Мене па баш таа ми е омилена на сите времиња Ти ја предложив зашто е многу слична со Френдс, од таков тип сит-комс ти се и 2 and a half men, According to Jim (сигурно имаш фатено на а1 некоја епизода од времето) Malcolm in the middle, Scrubs, The big bang theory, That 70's show...ако ти се гледаат шпански најди ја Los Seranos на јутуб ја има со превод (не е теленовела да знаеш) Ако сакаш повеќе акција и крими Breaking bad, Prison break што ја спомна, Narcos, CSI, Sherlock, Without a trace, El Chapo...Vikings ти е нешто слично на GOT, мада што мене ми се здосади после 2ра сезона.
@Monna.Monna може шпанската да ја ѕирнам, се заситив од популарниве серии, а башка уживам да слушам шпански
@zhap4e The Haunting of Hill House, не е страшна серија, да скокаш и да се плашиш од неа ама е морничава, има добри визуелни ефекти. Многу е интересно работена, до трета епизода сум сега ама стварно ми се допаѓа.
И јас сум до трета, ама ме е ми е језива доста, не можам да ја гледам сама. Овие три ги изгледав додека беше тука маж ми и јас пуштав тогаш, сега не е тука и немам срце сама. Жал ми е што ќе ја прекинам доста интересна ми е ама ми прави стрес.
Јас ја изгледав цела сезона, многу е интересна, до душа првите две епизоди не ми беа нешто посебно интересни,ваљда дека уште ги запознавав ликовите,ама од тука па натаму не можев да прекинам со гледање. Дали е страшна? , па да мене ми беше страшна но не за да спијам со запалено светло Колку за споредба, многу е по добра од Американ хорор стори. Ја препорачувам .
Да, исто. Зато и не пишав одма после прва епизода, ни после втора мислење оти сакав убо да се запознам со серијата. На почеток ме бунеа скоковите од минато во сегашност, и ми требаше време да поврзам лик на мало дете со лик на возрасна личност, ама од ко ќе се научат ликојте и скокојте во времињата не се толку страшни. Сега ги знам ликовите, работите шо не ми беа јасни претходно ми се јасни и вистина во трета и после трета епизода, наеднаш серијата станва поинтересна. Да ја догледам и сигурно ќе ја предложам во соодветна тема.
O, воопшто не е страшна. Мрачна е, но прекрасна, интересна, конфузно, хаотично изгледа али, толку добро е склопен секој детал што, со душа чекам логичка разврска за сето. И, искрено не знам дал сакам втора сезона (за да ја укакаат, стандард). ) The haunting of Hill house
Не, Алис. 10 епизоди се од прва сезона. Синоќа ја изгледав цела Бујрум, кај шо ја гледам јас--- putloker. На крај више отупеа со долгите и тупави филозофии--монолози на секој од ликовите али ај, простено им е.
Гледам не сум пишала за неколку нови епизоди: Supergirl - ми е некако освежителна на начин кој не го очекував. Се е некако мирно, затишје пред војна е првата епизода. Го обожувам Брејни и колку е буквалист како лик, ама сепак дека не е само површен робот туку му искажуваат чувства. Накратко, оваа сезона сакам да видам најмногу за него, бекстори, да биди како во spotlight. Еј, можи тој ми е освежувањето сезонава. Marvel's Daredevil - оваа серија никогаш не ми била интересна, ни сега. Или шо би рекла, ја гледам ради секси слепиот чоек. Многу потсеќа на прва сезона, костумот, криењето од пријателите, кои сега мислат дека е само умрен, а не пијаница. Во глобала јади многу ќотек дур успеј до својата цел. Мислам ова не е само прва епизода од сезонава, ова е секоја епизода од секоја сезона на серијава. Arrow - ми беше ... Океј. Зачудувачки ... Лоша. Мислам не беше досадна епизода, имаше тон работи кои се случија ама, ... Не ми фати вниманието, ама баш ич. И искрено сакам да речам штета ама не ми иди некако. Доста е од повратни сезони, да прокоментирам и цели сезони на нешто сум почнала ново: Charmed - cringe, cringe-worthy, cringy. Полоша нова серија, убедливо. Особено прва епизода, мислам дека режисерите пропуштиле деталот дека прва епизода му е клучна за дали ќе привлечи публика. Гледав и втора епизода сепак. Епа вака, приказната е океј, сепак се работи за рибут ама дијалозите се ... Ужас. Оваа серија би била интересна за мали PC деца кои се удираат во гради со својата уникатност, својот комплекс на снегулка и човеко- љубост, п.с. мажите се свињи и кој ќе верва на маж, кога спротивното го велат три жени ... The Haunting of Hill House - masterpiece. Мислам доста долго и на поќе места ја предлагам серијава. Во топ 6 омилени серии ми влегва, не е страшна, напротив, ама е многу морничава, со инзвонредна приказна, и спојлер, спојлер, breath- taking plot twist. Уште почеток на сезона на Legends of Tomorrow да изгледам после. Имам доста високи очекувања зошто оваа ми е омилена серија од Arrowverse.
Препорачувам: The haunting of Hill House, Dark, Stranger Things, Vikings, Gotham, Daredevil, Siren, Game of Thrones и уште некои на кои моментално не ми текнува.
Барам една серија ама не се сеќавам точно каде ја видов најавата за серијата , мислам дека на FOX или некоја од нивните програми беше... Серијата е со хакери и во најавата се споменуваше нешто како дека тие го спасуваат светот...when nobody can save you they are here-мислам дека вака почнуваше најавата... Ви благодарам...
Miss Sherlock, јапонска Пар епизоди изгледав од прва сезона. Не е лоша. Шерлок малку ми иде на нерви,ама па симпатични се генерално па... ќе ја изгледам. Единствена серија која за сега ја гледам бавно, бавно. Еден ден, една епизода)))