 25.10. (гарант ќе биде тинејџерско срање, али ќе ја ѕирнам) Сега за сега, тие се. Може да се убаци некоја друга ако ми фати око.